Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
T
За вакви прашања има тема за порачки преку интернет, али да ти одговорам, Зип и Пооштенски код ти е исто, имаш или згрешено во бројката или во назив на град, ако е голем град може да им аи по неколку кодови за разни делови од град

ZIP codes are a system of postal codes

Ti blagodaram.
 
Ne e za ovde bas prasanjeto ama nemam vreme da brkam kade, dali znae nekoj dali zip code i post code e edno isto.Poracav nesto preku Fedex i mi vikat ne odgovare zip code za gradot. Ve molam neka mi kaze nekoj ako znae.
ZIP code и/или POSTAL code на Англиски и ПОШТЕНСКИ БРОЈ на Македонски ти е исто!
Изгледа имаш нешто згрешено во бројките.
Сепак еве ти ја листата на Поштенски броеви во Македонија (можеш да видши дека го нема веќе бројот „9“ пред поштенскиот број - кај нас порано беше 91430, сега е 1430).
 
Attachments

Здраво. Ми треба мала помош. Имав сообраќајна незгода и сакам приватно да го тужам сопственикот на возилото кој ме удри. Но бидејки сеуште собирам лекарски документи и треба да одам на физикална ме интересира дали има одреден рок до кога важи да го тужам , бидејки нешто наслушнав не смеело многу да се чека?!
 
Треба да поднесеш тужба до надлежен суд во рок од 3 (три) години од денот на настанувањето на штетата (сообраќајната незгода).
 
Фала на одговорот. Ова се случи пред неполн месец и јас сеуште собирам документи од лекар, затоа се плашев да не е пократок рокот. Инаку, изгледа погрешно се изразив, материјалната штета ке ми се покрие од осигурување, но тужбата ке е за ЛИЧЕН напад од негова страна кон мене (збориме за пијан криминалец (1.76 промили) над 45 год, кон 26 год. девојка). Дали тоа треба да се поднесе преку адвокат во суд за прекршоци или во основен суд?
 
Тоа секако треба да се поднесе преку адвокат. Значи, собери ја потребната документација од лекарите и правец кај адвокат, нему ќе му објасниш конкретно за што станува збор и тој понатаму ќе те советува што е потребно да се превземе против криминалецот пред Основен суд! Инаку, Основните судови судат и за прекршоци, и за кривични дела, и за граѓански дела и др., нема посебен прекршочен суд.
 
Благодарност на советите, мое е да соберам се, а адвокатот си знае како треба понатаму значи. Уште еднаш благодарност.
 
Дали некој знае какви документи се доставуваат до судовите со предлог за ослобудување од плаќање на трошоци во постапката според членовите 163 и 164 од ЗПП?
 
Дали некој знае какви документи се доставуваат до судовите со предлог за ослобудување од плаќање на трошоци во постапката според членовите 163 и 164 од ЗПП?
Кон предлогот за ослободување од плаќање на трошоци во постапката, странката е ДОЖНА да поднесе УВЕРЕНИЕ ЗА ИМОТНА СОСТОЈБА!
Повеќе за Уверението, прочитај на следниов линк:
http://www.akademik.mk/document/uverenie-za-imotna-sosotojba
 
Дали на пример, во договор за закуп како закупнина може да се наведе износ 0 т.е. договор за закуп без закупнина ?
 
Да, ова го најдов и јас, но ме изненади што директно на шалтерите во бараките во Парк, не ми бара изјава заверена од нотар. Таксата е навистина 50 денари Инаку не е на шалтер 11, туку на шалтер 2.
Бев и во УЈП - таму извадив уверение за остварени приходи. Таму платив 100 денари такса.
Ќе ги поднесам овие две уверенија, мислев да проверам дали се доволни овие две уверенија, ако некој има искуство односно ако скоро барал ослободување.
Сепак ти благодарам
 
здраво сакам да прашам дали имам право на оштета или на нешто друго што EVN ја користи бандерата во мојот двор.ПОЗДРАВ
 
здраво сакам да прашам дали имам право на оштета или на нешто друго што EVN ја користи бандерата во мојот двор.ПОЗДРАВ
не, бандерата не е твоја, а евн има право на службеност т.е да го користи твој двор за да спроведува електрична енергија.
 
Дали на пример, во договор за закуп како закупнина може да се наведе износ 0 т.е. договор за закуп без закупнина ?
Договор за закуп без закупнина не е веќе договор за закуп, туку договор за послуга....
 
Имам мал проблем со дрво кое се наоѓа во соседниот двор но толку е нараснато што доаѓа и над мојот двор и куќа. Имено од боровите игли кои паѓаат ми се закукани сите олуци од таа страна така да водата почна да влегува и во подрум поради не можност да истекува преку олуците. Инаку има троица газди на таа куќа. Веќе правев муабет со еден да се исече дрвото но се прави на удрен и не сака поради тоа што требал да даде пари. Дали има некаде да се пријави (инспекција) или треба да се тужи. Инаку еднаш платив да се исчисти сето ѓубре од олуците но сега има доста нападано пак и пак се е закукано. Исто и во подрумот има видливи траги од водата која има течено внатре.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom