Средство за избелување на заби.

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
Знам дека не постои вештачко средство кое трајно ќе ги избели забите, но ако постои производ кој може да се купи а вие го знаете пишете. Барав во ТОП ШОП од одамна тие продаваа таков производ но сега го нема? Сум слушал за некакво миење на заби со бикарбона, искуства околу тие бабини работи?
 
Сода бикарбона може да ти ја оштети глеѓта инаку можеш да си нарачаш од ebay: Crest 3d, едно од најпознатите средства за белење на заби. Го користев пред година дена и има луди резултати а и не е којзнае колку скапо. Ленти се и се ставаат секојдневно во рок од 20 дена. Први резултати ке ги забележиш после 2-3 дена. Ако немаш PayPal за нарачување од Ebay, може да си ги нарачаш од aliexpress (мислам дека е еден од ретките производи на ali кој што не е произведен во Кина). Имаш неколку нивоа на "јачина" и искрено би ти препорачал да користиш од тие послабите ленти ако имаш осетливи заби. Ако те интересира уште нешто слободно прашај, позз.
 
Знам дека не постои вештачко средство кое трајно ќе ги избели забите, но ако постои производ кој може да се купи а вие го знаете пишете. Барав во ТОП ШОП од одамна тие продаваа таков производ но сега го нема? Сум слушал за некакво миење на заби со бикарбона, искуства околу тие бабини работи?
Оди на забар и побарај совет. Имаат третмани за белење, не експериментирај сам.
 
Ке го одерат на забар. Едно белење не е испод 4000-5000 ден. Нема што да експериментира, веќе е експериментирано со вакви производи и се екстра. Кога го прашав мојот забар дали знае за Crest, бледо ме погледна, а на запад веќе на големо го користат производот со години и години наназад. На забар нека иде ако го боли заб, ова со белењево е од естетска природа.
 
На забар со брусење ти ги белеат (чистат) овие производиве од ибеј само ги фарбаат па пронајди ја разликата
 
Ни тоа не е многу сјајно решение.
После таквите третмани забите стануваат многу почувствителни.
 
На забар со брусење ти ги белеат (чистат) овие производиве од ибеј само ги фарбаат па пронајди ја разликата
Појма немаш. Средствата на забар со кои се белат забите содржат пероксид од 5% исто како и овие ленти што се продаваат на ибеј. Скоро и да нема разлика, освен цената.
 
абе не си играјте со ова...
 
http://www.ebay.co.uk/bhp/crest-3d-teeth-whitening-strips

Ова треба да е така? После третманот од 20 дена? Претпоставувам дека белината исчезнува, но колку подоцна?
Да да, тоа е. Инаку белината исчезнува за период од година до година ипол. Ако не пиеш кафе, чај и не пушиш може и две години да ти трае.
 
Прво за да не фрлаш пари по забари и по интернет страници обиди се со јадење јаболки и жуборкање во устата со јаболков оцет....... јаболковата киселина ги белее забите.... пробај...... ако не оди на забар :)
 
Порачи си ги овие од ибеј и јас имам слушнато дека имаат ефект.
Јас па си имам проблем со збен камен на долните заби, имам одено минимум 4-5 пати да ми го чистат еве сега пак треба одам.
 
Појма немаш. Средствата на забар со кои се белат забите содржат пероксид од 5% исто како и овие ленти што се продаваат на ибеј. Скоро и да нема разлика, освен цената.
И забен камен дома сам да не си чистиш? Поим немаш, не правиш разлика меѓу стругање жути заби со наслаги и белеење.
 
Не правам разлика да, затоа што немам жолти заби.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom