- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
Во врска со болдот: проблемот е што тоа никогаш не е така. Еве земи ги девојките на форумот: ниту една не е невина, а никој не гарантира дека на крајот од приказната ќе се земе со дечкото. Што да правиме со нив? Да ги спалиме?Не се согласувам со тебе. Јас патријархалното воспитување не го доживувам како опресија, туку како морален компас. Вистинското партијархално воспитување нема да ги поттикнува мажите да се „иссексаат што повеќе пред брак“ туку ќе ги учи на истите норми и вредности; еден маж - една жена и морална чистота. Тешко е тоа да се разбере во денешниот свет во кој неморалот и курвањето наоколу се заменети со еуфимизми од типот „современо, мордерно, напредно, уживање, истражување, независност„ и што уште не. Жена со ТРОцифрен број партнери..хммм...обидувајќи се да не го употребам тој терминот кој те навредува, имам едно прашање... Ако си маж и ете сакаш да се ожениш со оваа жена (со ТРОцифрениот број!) и сето тоа го знаеш и не ти пречи оти нелии ти ќе бидеш таков современ, како ќе можеш да и веруваш? Како ќе влезеш во заедница сигурен дека госпоѓата нема и понатаму да и мрда опавчето и да сака и понатаму да истражува и да ужива? Ами ако и се здодее од тебе?
Тука во САД секој ден ги гледам таквите „слободни“ жени. Мислат дека се слободни, но робуваат на своите тела, не знаат што прават. И не се среќни. И кога мислат дека ја нашле среќата ги повлекува некој нареден бран. И ете, полно е „скршени“ семејства, со деца кои не разбираат зошто денес има еден „чичко“ а утре друг. Кои на секои неколку години добиваат нови браќа и сестри. Кога ќе сретнеш такви модерни фамилии, да ти е страв да прашаш кој на кого му е мајка, татко...оти сите се од неколку различни партнери.
Ако ти си решила да живееш како животно, не очекувај помош. Зошто околината да ти помага? И онака сега сите имаат слободи да прават што сакаат. Зошто јас на пример би го финансирала твојот неморал?
Живеј си како сакаш но издржувај си се сама.
А мажот, сакале или не, Е посилен од жената. Не велам дека мажите се и попаметни, но СЕ посилни. И на секоја жена и треба заштита во прегратките на човекот кој го сака. А мажот кој ја сака својата жена за неа ќе направи СЕ. И никогаш нема да се чувствува потисната. Напротив.
Инаку во Македонија не познавам жена што имала 10 партнера, а не 100. Сметам дека секој треба да си каже што очекува од партнерот уште пред да се земат, инаку проблемите ќе немаат крај. АКо некоја баш сака толку многу често да менува партнери, не знам зошто воопто би стапила во брак.
Сите сме робови, ако така размислуваш. Но поголема робинка е жената која робува на домот и семејството заради обѕирите кон околниата, отколку како што велиш, онаа што робува на телото. Кој колку е среќен, сам си знае.
Како што реков, повеќето бракови за кои знам во МК се одржуваат само затоа што жената нема каде. Платата и’ е мала, куќата е на мажот, децата не може да ги земе со себе. Не може никој да ме убеди дека таквата жена е среќна.
Се слагам дека педобро да живееш со партнер. Но не по секоја цена.[DOUBLEPOST=1399738065][/DOUBLEPOST]
Уф, уште еден незнајко!Ова ти што го опишуваш не е патријахално семејство туку дисфункционално семејство каде што има семејно насилство. Не разбирам за каква материјална зависност на жената збориш, денес жената во Македонија може и станува директорка, пратеничка, шефица, министерка и има исти услови за образование како мажите. Покрај еднаквите можности што ги ужива доколку жената не успее да стане материјално независна мислам дека крајно време е да си ја чукнете главата до кого е .
Патријархат е социјална организација на животот на луѓето, заснована на стриктно почитување на традицијата во која највисоката власт и најголемото почитување го има таткото, додека жената (мајката) има подредена улога. Патријархатот се одликува со строга хиерархија, во која постои доминација на машките припадници над женските и на постариите над помладите.
Последно уредено: