Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.124
Член од
24 март 2010
Мислења
15.238
Поени од реакции
26.092
Нели се согласивме веќе дека и двете работи се тоа? Што има врска како го доживуваш ти лично тоа или Петко, Ратко, Станко го доживуваат? Збориме што е попродуктивно на подолга стаза а што не е. Pros and cons and all that bullshit.
Баш така. Историјата не учи дека либералните цивилизации на долга стаза ги снемува. Биваат избришани од „варвари“. И тука нема исклучок, ниту е битно што мислат Петко, Станко или како тоа го доживува Сорос.
 
Член од
26 април 2014
Мислења
29
Поени од реакции
47
Кои бенефиции а? Кога ќе се брак ќе им биде овозможено да користат здравствена заштита преку партнерот доколку ја немаат, ако партнерот почине ќе може да го остави неговиот имот на нив, доколку не се во брак нема да може. Доколку заври во болница пр. на интензивна нега нема да може да биде посетен од страна на партнерот бидејќи според закон не се ништо па така и нема никакви права.

Следно посвојување ајде де, ама има и други методи сурогатство кое патем кај нас не е дозволено и оплодување со помош на донор на сперма кај девојките. Не ми збори природа и сл. бидејќи истата таа природа и ги создала. Зошто не го кажеш ова и за сите оние кои се стерилни, па нели природата сакала тие да немаат деца па зошто тогаш да посвојуваат?

А оние 90% што ти ги викаш веќе ти кажав дека не се јавно декларирани туку имаат двојни животи, се прават дека се стрејт поради такви како тебе. Замисли си ти ако еден обичен вработен во продавница да каже дека е геј, зарем мислеш дека нема да биде отпуштен или понижуван од околината? Доколку биде отпуштен и понатаму тужи мислеш ќе добие на суд? Дај не се лажи себеси!
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Пред многу многу страни претходно го пртавевме истиот муабет, така да немам намера да се повторувам и да верглам. Таму многу добро ти објаснив зошто и како. Но интересен е моментот кога во зависност од потребите, еднаш се повикувате на демократија и на незнам што кога ви одговара, после наеднаш демократијата не ви чини посебно кога не ви оди во прилог. Така да државата ја оцрнуваш како недемократска пошто си немал некој права и слободи што ти сметаш дека треба да ги имаш а мнозинството не. Сега неможи и да бидиеме диктатура и демократија во исто време само за вас да ви се удоволи. Е затоа го споменувам тоа мнозинството , а тоа многу јасно си кажа што мисли за хомосексуланоста и нејзината нормалност и придобивките што идат со неа за едно општество. Така да за крај колку да не ја вергламе повторно и повторно со исти муабети јас мислам а и најголем процент од населението го дели моето мислење е дека државата на тоа поле си е сосем во ред. Кога ке соберите доволно големо мнозинство кое не мисли така слободно менвајте и закони и прописи и незнам што. Кој сум јас да се спротивставам на желбите на мнозинството. Е тоа е демократски.[DOUBLEPOST=1400149511][/DOUBLEPOST]
Зошто сите би се фрлале во Вардар или од облакодер? Тоа тебе на нормална појава ти личи ?[DOUBLEPOST=1400149860][/DOUBLEPOST]
И сега ти тоа го споредуваш со ова? Сакаш да кажиш дека треба да се преиспитаме во нормалноста на хомосексуалците. Дека тие се создадени од природата па затоа се нормални. Искрено ми е мака пак да го тупиме за тоа.
Ко прво да се разбереме, не давам став на тема хомосексуалност, не сум дојден на темава за тоа. Сакам само да разјасниме некои работи.

Ова е прашање на свест: дали ќе имаш либерални live and let live вредности или апсолутистички вредности (што би значело дека сите мора да бидат такви каков што си ти и за поинакви нема место).
Имаш мнозинство што репресира малцинство. Истава ситуација се повторува на многу места низ историјата: црни робови во Америка, жени во патријархални општества, атеисти во теократски општества... итн.
Прашањето е дали може двете групи да коегзистираат ако со самата своја егзистенција едната не и наштетува на другата.
Тебе педерите што ти сметаат? Што ти прават? Ништо! Тогаш зошто не ги оставаш да живеат покрај тебе на раат?

И не ми спомнувај закони, прописи, мнозинства... Во историјата имало многу неправедни закони. Во историјата имало мнозинства што се собирале и линчувале невини луѓе, имало инквизиции, палеле вештерки... итн.

Ова не е прашање од легална природа, туку од етичка природа. Зошто да не дозволуваме возрасни луѓе да прават што сакаат, со кого сакаат во кревет, се додека никој не е повреден.

Сакам да слушнам добар аргумент против хомосексуалноста. Јас се кладам дека повеќето што се против неа го прават тоа зошто им е гадно како поим, не прифаќаат различност или можеби религиозни причини. Првите две причини не би смееле во 21-ви век да бидат доволни да се ограничи нечија слобода, а третата пак нејќам ни да зборам. „Господ така сака“ не би смеело да биде аргумент во современово општество. Или еве, ако тоа е причина, ова е мојот одговор: ако на господ му сметаат нека ги сотре сам, како Содом и Гомора.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.531
Поени од реакции
22.590
Има многу ненормални појави што ги прави мнозинството.
Како на пример?[DOUBLEPOST=1400184902][/DOUBLEPOST]
Ко прво да се разбереме, не давам став на тема хомосексуалност, не сум дојден на темава за тоа. Сакам само да разјасниме некои работи.

Ова е прашање на свест: дали ќе имаш либерални live and let live вредности или апсолутистички вредности (што би значело дека сите мора да бидат такви каков што си ти и за поинакви нема место).
Имаш мнозинство што репресира малцинство. Истава ситуација се повторува на многу места низ историјата: црни робови во Америка, жени во патријархални општества, атеисти во теократски општества... итн.
Прашањето е дали може двете групи да коегзистираат ако со самата своја егзистенција едната не и наштетува на другата.
Тебе педерите што ти сметаат? Што ти прават? Ништо! Тогаш зошто не ги оставаш да живеат покрај тебе на раат?

И не ми спомнувај закони, прописи, мнозинства... Во историјата имало многу неправедни закони. Во историјата имало мнозинства што се собирале и линчувале невини луѓе, имало инквизиции, палеле вештерки... итн.

Ова не е прашање од легална природа, туку од етичка природа. Зошто да не дозволуваме возрасни луѓе да прават што сакаат, со кого сакаат во кревет, се додека никој не е повреден.

Сакам да слушнам добар аргумент против хомосексуалноста. Јас се кладам дека повеќето што се против неа го прават тоа зошто им е гадно како поим, не прифаќаат различност или можеби религиозни причини. Првите две причини не би смееле во 21-ви век да бидат доволни да се ограничи нечија слобода, а третата пак нејќам ни да зборам. „Господ така сака“ не би смеело да биде аргумент во современово општество. Или еве, ако тоа е причина, ова е мојот одговор: ако на господ му сметаат нека ги сотре сам, како Содом и Гомора.
Па кој ви брани. Ти што правиш во кревет и со кој се додека никој не е повреден и сега ви е дозволено. Јас колку што знам хомосексуалноста не е забранета.
Но друго е работата а не ти со кој и што правиш во креветот. Така ?
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Како на пример?[DOUBLEPOST=1400184902][/DOUBLEPOST]
Па кој ви брани. Ти што правиш во кревет и со кој се додека никој не е повреден и сега ви е дозволено. Јас колку што знам хомосексуалноста не е забранета.
Но друго е работата а не ти со кој и што правиш во креветот. Така ?
Ако е друго, кажи што е? Ти смета да гледаш хомосексуални парови што се држат за рака, што се бакнуваат... Не сакаш да има хомосексуални бракови?
Дај барем да знам до каде оди твојата толеранција кон хомосексуалноста, чим веќе дозволуваш луѓето сами да одлучат со кого ќе се сексаат.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Кои права им се скратени на хомосексуалците!!!
Ова треба да ви отвориме посебна тема, заклучена, што ќе биде read only, специјално вака за вакви пригоди, наречена LGBTI - FAQ (Често Поставени Прашања), зошто мислам дека никој не е одговорен одново да ви рецитира за секој нов што ќе праша.

Вработени се , Гласаат, кај сакаат можат да одат (црква,дискотека) никој не те прашува или пак проверува со кој пол спиеш.
Вработени се додека не се дознае дека некој е геј/некоја е лезбејка. Дали ќе ти остане работното место зависи дали работиш во јавна администрација или приватно (и ако е второто, колку либерален/толерантен сопственикот). На никого не треба на тој начин да му зависи работното место. Ама ете, кај нас така е случајт. Чуваш работно место ако си ептен добар во криење, лажење и водење двојни животи (а и тоа не е никаква гаранција), а и зошто бе некој да мора да води двоен живот? Зошто? За некој друг да не се осеќа "загрозен"/"згрозен"?

Е сега што ги викаме луѓето - пушач, пијаница, ку*ва, дебел, глуп, педер ... тука не гледам проблем.
Па и јас не гледам проблем. Движењето за анти-дискриминација да не се базира на тоа "не ме викај педер, ми смета"?

Толку сум навикнат на терминот педер што ми е интересно кога во друштво од икс причини некој ќе рече за некого дека е педер, и за секунда ќе се сецне, ќе ме погледне, ќе ми стави рака на рамо и "еј брат, абе знаеш на што мислам, не мислев за луѓе ко тебе" и сл. :D. Но терминологијата не е тема на дискусија овде. И си ја утнал суштината ако ова ти се примерите.

Педерите ми изгледаат исто како оние групи што се против Вакцинација: Ем им е дозволено да не ги вакцинираат децата Ем трубат насекаде и незнаат што бараат :facepalm:.
Споредбата ти е ептен на место :facepalm:. Разликата е што кај твојов пример, групата има дозвола нели?

Сакаат да парадираат и себедокажат дека тоа што хомосексуалци е нешто WoW . Нема потреба да знам дали сте педери или стрејт.
Чим те има во ваква тема и тоа како докажале дека се WoW фактор. Сами си крив бе. Нема потреба да знаеш кој е или кој не е геј, демек, затоа оп, зацупа на темава на сите да ни кажеш колку не сакаш да знаеш ништо на тоа поле (а потајно праиш белешки кои членови се овде геј/би/лез :D).

Во денешново општество : Луѓето им е дозволено да прават Глупости , а мене ми е забрането да ги викам Глупи :pos:
И јас не можам да те наречам така, иако твоево е баш - глупости. Па никому ништо.

Пред многу многу страни претходно го пртавевме истиот муабет, така да немам намера да се повторувам и да верглам. Таму многу добро ти објаснив зошто и како.
Да, го имаме правено истиот муабет. Но за такво танго се потребни двајца. Што значи и јас се имам преповторувано таму за тебе и за ред други. Разликата е, наоѓаш глупави начини да оправдаш некои работи. Прво беше, хахаха, каде тепале млади педери? - потоа ти залепија низа примери, после беше, - "епа што ако ги тепале де, така маж се станувало, така се расте". Потоа поплаки за третмани (или недостаток од било каква акција зависно од ситуацијата, од страна на полицијата), и ти викаш - "па така прават со сите, вие не сте исклучоци, полицијата е тоа". И ај кажи ми како да продолжам со таков човек, не само ваква, него било каква дискусија? Нормално дека ми скурчило и сум оставил да си дрндаш со останатите кои уште ја третираа темава. И нормално кога пак се појавувам, полека со истата увертира да ми филуваш работи за кога ќе стане густо за тебе пак, да ми речеш "еј абе праевме муабет веќе за ова, нема да се повторувам".

Но интересен е моментот кога во зависност од потребите, еднаш се повикувате на демократија и на незнам што кога ви одговара, после наеднаш демократијата не ви чини посебно кога не ви оди во прилог. Така да државата ја оцрнуваш како недемократска пошто си немал некој права и слободи што ти сметаш дека треба да ги имаш а мнозинството не.

1) Aко сум рекол баш "недемократска држава" или не сум бил расонет, или не сум бил трезен. Би сакал цитат каде такво нешто со тие зборови сум рекол. Обично стојам на страна од таква терминологија, зошто вие знаете да ја свртите во ваша корист, преку она досадноно "право на мнозинството";

2) Aко демократијата и човековите права и слободи се взаемно исклучувачки за некого, истиот тој некој или има проблем со разбирање и интерпретација на дефиницијата за демократија, или има проблем со разбирање и интерпретација на дефиницијата за човекови права и слободи (што е, што претставува, зошто постои, итн), но најчесто е проблем со разбирање и интерпретација и на двете работи;

3) Наместо меѓусебна корист, викаш наша корист, што ме води до поентата број 2) - дека и двете работи ти се нејасни тебе;

4) Ти си потполно во право, но се уште имаме проблем - како може и една и другата работа да постојат, но да не можат да постојат под "ист покрив"? Некој негде утнал во формирањето на дефинициите за истите. Да се откажеме од некои фактори кои ги диктираат човековите права и слободи (со што ќе има реперкусии и за вас, не само нас хомосексуалците), или ќе треба да се откажеме од демократијата (барем таа селективна дефиниција која ми ја цитирате тука, "право на мнозинството", демек тоа е Алфа и Омега во демократијата, ништо друго нема во дефиницијата и филозофијата позади тоа), или некоја нова дефиниција да и удриме. Ќе остане само наместо демократија, да имаме конгрес кој ќе одлучува по консензус (со среќа човечкиот мозок да изнајде решенија взаемно прифатливи за две спротивставени страни, и да помина истото кај сите граѓани).

Сега неможи и да бидиеме диктатура и демократија во исто време само за вас да ви се удоволи.
Што ти го мати умот дека не сме диктатура? Тоа што не сме на хартија истото не прави се останато да изгледа како парагон на демократија.

Кога ке соберите доволно големо мнозинство кое не мисли така слободно менвајте и закони и прописи и незнам што. Кој сум јас да се спротивставам на желбите на мнозинството. Е тоа е демократски.
Тогаш наместо нас ти ќе протестираш надвор на улици. Сега така викаш зошто си напривилегирана позиција, затоа. Инаку друга песна ќе пееш да беше на оваа страна од оградата.

Зошто сите би се фрлале во Вардар или од облакодер? Тоа тебе на нормална појава ти личи ?
Многу работи не се нормални па луѓето ги прават. Прашањето е на место, твој ред е да одговориш, дали мнозинството е скогаш во право и прави исправни одлуки и знаеш што е најдобро.

Какви реперкусии жити се, кога 90% се средна класа,вработени никој не ги брка од работа итн итн
Кога успеа социо-економска статистика да спроведеш на хомосексуалците во МК? Дури и нивните искуства да ги знаеш во врска со професионалниот живот. Јас јас сум геј, нормално би знаел колку-толку за тоа, ама ти?

Која средна класа, какви бакрачи бе!? Во иста ли држава живееме? Јас не би рекол.

Мене ми имаат мавнато шамар на Битпазар од чиста мира, зашто сум македонец. Во автобуси што ги тепаат, ги тепаат зашто се педери или ?? Со женско не ми давале да влезам во дискотеки и што значи тоа ???
Тоа значи дека си бескичмењак кој одлучил само да трпи и да го собира, ете тоа. А тие кои се критични за целава ситуација и кои бараат промена испаѓа да се само LGBT лицата и мала група други, кои се уште имаат тестиси меѓу нозе, и малку грам мозок и разум да знаат дека вака не може да се тера понатаму (без разлика кој е мета/жртва).

Само не знам што го мешаш муслиманите. Конкретно зборам за глупости вршени од македонец на македонец, because reasons.

Мене не ме тепале во автобус, нити на Битпазар, нит низ Стара Чаршија, нит ме спречиле негде да влезам, било дискотека, клуб, кафана, било бил сам, со друштво, со девојче. И што треба сега, јас од оваа страна да земам да ти кажам дека само кукаш за ништо? Дека се случува, таква држава сме, тоа е тоа? Или може дека мене не ми се има случено, па да речам "дечко ај не измишљавај, државава на тоа поле ни е сосем во ред, ако нешто ти смета, иди сели се" - ко 90% од одговорите овде што ги добиваме дневно (не викам за лица ко мене, зборам општо било кој што се жали).

На плоштад имам видено пред 4-5 год пар хомосексуалци па никој ниту се загледа во нив , а камоли па да ги тепа. Слушам во стара чаршија ги утепаа.

Тепачки секогаш имало и ќе има. Кој е исфрустриран ќе си најде причина некој да истепа без разлика дал е хомо или стрејт или црн или бел ...
Од каде знаеш дека биле пар?

Да, ги утепаа од ќотек. Што е најлошо, истепаа и луѓе кои мислеа дека се геј, а не беа. И сега либералните стрејт луѓе ги нема многу наоколу ко подршка (кој сака без кичма да остане за нешто што него лично толку не го засега како што засега некој хомосексуалец или лезбејка?). А ти, и останатите, да не речам дека под камен сте спиеле, бидејќи не сте вие криви, медиумите не емитуваа нус-појави и резултати од тие активности. Се под тепих се "подзачисти". Но затоа постои интернетот и имаше плејада репортажи, артикли, снимки и остало каде можеше да се покаже прљавото лице на МК по ова прашање.

Не ми текнува кој беше, некој семи-познат хомосексуалец беше. Замина од МК зошто после последниот напад остана со трауматични последици и сега цел живот со епилептични напади треба да се бафта, зошто? Зошто на Петко, Станко и Ратко им текнало некое рандом попладне можат одлично да го поминат и излуфтираат по некоја фрустрација на некој тип за кој дознале дека е геј. Батали докази или не. Битно е? Изгледа не е битно.

Некој утре за твој братучед, брат, или што знам, може и за тебе некој од инает и чиста завист ќе ти рашири геј муабет. Станко, Петко и Ратко нема да ги интересира вистината позади тоа - еднаш, два пати, 5-6 шати истапеле некого без последици со полицијата, им се може бе и 7ми пат. Ќе ти распердашат братучед/брат/тебе ич око нема да им трепне. У количка може ќе останеш. И, штои правиме тогаш? И тогаш ли ќе правдуваш? "Абе и мене ме тепаа, ама ништо страшно". Ви се чудам некогаш како воопшто тоа мозокот ви функционира на било какво ниво. Резонирањево ви е страшно. Трагично. Патетично.

За дете ќе чекате прво маж и жена да посвојат па ако остане некое и вас ќе ви дадат.А и зашто да ви дадат, гледаш колку сте себични, сте имале мајки а детето што ќе го посвоите кој го врти . Мајката Природа е децидна за овие работи и кој е нормалниот тек на работите.
Дали самохрана мајка или самохран татко се себични затоа што не успеале да најдат партнер од другиот пол (или не сакаат бе да најдат, од икс причини)?

Што ако сме имале мајка? Или татко? Деца растат секој ден со по еден родител, голем број и без родители, ништо не им фали. Што правиме во средини каде две сестри одгледуваат дете (на едно од нив, или посвоено едно од нив)? Битно е да ги вика двете особи мама/тато или по име? Имам доста пријатели кои со своите биолошки родители по име си се викаат. Им намалува нешто тоа во врската родител-дете?

Себични сме биле ние, што сакаме да посвоиме дете, кое нема родители, да му пружиме живот, подобар од тој што ќе го има во сиропиталиште, што правиме услуга и на сиропиталиштето?(затоа што секогаш има повеќе деца по сиропиталиштата, него ли што има стрејт двојки или геј парови за да ги посвојат истите) За кое проклето чекање на ред ми збориш? Или ако останело? Си проверил да видиш колку деца има во сиропиталишта?

Или можеби е себичното да ги лишиш тие деца од живот во дом, покрив над глава, родители, и подобри шанси во животот, затоа што тебе лично ти смета што они ќе растеле со две мајки или двајцата татковци? Ги прашал некој децата? Мислиш на тие од сиропиталиштата гајле им е за половата комбинација на родителите кои треба да ги посвојат?

Имаше на интернет некој познат Француски хомосексуалец кој е против хомосексуалците да имаат/посвојуваат деца.
Не е еден, ги има стотина. Како што има милиони хетеросексуалци кои се про-геј права и слично. Поентата ти е што?

Баш така. Историјата не учи дека либералните цивилизации на долга стаза ги снемува. Биваат избришани од „варвари“. И тука нема исклучок, ниту е битно што мислат Петко, Станко или како тоа го доживува Сорос.
Кои се тие такви либер-цивилизации кои исчезнале?[DOUBLEPOST=1400185786][/DOUBLEPOST]
Како на пример?
Молење пред икони, пушење цигари, кладење во спортски кладилници ..... не знам, гледање турски и индиски серии на ТВ и фанатично слушање турбофолк?
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.238
Поени од реакции
26.092
Кои се тие такви либер-цивилизации кои исчезнале?
Западното римско царство и Византија за почеток. Едните паднале од племиња, другите од муџахедини. А тогаш важеле за врв на цивилизираноста и напредокот. Секогаш во историја кога имаш цивилизациски судири, „племињата“ победувале.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Западното римско царство и Византија за почеток. Едните паднале од племиња, другите од муџахедини. А тогаш важеле за врв на цивилизираноста и напредокот. Секогаш во историја кога имаш цивилизациски судири, „племињата“ победувале.
Спомна претходно либерални цивилизации. За сега да ги наречеш цивилизирани. Цивилизираноста имало различно поимање тогаш и сега. И ние сме биле варвари за некои народи порано (за други и се уште сме :D). Каде влегува во ова либералноста и темата на дискусија овде?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.238
Поени од реакции
26.092
Спомна претходно либерални цивилизации. За сега да ги наречеш цивилизирани. Цивилизираноста имало различно поимање тогаш и сега. И ние сме биле варвари за некои народи порано (за други и се уште сме :D). Каде влегува во ова либералноста и темата на дискусија овде?
Скроз исто е поимањето. Почитување на права на граѓанинот, благосостојба и чуда. Само стандардите се други.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Скроз исто е поимањето. Почитување на права на граѓанинот, благосостојба и чуда. Само стандардите се други.
Во контекст на темава прашав - ај Рим влегува маргинално, ама Византија?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Византија тогаш била пример за напредок, цивилизираност. Репер за сите. Ко денешниов запад.
Џабе ги спомнуваш тука тогаш. Не е ова историја, затоа ти реков контекст. Темава ако дискутира за западни стандарди, се знае од кој аспект ќе ги дискутира. Чим го немаш потребниот контекст, џабе ги дискутираш овде Рим и Византија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.238
Поени од реакции
26.092
Џабе ги спомнуваш тука тогаш. Не е ова историја, затоа ти реков контекст. Темава ако дискутира за западни стандарди, се знае од кој аспект ќе ги дискутира. Чим го немаш потребниот контекст, џабе ги дискутираш овде Рим и Византија.
Правата на хомосексуалците се крајниот стадиум на индивидуализирање на општеството. Таквите општества функционираат додека имаат пари. Кога ќе ја снема благосостојбата пукаат од внатре и стануваат лесен плен за „варвари“. Или биваат силувани од колектив, како што Франција беше неколку пати на колена пред глупи црнци со мотики. Нема да го доживееме падот на денешнава цивилизација, ама ќе го фатиме почетокот на истиот, за 30-40 години, кога муслиманите ќе станат над 1/3 во одредени држави.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Западното римско царство и Византија за почеток. Едните паднале од племиња, другите од муџахедини. А тогаш важеле за врв на цивилизираноста и напредокот. Секогаш во историја кога имаш цивилизациски судири, „племињата“ победувале.
Племињата низ цела Америка, Северна, Средна и Јужна, во ниеден случај не би можело да се рече дека „победувале“. Племињата во Африка, исто за време на колонизацијата.

Сакаш да збориме за Рим и Визанитија. Рим и Византија ПОПАРА ги праеле сите племиња околу нив со векови! Ти сфаќаш дека територијата ја ширеле на сметка на племињата?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.238
Поени од реакции
26.092
Племињата низ цела Америка, Северна, Средна и Јужна, во ниеден случај не би можело да се рече дека „победувале“. Племињата во Африка, исто за време на колонизацијата.

Сакаш да збориме за Рим и Визанитија. Рим и Византија ПОПАРА ги праеле сите племиња околу нив со векови! Ти сфаќаш дека територијата ја ширеле на сметка на племињата?
Да де, за време на колонизацијата. Кога експанзионизмот и национализмот биле главна доктрина кај нив. Кога државата била пред добросостојбата на граѓаните. Таков бил и денешниов запад до пред 40тина години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom