Вести: Археолошки истражувања во светот

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
71
Археолошките истражувања се многу значаен историски извор. Тие се посебно значајни за постарите епохи, кога пишуваните извори се ретки или воопшто ги нема.
На интернет пронајдов дека, во Долината на кралевите е пронајдена гробница која датира од XVIII династија и тоа е причина да ја отворам оваа тема. Се надевам дека во иднина оваа тема ќе ја користиме за да се меѓусебно информираме и за други новости од областа на археологијата.

Вчера повеќе медијуми ја пренесоа веста на Ројтерс дека во Долината на кралевите е откриена гробница во која се пронајдени педесетина мумии кои потекнуваат од времето на Тутмозис IV и Аменотеп III и подоцна
tomb1-550x300.jpg


tomb2.jpg


tomb3.jpg


http://www.heritagedaily.com/2014/04/egyptologists-identify-tomb-of-royal-children/102896
Гробницата е означена со KV 40. Откриени се пет подземни простории. Во централната просторија и три странични простории се откриени, мумуи, посмртни маски и други артефакти на повеќе од 50 лица. Пронајдени се натписи со „ принц “, „ принцеза “ што укажува дека се работи за гробница наменета за погребување на припадниците на фараонските семејства.Анализата на натписите откри имиња на осум до сега непознати, фараонски ќерки, четири принца кои до сега не беа познати.
Гробницата била повеќе пати ограбувана уште во антички времиња. Сепак се пронајдени остатоци од погребна опрема, ковчези и текстил..
Ѕидовите и самата гробница се оштетени од пожар кој веројатно го предизвикале античките крадци.
Во гробницата се пронајдени и остатоци од подоцнежни погребувања. Овие подоцнежни погрбувања потекнуваат од деветиот век пред новата ера. Тогаш во истата гробница се погребувани свештеници.
Инаку откритието и истражувањето на оваа гробница го извршиле археолози од Унивезитетот во Базел.
 
Имав можност да одам во Долината на кралевите пред 2 години (на меден месец :D) и можам да кажам дека (исто како и пирамидите) воопшто не е зачувана и одржувана, барем од моја гледна точка. Да се наоѓаше истата во САД, Американцива ќе вложеа пари за реставрација и ќе се утепаа од пари земање после тоа.
 
Ја имам и јас посетено долината на сенките пред неколку години. Многу е интересно што сега ја читам веста. Како турист, дозволено е да бидеш само пасивен набљудувач на нештата околу тебе, а тоа е во главно песок, песок, и повеќе песок. Можеш да го видиш само влезот до сите KV гробници, а вистинските тунели кои водат до вистинските гробници, ги отвараат премногу ретко. Кога бев јас, не избраа околу 30 души (незнам ни јас по каква основа) и ни дозволија пристап во длабочините на тунелите на Сетнакте, татко на денес добро познатиот Ремзис III. Чувството беше неописливо. Како што одиш се подлабоко и подлабоко, кислородот станува се поредок и потешко се дише(барем мене ми се слоши, кулминација беше во Луксор). Со секој чекор навнатре, ги чувствуваш морниците низ телото, тишината на ѕидовите и необјасливиот страв.

kv14-1.jpg

kv14-sarcophagus-01.jpg

Како изгледаше


Како цел комплекс, општо, Долината на кралевите беше огромна, та чинам дека имаше некакво превозно средство од KV до KV(Ако грешам, @Srcee нека ме поправи). Жално е што подлежела на масивни кражби, па голем дел е однесен од крадците. Само знам дека има уште мнооогу да копаат и допрва да имаат да наоѓаат "сувенири" од репарирани коски. :)
 
Долината на кралевите (арапски: وادي الملوك Wadi Biban el-Muluk; „Капија на кралот“) е долина во Египет каде во период од речиси 500 години (од 16 век п.н.е. до 11 век п.н.е. се закопувани кралевите и други благородници на древен Египет (од осумнаесетта до дваесетта династија).
Долината се наоѓа на западниот брег на Нил, наспроти Теба (денешен Луксор).

Со последните откриени гробови од 2005 и 2008 година, долината има 62 гроба и комори. Кралските гробови се украсени со сцени од египетската митологија. Сите гробови се најверојатно отворени и покрадени во минатото, но сè уште ја прикажуваат сликата на моќта и богатството на владетелите од тоа време.

Долината на кралевите е во центарот на интерес на бројни археолози и египтолози уште од крајот на 18 век, а гробовите и погребните обичаи од тоа време сè уште се интересни за истражување. Долината е посебно популарна поради откритието на гробот „KV62“ на Тутанкамон (заедно со приказните за „проклетството на фараоните“).


http://mk.wikipedia.org/wiki/Долина_на_кралевите
 
Според најновата студија од интернационалниот тим на научници предводен од Катерина Харвати од Универзитетот во Тубинген и Институтот за Човековата Еволуција и Палеоопшество " Сенкенберг " , првиот бран на миграција на модерниот човек од Африка започнала пред 130,000 години .
Во предвид се земени доказите од географските подрачја кои се сметаат дека се потенцијални места на патеки по кои се движеле,генетските податоци земени од околните народи и споредбата на податоците со останатите делови од светот .
Првиот бран започнал од кај Етиопија,Сомалија,долж брегот на Западниот Индиски Океан , преку Aрапскиот Полуостров во правец кон Пакистан,Индија па се до Западниот Пацифички Регион кон Австралија . Според вториот модел,второто ширење или делење на луѓето започнува во СевероИсточна ЕвроАзија околу пред 50,000 години .... Двете линии на сликата се доказ на генетското раширување и следење на потеклото на движење на народите

пс мое размислување , можеби Македонците а и другите народи да се дел од тој втор бран од пред 50,000 години , зш според најновите и последни генетски тестови ,Македонецот носи генетски тип од пред 26,000 години па просечниот Македонец е староседелец и физичкиот изглед е на ЈужноЕвропеец, бела кожа,црна коса и кафеави очи, типичен изглед на староседелец од Јужна Европа ...

Africa-migration-model.jpg


http://archaeology.org/news/2056-140423-africa-migration-model
 
Последно уредено:
Според најновата студија од интернационалниот тим на научници предводен од Катерина Харвати од Универзитетот во Тубинген и Институтот за Човековата Еволуција и Палеоопшество " Сенкенберг " , првиот бран на миграција на модерниот човек од Африка започнала пред 130,000 години .
Во предвид се земени доказите од географските подрачја кои се сметаат дека се потенцијални места на патеки по кои се движеле,генетските податоци земени од околните народи и споредбата на податоците со останатите делови од светот .
Првиот бран започнал од кај Етиопија,Сомалија,долж брегот на Западниот Индиски Океан , преку Aрапскиот Полуостров во правец кон Пакистан,Индија па се до Западниот Пацифички Регион кон Австралија . Според вториот модел,второто ширење или делење на луѓето започнува во СевероИсточна ЕвроАзија околу пред 50,000 години .... Двете линии на сликата се доказ на генетското раширување и следење на потеклото на движење на народите

пс мое размислување , можеби Македонците а и другите народи да се дел од тој втор бран од пред 50,000 години , зш според најновите и последни генетски тестови ,Македонецот носи генетски тип од пред 26,000 години па просечниот Македонец е староседелец и физичкиот изглед е на ЈужноЕвропеец, бела кожа,црна коса и кафеави очи, типичен изглед на староседелец од Јужна Европа ...

Africa-migration-model.jpg


http://archaeology.org/news/2056-140423-africa-migration-model
Пак ова комунистиве (масониве) ве лажат! :)
Какво преселување од Африка, какви бакрачи. Оваа “афричка“ теорија е измислена за да ја поткрепи единствено ексклузивноста на Еврејскиот народ како “избран“ народ од Бога и за зацврстување на Израел како прататко на народите (првиот човек Адам бил Евреин :) ) од кого се создале сите останати народи. А бидејќи прататковината на семитските народи (Евреите и Арапите) била територијата на Рогот на Африка (Етиопија, Сомалија, Судан) тогаш сите теории за потекло на човештвото тргнуваат од таму, и таму ексклузивно се прават ископувања за да се најде најстариот зачуван костур (вилицата на Луси - за која веројатно подоцна ќе се утврди дека му била внука на Адам :) ) и затоа од време на време се протураат само вакви теории од каде што сите раси потекнале од Африка.
И таквите научници треба да ги земеме за сериозни??? Колку уверливи докази имаат? Како ќе ме убедат дека од черепот на еден мајмун, настанал череп на друг мајмун, па на трет и т.н. се до човекот...
Па исто така можеме да ги земеме за сериозни и теориите (има ист број на убедливи докази) на онаа госпоѓата, како ли се викаше, мислам дека беше Блаватцки, која што “учи“ за неколкуте човечки раси кои се појавиле на земјата, за континентите Атлантида, Му и Лемурија...
 
Имав можност да одам во Долината на кралевите пред 2 години (на меден месец :D) и можам да кажам дека (исто како и пирамидите) воопшто не е зачувана и одржувана, барем од моја гледна точка. Да се наоѓаше истата во САД, Американцива ќе вложеа пари за реставрација и ќе се утепаа од пари земање после тоа.
Американска археологија се камени ножеви врвови од стрели колтови и винчестерки и седлото на Вајат Ерп
Овде во Македонија свршаваат на секоја најдена монета, бронзена игла, прстен, моозаик....
 
Се зборува дека Пољски археолози ја откриле гробницата на Аце Наш у центарот на Александрија, громница од мермер ... по кој кознае пут .... досега сто пати била истражувана и никако не погодиле дека е таа .... овој пат се сигурни велат :D нашле и коски па че ги фрлеле на анализа ....доле имаше пуч меѓу наши и Арапиве од соседот ... :) добар е да го следите момакот Македонец до 3333 година ... има супер аргументи .... (ова е зрѓан превод, ме мрзеше)


http://worldnewsdailyreport.com/egy...e-discovered-the-tomb-of-alexander-the-great/


alexander-460x307.png
[DOUBLEPOST=1399030978][/DOUBLEPOST]DURHAM, Англија-На 3200-годишен скелет на човек на возраст меѓу 25 и 35 во времето на смртта покажува знаци на метастатски карцином-малиген тумор кој потекнува од непознато меко ткиво и се шири низ телото на неговата јака коски, Плешките, горниот дел од рацете, пршлени, ребра, карлицата и бутните коски. Михаела Биндер од универзитетот во Дурам открила гробница на богат човек на местото на Амара Запад во Судан минатата година. "Ова може да ни помогне да се разбере речиси непозната историја на болеста. Имаме многу малку примери пред првиот милениум "

Worlds-Earliest-Metastatic-Cancer.jpg


[DOUBLEPOST=1399031325][/DOUBLEPOST]Египтолози ископувале на гробишта на местото на Hierakonopolis и откриле остатоци од шест мачки, откритие кои би можело да помогне за да се помести датумот на припитомувањето на мачката во Египет, назад за 6000 години.

http://archaeology.org/news/1906-140317-egypt-cats-domestication

1622484_10152284491594795_2144817246_o.jpg
 
Последно уредено:
Сретнав напис за уште едно интересно окритие во Долината на кралевите. Написот е од Лајф-сајанс
http://www.livescience.com/45271-artifacts-discovered-in-egypt-valley-of-the-kings.html
Се зборува за откривање на четири артефакти кои укажуваат можност дека во близина се наоѓа гробница. Било вообичаено во близината на гробниците да закопуваа пет предмети, од кои четири формираат кутија, а петиот ја покажува оската на гробницата ( инаку јас за ова сега првпат слушам )
Но петиот предмет го нема, а ја нема ниту гробницата. И во написот се шпекулира дека се работи за незавршена гробница на Аменхотеп IV.
Ви препорачувам да го погледате написот
valley-kings-sarcophagus-10.jpg


artifacts-valley-kings-2.jpg


artifacts-valley-of-kings.jpg
 
Речиси сите медиуми ја пренесоа веста поја прв ја објави Индипендет - подморски археолози ги пронашале остатоците од бродот Санта Марија, со кој Колумбо патуваше на првото патување до Америка
http://www.independent.co.uk/news/s...lumbuss-flagship-the-santa-maria-9359330.html
9-SantaMaria.jpg
 
Најдов интересна вест:
http://www.archaeology.org/news/2262-140625-dachla-oasis-cambyses
Египтологот Олаф Капер, од Лајденскиот универзитет открил стар напис во кој се зборува за исчезнатата персиска армија, која според Херодот исчезнала во египетската пустина
Погледнете:
The lost army of Cambyses
http://en.wikipedia.org/wiki/Cambyses_II#The_lost_army_of_Cambyses
 
Во Луксор, шпански и египетски археолизи, истражувајќи мавзолеј откриле хероглифи од 18-тата династија. Владетелите се прикажани во истиот простор, а нивните имиња се прикажани еден покрај друг. Ова укажуваа дека Аменхотеп III и Аменхотеп IV, инаку познат како Ехнатон, владеел заедно девет или десет години
http://www.archaeology.org/news/1819-140210-luxor-pharaoh-chronology

luxor.jpg
 
На територијата на Етиопија е пронајдена фосилизрана вилица на хуманоид, која, според научниците, целосно ќе ги промени учебниците по историја
istor-300x166.png

http://zase.mk/video-otkritie-koe-ke-ja-promeni-istorijata/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom