(Не)корисноста на молитвата

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
А шо врска ова има со некорисноста на молитвите?
која врска има атеизмот со то што до сега ни еден верник не го замолил Бог да нема повеќе војни, глад, сиромаштија?
ете таа можност е во ваши раце, судбината на човештвото е кај вас кои поверувале и на кој вашиот Бог ви рекол :се што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде.
Толку колку што имаат твоите теми и ставови врска со Бог, иако цело време ти е во умот и устата.
И сега нормално, пошто немаш што да кажеш, ај малце слики и комедии ќе постираме оти како да кажеш дека Бог не го исполнува ветеното, како да се заплеткаш во објаснувања каде ќе мора да негигираш она во што веруваш. Така да, ај на шала да ја свртиме работата.
Умираат деца од глад од војни, живеат во беда и сиромаштија, болести пустошат, една искрена молитва до Бог и сето тоа ќе престане, прашањето е зошто до сега не престанало? нема верници или не сте се помолиле за такво нешто или бог ветил нешто што не може да го исполни?
Твоите инстант барања се навидум хумано-филетистички, но не се коресподентни со реалната состојба на светот инаку дури и твојот атеизам би ги решил.
Излези од инфантилната реторика ќе добиеш на визија за овој свет и комуниколошки квалитет.
 
Толку колку што имаат твоите теми и ставови врска со Бог, иако цело време ти е во умот и устата.

Твоите инстант барања се навидум хумано-филетистички, но не се коресподентни со реалната состојба на светот инаку дури и твојот атеизам би ги решил.
Излези од инфантилната реторика ќе добиеш на визија за овој свет и комуниколошки квалитет.

Мојата реторика се базира на пишаното во Писмата.
Дали тие зборови на Исус и Бог важат или не?
Јас не гледам конкретен одговор да кажиш “Бог не ги услуишува таквите молитви иако ветил ради ......... причини“ или “Верниците не го молат Бог да искорени војни болести глад и сиромаштија, туку за некои други потреби“
 
Твојата реторика е твоја, не е учење на Црквата.
Христовите зборови важат онака како ги артикулира преку својата Црква, не ја создал за декор во светот.

Бог постојано не слуша и услишува, јас веќе ти посочив живи примери со с. Порфириј кој беше наш современик, а да не оптеретувам со безбројни други низ цела црквена историја. Ти за жал безобразно негираш.

Бог остава да се изживее историјата на оваа апостатична состојба на светот(со постојано, активно следење и учество), се додека не го воспостави новиот свет-царството на љубовта во заедницата на св. Троица во која составен дел е Црквата-човештвото.
Сите несреќи и проблеми што ги имаме во актуелнава состојба ќе се претворат во вечна среќа и радост на вечното постоење.
 
Бог му вети на верниците дека СЕ што ќе посакаат преку молитви - тоа ќе добијат - ќе им се исполни. Нема никакви финти и трикови.
Да не се сега инаетиме за лото, за коли, жени, едноставно милиони верници, биле соочени со болести глад смрт.... сигурно искрено молеле да престанат војни, убивања, да исчезнат болести, гладдта..... Така им вети Бог, запишано е јасно, повторено неколку пати, луѓе се молеле ... и ... ништоооо...
 
Последно уредено:

Јас те советувам да размислиш како ќе се соочиш со тоа “ништоооо“, се разбира кога ќе пораснеш.:)
 
Мојата реторика се базира на пишаното во Писмата.

На форумов постои извесна „количина„ од членови, чие однесување е, најблаго речено, шизматично, така да ем го негираат Писмото, ем се повикуваат на Писмото, само тогаш и само онолку колку што им треба во даден момент, а тоа е кога (ќе) треба да поткрепат некој свој став, кој сам по себе е „контра„ од записите од Писмото.

И после, некој ќе ми забележи зашто сум ги споменувал протестантите...:icon_lol:
 
Последно уредено:
Само темата за "Научни чуда у куранот" е поглупа од оваа.
 
На форумов постои извесна „количина„ од членови, чие однесување е, најблаго речено, шизматично, така да ем го негираат Писмото, ем се повикуваат на Писмото, само тогаш и само онолку колку што им треба во даден момент, а тоа е кога (ќе) треба да поткрепат некој свој став, кој сам по себе е „контра„ од записите од Писмото.

И после, некој ќе ми забележи зашто сум ги споменувал протестантите...:icon_lol:
Не се негира бе Писмото Мики, со Писмото се укажува на погрешноста на денешното верување кај христијаните, се укажува на тоа дека тоа самото е доказ за различноста на она што Исус го велеше и она што денс разноразните цркви кои за себе тврдат дека се “христијански“ го проповедаат[DOUBLEPOST=1398968742][/DOUBLEPOST]
Јас те советувам да размислиш како ќе се соочиш со тоа “ништоооо“, се разбира кога ќе пораснеш.:)
како кај Рој аткинсон клипот, кога ѓаволот им рече на Христијаните и тие дека одат во пеколта “Евреите беа во право“ им рече....
 
Не се негира бе Писмото Мики, со Писмото се укажува на погрешноста на денешното верување кај христијаните, се укажува на тоа дека тоа самото е доказ за различноста на она што Исус го велеше и она што денс разноразните цркви кои за себе тврдат дека се “христијански“ го проповедаат.

Ма секако: сите се во криво, ама Ти си во право, нели...
 
И многу други го тврдат истото, и на почетоците на христијанството се верувало дека Исус бил само човек ништо повеќе, не е ова накоја нова теорија Мики, си егзистира таа уште со почетокот на христијанството
 
Ај да видиме дали и што „бил„ Исус:

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-380#post-6582391
 
Sorry za off topik:
@Let 3
Ti si ziv primer deka molitvite ne im koristat duri i na crkovni lica tuka na forumov ..nepak na obicni vernici \ clenovi :)
Gi rendas tolku vreme ...se otepaa od molenje duri i kaj Acid ....baram za ignore opcija... i cvrc....rezultati samo u dusha !
 
Веројатно во очајание до сега се префрлиле на вуду магии и бодат со игли моја восочна фигура
 
од човечко семе беше со татко, дедо, прадедо, прапрадедо....

...вели Let3.

Ај сега, потсети не‘, со библиски стих, што и‘ рече/благовести архангелот Гавриил на Мајката Божја па така уште повеќе се се „запетљаш„ во Твоево бесмислено повикување на Писмото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom