Лагана победа денеска над Пелистер
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Фени изгубија дома од Карпош по што скоро и официјално сме испаднати. Сега дури испадна дека ако ги тепавме Фени минатото коло, токму со нив ќе се боревме за испаѓање, и дури и големи шанси ќе имавме да се спасиме
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Јебига...
Керкез го избркале од тимот. Пред да си оди го обвинил тренерот заради лошата тактичка поставеност на екипата, па и тоа е една од причините за бркањето.
Нешто што и не е далеку од вистината дека Бране си нема везе од тренер. Треба помошникот да го стават да ја води екипата...
Пелистер не беше достоен противник денеска. Единствено за Радисављевиќ немавме одговор.
Какви кошеви даваше дечково, го мислиш тромав, не може да оди и оп ќе ги помине сите и ќе положи.
Ѕвер...
Кај нас Вест го реши мечот. Одличен меч изигра. Почнавме со наше водство кое не беше којзнае колкаво. Стандардно добар беше Сендиџ, Кралевски солиден, а и Васиљевиќ конечно проработе.
Мечот беше решен откако заигравме пресинг врз Радисављевиќ. Постојано двајца го чуваа, и Вест со напад од позади најчесто ја земаше топката. Другиве од Пелистер не можеа топка да примат, освен Голубовиќ кој повеќето од поените ги даде кога мечот беше решен.
За една минута мислам дека пет пати ја крадевме топката и акциите завршуваа со куцање или положување.
Печале здиве на клупата
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Не дочека ни од помошникот да му ја подаде таблата како и секогаш. Ја зема и кога ја фрли на земја. Им се развика си се тргна на страна и ги остави да одмараат до крај на тајм аутот
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Проработе и Трифуновски кај нас, Пајиќ ги разрока тројките, и пред се Вест си газеше па лесно отидовме на предност од над 20-тина кошеви, а откако и Лазаревски успеа да погоди по некој кош дојдовме до огромни 59-28 на полувреме.
Второто полувреме беше за заебанција и билдање на статистика на Вест
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Којзнае колку ќе му се крене цената на пазаров после утакмицава
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Кога ќе стават таму 25 коша и украдени топки и асистенции
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Пелистер ги доби последните четвртини ми се чини, но со минимални предности. Успеаа да ја намалат разликата до 27 на крај.
Две минути до крај имаше кога Бране ептен го испосмени цел тим, па никако не можевме да дојдеме до 100-тите поени.
Бевме на 98 коша цели 2 и пол минути.
Васиљевиќ погоди само едно слободно за 99 коша, а во последниот напад кога се напали цела публика за да дојдат до стотка, запнаа и мислам дека Лазаревски положи за прв пат годинава да ја надминеме границата од 100 поени за конечни
ВАРДАР-Пелистер 101-74!
Се надевам дека ќе победиме и таму, па со победа со Карпош Соколи во последно коло најубаво би ја заокружиле оваа сезона, иако сепак мислам дека веројатно ќе не добијат одново.
На трибини најслаба посета годинава. Одвај 60-тина гледачи од кои повеќето беа членови на Комбат. Али тоа е тоа, во втора лига повеќе
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)