Надворешни односи на Македонија

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Каков став и да завземе Македонија, со некој од соседите ќе се замери. Од другата страна се Бугарија и Албанија.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ја читам книгата од Ристо Никовски за Улогата на САД во македонските голготи и најдов интересни моменти кои ретко се споменувани:

14. САД ја признаа Македонија како независна држава дури на 9 февруари 1994 година. Речиси две години по признавањето на Словенија, Хрватска и БиХ. Се чекаше уште година и пол додека Вашингтон реши да воспостави и дипломатски односи .
Тоа го сторија на 13 септември 1995 година, веднаш по потпишувањето на Привремената Спогодба со Грција , оркестрирана токму од САД.
- стр 30
http://www.pollitecon.com/html/ebooks/risto-stefov/Ulogata-na-SAD-vo-Makedonskite-Golgoti-2.pdf

Ова погоре е многу битно од аспект на тврдењата дека благодарение на САД планот на Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија не се остварил, но напротив, ако САД сакале да го блокираат овој план тоа можеле лесно да го сторат со нашето признавање. Сепак тие и останатите западни земји го оддолговлекуваа нашето признавање, се додека не бевме присилени да ги прифатиме условите на Грција.

А како што претходно пишував за нејзината улога во нашата независност и големата помош кога ни беше најтешко, Турција била и првата земја која отворила амбасада во Македонија, иако Бугарија прва не’ признала но многу подоцна воспоставила дипломатски односни.

И еве неколку пикантни ставови од Америка за љубителите на нивната политика:
  • Официјалниот став на САД после втората светска војна за Македонија и македонскиот народ:

The Secretary of State to Certain Diplomatic and Consular Officers*
The following is for your information and general guidance, but not for any positive action at this time.

The Department has noted with considerable apprehension increasing propaganda rumors and semi-official statements in favor of an autonomous Macedonia, emanating principally from Bulgaria, but also from Yugoslav Partisan and other sources, with the implication that Greek territory would be included in the projected state. "This Government considers talk of Macedonian "nation", Macedonian "Fatherland", or Macedonia "national consciousness" to be unjustified demagoguery representing no ethnic nor political reality, and sees in its present revival a possible cloak for aggressive intentions against Greece".

The approved policy of this Government is to oppose any revival of the Macedonian issue as related to Greece. The Greek section of Macedonia is largery inhabited by Greeks, and the Greek people are almost unanimously opposed to the creation of a Macеdonian state. Allegations of serious Greek participation in any such agitation can be assumed to be false. This Government would regard as responsible any Government or group of Governments tolerating or encouraging menacing or aggressive acts of "Macedonian Forces" against Greece.
The Department would appreciate any information pertinent to this subject which may come to your attention.
U.S STATE DEPARTMENT Foreign Relations Vol. VIII Washington D.C. Circular Airgram (868.014/26 Dec. 1944)
http://www.hri.org/docs/Macedonia/doc1.html

http://www.mfa.gr/en/fyrom-name-issue/

  • Ставот на САД изнесен од претседателот Бил Клинтон во 1992:

I support the recent decision by the European Community which agreed to recognize the southernmost former Yugoslav Republic as an independent state provided its name does not include "Macedonia." For many Americans, the question of the use of the name "Macedonia" may seem hard to understand. At the close of World War II, the use of this name for the southern part of Yugoslavia was labeled by our then Secretary of State "as a cloak for aggressive actions against Greece" and could again become a source of instability and conflict.
The United States position must be clear. If the southernmost former Yugoslav Republic wishes to receive American recognition, it must first accept the principles of the Helsinki Final Act, satisfy its neighbors and the world community that its intentions are peaceful and abide by the European Community's decision which rejects the use of the name Macedonia. A Clinton Administration will stand by these principles and ensure that Greece's legitimate concerns are met". - President Bill Clinton on October 2 1992.

http://ahiworld.org/media-center/press-releases/2000/170-clintongore-on-us-relations-with-greece-cyprus-and-turkey-a-record-of-broken-promises-and-violations-of-the-rule-of-law.html
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кога се работи за прашањето на името, нема табу теми, ниту пак има монопол врз патриотизмот. Кој курс е патриотски, кој курс води кон неспорната цел, зависи од контекстот - Колумна на Никола Димитров поранешен преговарач за името, а сега е член на Хашкиот институт за глобална правда.

http://utrinski.mk/?ItemID=9638FDC42C871A4F8657AD2157237181
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
Во врска со наводниот развој на настаните со името, не ви се чини дека придонес за ова има и анти НАТО расположението во земјава? (во комбинација со настаните во Украина)

„За да не стане Скопје Украина, Обама го решава прашањето за името и ја внесува земјата во НАТО„
http://maktel.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=18153:obama-kje-se-angazhira-da-go-reshi-imeto-za-skopje-da-ne-stane-ukraina&Itemid=660
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Јас велам, поучени од стари искуства, да не наседнуваме на информации од грчки извори.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Кога се работи за прашањето на името, нема табу теми, ниту пак има монопол врз патриотизмот. Кој курс е патриотски, кој курс води кон неспорната цел, зависи од контекстот - Колумна на Никола Димитров поранешен преговарач за името, а сега е член на Хашкиот институт за глобална правда.

http://utrinski.mk/?ItemID=9638FDC42C871A4F8657AD2157237181
Друг цитат од колумната:

Барањето поткрепа во антиката од наша страна, веројатно инспирирано со зацврстување на нападнатиот идентитет, всушност го „брани“ идентитетот на теренот на грчкиот национализам. Се плашам дека наместо одбрана, во најмала рака продуциравме конфузија дома и покажавме слабост надвор. Го збунивме и народот и пријателските држави. Дали со нашите чекори им помагаме или им одмагаме на оние политички сили во Грција кои не се заинтересирани за пријателски односи, кои не сакаат Република Македонија да оди напред?
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
I Bush se posra i Obama ke se posere!
Ushte edno "deja vu" za Makedonija....
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Грците вознемирени од евентуален американски притисок за влез на Македонија во НАТО

http://www.sitel.com.mk/mk/grcite-voznemireni-od-eventualen-amerikanski-pritisok-za-vlez-na-makedonija-vo-nato


Грчки медиуми: Грција има проблем, САД имаат сценарио за прием на Скопје во НАТО

http://www.mrt.com.mk/node/8984



Грција има голем проблем со името на Скопје, во пресрет на септемврискиот самит на НАТО што ќе се одржи во Кардиф, Велика Британија, пишува грчкиот весник „Парон“.

- Американскиот став е дојден дотаму што силно се залага за влез на Скопје во НАТО и тоа може да влијае на позициите на другите земји кои се за интеграција на Македонија во НАТО и се во корист на почеток на пристапните преговори со ЕУ, пишува весникот.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, истиот весник во друг текст ги обвинува грчките дипломати во Атина и Вашингтон што не биле присутни на конференцијата „Кон цела и слободна Европа“, која во организација на Атлантскиот совет на САД се одржа во Вашингтон и на која зборуваа министри од регионот, потпретседателот на САД Џозеф Бајден, државниот секретар Џон Кери и голем број лидери и експерти од областа на надворешната и безбедносната политика.

- Му се восхитуваме на министерот за надворешни работи Никола Попоски што беше поканет да зборува на една од најважните конференции организирани од страна на Атлантскиот совет во Вашингтон, на која, меѓу другите, зборуваа и потпретседателот Бајден и државниот секретар Кери, пишува „Парон“.

Подвлекувајќи дека Попоски во Вашингтон го користел уставното име, весникот додава дека тој во своето обраќање ја повтори стратешката цел на Македонија да влезе во НАТО, „објаснувајќи дека во тоа во голем дел е спречена од Грција“.

- Не барајте, немаше грко учество, и судејќи според нивото на составот на грчката амбасада во Вашингтон, веројатно дури ниту во публиката немаше некој барем да го снима тоа што го рече гоподинот Попоски и со кого се видел, коментира „Парон“.

И неделникот „Епикера“ вчера пишуваше за „американско сценарио“ за влез на Македонија во НАТО. Според дипломатски извори на неделникот, американскиот претседател Барак Обама лично ќе се ангажирал за интеграција на Скопје во Алијансата, „што е особено лошо за грчкиот премиер Андонис Самарас и шефот на дипломатијата Евангелос Венизелос, бидејќи неговото вмешување ќе ги повлече на негова страна целата американска дипломатија и странските лидери“.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Иванов, во Рим и Ватикан, ја предводи македонската државна и црковна делегација по повод чествувањето на Свети Кирил. На средбата Иванов и папата, јави известувачот на МИА, разменија мислења од областа на историјата и односите на Македонија и Ватикан.

Куриозитет е што претседателот Иванов беше примен во приватната резиденција на папата Франциско, што се смета дека претставува особена чест.

Средбата се одржува во годината кога Македонија и Ватикан одбележуваат 20 години дипломатски односи.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/papata-go-primi-ivanov-vo-privatna-rezidencija-foto#1

Утре генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен доаѓа во Скопје
Во рамките на посетата на регионот, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

Во Скопје Расмунсен ќе оствари средби со претседателот на Владата Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и со министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. На средбите, генералниот секретар на НАТО ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО, соопшти МНР.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/utre-generalniot-sekretar-na-nato-anders-fog-rasmusen-doagja-vo-skopje

Некој да објасни каква функција има Ахмети? Да нема сомнежи после кој ни ја крои надворешната политика и во чии интереси.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
Само некој што живее во подрум без светло, весници или интернет конекција може да има заблуди дека државава нема однадвор припремена надворешна политика.
Меѓуетничките тензии во Македонија, се негуваат и одржуваат такви како што се, за да во моменти како овој, да се употребат како џокер за притисок. Бидете послушни, или ќе ви се случат нереди со Албанците, можеби и оружен судир. А знаете кој ќе ја има воената и пропагандна поддршка во таков судир.
Дури и неодамнешните настани со убиството на несреќниот Ангел Петковски, сега почнуваат да излегуваат во друго светло. О да, многумина ќе ни ја продаваат идејата дека тоа е коинциденција, со тајмингот на посетава на првиот човек на НАТО Алијансата, за мене коинциденции од ваков вид едоставно не постојат.

Нејсе. Јас очекувам дека преку нивната подмачкана машинерија за социјален инжинеринг и „оформување на јавното мислење„ ни следува интензивна кампања за да се припреми јавноста на фактот дека ќе треба да се прифатат исклучитално неповолни услови за името. И не помалку важно, исклучитално неповолни услови за статусот на нашиот народ (тука, или во Грција сеедно).

Еве колумна во Дојче Веле за остварената средба. Обрнете внимание со кој послушно оттрчал да се види, миленичето Ахмети, веднаш по средбата со Расмусен.

http://www.dw.de/расмусен-притиска-преку-ахмети/a-17655325?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
Датум 23.05.2014
  • Автор Костадин Делимитов
Расмусен притиска преку Ахмети
Ахмети да поттурне, Груевски да попушти за брзо решение за името. Примерно или не, притсокот на НАТО очигледно се зголемува, коментираат дел од аналитичарите.


По посетата на првиот човек на Алијансата и повторената порака дека без компромисно решение на спорот со Грција нема покана за членство, според аналитичарите станува и кристално јасно дека Алијансата игра отворено на картата „Ахмети“ во омекнувањето на Груевски. Притисокот станува очигледен, коментира за Дојче веле Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет на Македонија:

„Самото доаѓање на Расмусен, ако се чита меѓу редови, треба повеќе да се сфати како еден притисок, а во исто време и оваа посета доаѓа како поддршка на ставовите на Али Ахмети како лидер на ДУИ кој го изразува повеќе тој ентузијазам за влез во НАТО и решение на проблемот со името. Ахмети не може да влијае толку кај Груевски колку што може да влијае врз тоа што значи да се добие поддршка, односно да доаѓа поголем притисок од надвор. Тоа на еден начин ќе значи притисок врз Груевски и не сум сигурен како сето тоа ќе заврши. Мислам дека Ахмети може дури и да добие знак да создава политичка криза која може да влијае Груевски да ја загуби моќта, односно да биде развластен од големата моќ што ја има во земјата со неговата партија. Интересно е дека Премиерот беше помек во тоа, што значи дека е подготвен да разговара за името, дури и подготвен е да се реши проблемот до самитот на НАТО во септември и тоа како да дава надеж дека сепак Република Македонија е подготвена, но во исто време пораката како да звучеше дека се` зависи од другата страна, односно колку Република Грција ќе биде спремна да се најде компромис“, коментира Рамадани.

Провокација

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски пак смета дека е непримерно што НАТО продолжува да демонстрира непочитување на Хашката пресуда, што според него е класично игнорирање на меѓународниот правен поредок. Тоа што се игра преку Ахмети, според него, е провокација:

Средбата на Расмусен со Ахмети е чиста провокација. Тоа не изненадува, бидејќи тој цело време, барем во однос кон Македонија, стриктно и безобразно ја спроведуваше американската политика, чиј стратегиски регионален партнер е токму Ахмети (ДУИ, ОНА). Само неколку часови по објавувањето на пресудата во Хаг, генсекот излезе со оценка дека таа не е релевантна за НАТО. За таков ‘испад‘ тој секако имаше претходни инструкции од Вашингтон.


Непримерно е што НАТО продолжува да демонстрира непочитување на Хашката пресуда, вели Никовски

Добро е што Расмусен, и покрај целата сервилност, сепак, не е реизбран. Жално е што тој наивно или бескрупулозно лажеше во Скопје. Судот во Хаг навистина нема формални ингеренции врз алијансата, ама има врз нејзините членки, а преку, и заради нив, мора да ги есапат и Судот и пресудата. Членките на алијансата имаат свој ‘багаж‘ кој е дел од вкупнот мозаик, што целосно обврзува. НАТО, впрочем, не може да постигне консензус за блокада и уцена на Македонија ако се почитува грчката официјална обврска да не го попречува приемот на земјата. Алијансата и тука си игра мижитатара со меѓународното право. Така се однесуваат само терористичките организации“, реагира Никовски.

Погрешна адреса

Според поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин, освен проблемот со името, на контото на Македонија тежат и други, пред се‘ внатрешнополитички и проблеми со демократските процеси, што извесно е дека Расмусен му ги кажал на Груевски. Ахмети, според него, е погрешна адреса:

„Од искуството само можам да претпоставам дека Расмусен му кажал на Груевски за дефицитарната демократија, настаните од 24 декември, нереализацијата на Мартовскиот договор, неправилностите на изборниот процес, отсуството на опозицијата, медиумскиот мрак. Вториот битен елемент кој сведочи за одредено незадоволство на генсекот на НАТО од водените разговори е апелот до Али Ахмети да помогне да се реши проблемот со името со Грција, што е целосно вонинституционално барање со оглед дека вистинската адреса за ова прашање е Владата на РМ.


Вистинската адреса за решение на спорот со името е Владата на РМ, оценува Ружин

На тој начин улогата на Ахмети расте во очите на Алијансата како фактор од кој може да се очекува решение за името. Третиот важен фактор е што со инсистирањето на цврстата поврзница на името и членството на РМ во НАТО се означува дека геополитичката опција за покана на земјата во Алијансата под дејство на настаните во Украина отпаѓа како опција. Впрочем, за таквиот вид на опција не решава Расмусен, туку позначајни политички играчи во САД и Европа. Искри на надеж можеби постојат, но пораката на Расмусен кон македонското раководство беше јасна. Ќе добиете покана кога ќе го решите проблемот со името. Под тежината на овој проблем отпаѓаат останатите параметри на дефицитарната демократија, но јасно е дека и тие елементи на Годишната национална програма за членство тежат врз имиџот на Македонија во НАТО“, коментира Ружин.

Интересно е што по разговорот со Расмусен, лидерот на ДУИ во Мала Речица се сретна со грчкиот амбасадор во Македонија Харис Лалакос. Како што соопштија од ДУИ, Лалакос изјавил дека во Грција има готовност да се интензивираат разговорите за постигнување компромис со Македонија во рамките на процесот што се води во Обединетите нации. Ахмети пак, ја подвлекол готовноста на ДУИ за директен придонес кон постигнување компромисно решение.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom