Како да се справиме со Вампири, Вукодлаци Уроци, Вештерки...

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Очигледно Лет 3 успешно ви покажува зошто сите ваши аргументи за чакри, духови и други ствари ви се невалидни.
Зошто секогаш можеш да докажеш поента и дека нешто постои со муабет у стилот на „ова постои затоа што тој рекол/таа рекла, има легенди дека/тој искусил/тој почувствувал (наведи)“

Затоа што, кабала/чакри/рептили вонземјани/духови/богови се еднакво реални колку вампири/вукодлаци и розеви слонови со крилја.
Затоа што сите аргументи за едните можат комплетно да се применат за другите и да бидат подеднакво валидни. Да почнеме...

Господ/чакри/итн... постојат затоа што... јас сум ги видел/слушнал/искусил = Вампири постојат затоа што истото.
Господ/чакри/итн... постојат затоа што... легендите/историјата/митовите тврдат дека = вампири исто
Господ/чакри/итн... постојат затоа што... не може сечие искуство да се земе за фејк мора барем од 100000000 луѓе еден кој видел духови да ги видел навистина, не може СЕКОЈ да лаже = вампири исто, мора од 10000000 луѓе еден да ги видел.

Ама не, тука одма ќе дое у улога ад хок хипотезата. Ад хок погрешната хипотеза која на пример @Beric Dondarrion цело време ја користи е дека секогаш постои објаснување за работите кои го побиваат верувањето само по себе.

-„Сите риби летаат“ да кажеме дека е првичната аксиома.
-„Ама тие и тие риби не летаат.“
-„Тие и тие риби не летаат затоа што тоа не се вистински риби.“

-„Ако веруваш во нешто ќе го добиеш“
-„Ама верував дека ќе добијам милион долари и не добив ништо“.
- „Не си верувал доволно.“

Според @Beric Dondarrion , духовите кои се видени од луѓето се реални, бидејќи луѓето тврдат така. Но ако луѓето тврдат дека виделе вампири, што не е во согласност со твојот светоглед, тогаш одма постои објаснување зошто е тоа така....„Они мислат дека се вампири, ама тоа духови се уствари.“

Без разлика на тоа што евидентирани се илјадници случаи во кои жени морале да кажат дека се вештерки после измачување и жени кои НЕ признавале дека се вештерки, а биле третирани исто, со мачење до смрт ако не признаат или инстанта смрт ако признаат, тоа не е важно. Тие навистина се бавеле со црна магија.

Поентата на Лет 3 за тие што не сфатија и/или не го знаат е едноставна....
Со тој тип на резонирање и логика, постоење на СВЕ можеш да докажеш...

Евидентирани се многу случаи со човекови искуства со вампири, луѓе тврдат дека се вампири тоа? Вампири се. Крај на муабетот.
Не се ни духови ни ништо друго.
 
Затоа што, кабала/чакри/рептили вонземјани/духови/богови се еднакво реални колку вампири/вукодлаци и розеви слонови со крилја.
Затоа што сите аргументи за едните можат комплетно да се применат за другите и да бидат подеднакво валидни. Да почнеме...

Господ/чакри/итн... постојат затоа што... јас сум ги видел/слушнал/искусил = Вампири постојат затоа што истото.
Господ/чакри/итн... постојат затоа што... легендите/историјата/митовите тврдат дека = вампири исто
Господ/чакри/итн... постојат затоа што... не може сечие искуство да се земе за фејк мора барем од 100000000 луѓе еден кој видел духови да ги видел навистина, не може СЕКОЈ да лаже = вампири исто, мора од 10000000 луѓе еден да ги видел.

Ама не, тука одма ќе дое у улога ад хок хипотезата. Ад хок погрешната хипотеза која на пример @Beric Dondarrion цело време ја користи е дека секогаш постои објаснување за работите кои го побиваат верувањето само по себе.

Јас со сигурност, при здрав разум тврдам дека вампири постојат. Не знам дали навистина станува збор за клетва или болест, но сигурен сум дека моите искуства со овие суштества се вистински.
 
Болест е. Какви искуства? Сексуални?
 
Последно уредено од модератор:
Какви искуства? Сексуални?

Невозможно. Како што реков, ноќните шетачи не можат да имаат секс. Тие имаат еден, единствен нагон. Глад.
Моите искуства со овие клети битија се помалку пријатни. Ќе се осмелам да кажам дека сум среќен (Или доволно снаодлив.) што денес сум сеуште жив покрај овие сознанија, а да не зборуваме за нивното споделување.
Знам дека ти звучи смешно и нереално, но уште од раѓање јас живеам со сознанието за еден свет поразличен од нашиот.
 
Имаш контакти кои те кријат? Ролај десетки од Contacts + Intelligence -5 modifier пошто користиш Сони Ериксон наместо Самсунг Галакси.
 
а како тоа @Let 3 во првиот пост неоспорно докажува дека ноќните шетачи се попалени и бркаат женски?
 
Koристам литература (то се листови со испечатени букви, укоричени)
 
Тврдењата му се нелогични. Ноќните шетачи се мртви. Не се способни да уживаат во сексот ниту да се "напалат", иако веројатно се способни да имаат ерекција така што дозволуваат крв да протече во гениталиите.
 
Имаш контакти кои те кријат? Ролај десетки од Contacts + Intelligence -5 modifier пошто користиш Сони Ериксон наместо Самсунг Галакси.
Имам контакти.

Koристам литература (то се листови со испечатени букви, укоричени)
Која веројатно е пишувана од лаици и фантазери.
 
Затоа што, кабала/чакри/рептили вонземјани/духови/богови се еднакво реални колку вампири/вукодлаци и розеви слонови со крилја.
Кабалата е начин да се престави и објасни субјективниот универзум. Таа е мапа на се она што го препознаваме како субјективизам. Некои го дефинираат како метафизика, други како духовност, но кабалата во никој случај не е нечија фантазија.

Link
 
Која веројатно е пишувана од лаици и фантазери.

Уште во Босна знаат кој е Пајо Томиќ. Тоа се раскажувало од колено на колено. Генерации и генерации се тоа, нема логика да е лага.
 
Тврдењата му се нелогични. Ноќните шетачи се мртви. Не се способни да уживаат во сексот ниту да се "напалат", иако веројатно се способни да имаат ерекција така што дозволуваат крв да протече во гениталиите.
Не биди мрза, прочитај предходни постови, тие се полни со крв и една од предострожности за мртвиот да не се повампири е и да муу се засечи кожата на телото за да не му се задржува крвта внатре.
А не знам шо си запнал за сексот, вампир можел да излезе од гроб, да цица крв, да јаде да лета да стане невидлив, да се движи... се може али ерекција и секс не?!
јади убивај пиј крв али не клецкај !
 
Не сум знаел дека можеле и да летаат, ете научив нешто ново
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom