Стварно овие западниве "демократии" не се нормални. Палат живи луѓе, силуваат бремени жени, убиваат по улици, пукаат на избори...
Киевската војска почнала да пука во гласачите во Красноармејск, има мртви и ранети цивили (ВИДЕО)
Вооружените сили на Киев влегле во Красноармејск и зазеле четири училишни згради каде што жителите гласале на референдумот. Гласањето било прекинато и нема да продолжи, пренесува
Раша тудеј. Медиумот јави дека
има и мртви и повредени откако Националната гарда почнала да пука.
400 елитни американски командоси „оперираат“ по Украина
Според информациите врз основа на радиокомуникациите меѓу командните центри на руската армија, кои ги открила американската Национална агенција за безбедност (НСА), а потоа ѝ ги проследила на германската тајна служба (БНД), американските платеници ги координираат и ги спроведуваат герилските операции против проруските активисти околу Славјанск во источна Украина.
Овие платеници работат за американската компанија Академи, попозната по старото име Блеквотер, вели весникот.
Весникот потсетува дека Русија пред неколку недели го осуди присуството на американските платеници на страната на безбедносните сили на украинската влада, но американскиот амбасадор во Киев, Џефри Пајат, тоа го демантираше кон средината на март.
Германскиот весник минатата недела откри дека украинската влада ја советуваат десетици експерти од американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА).
Повикувајќи се на неименувани извори од германските безбедносни служби, весникот вели дека ЦИА и ФБИ му помагаат на Киев во пресметката со бунтовниците во источниот дел на Украина.