Не христијани туку евреите беа прогонувани во првите векови (христијаните покрај нив задоа тро од нивната слава) Најголем неприател на римското царство во тие први 2 века - беа евреите, дигаа востанија, водеа војни, некогаш римјаните претрпуваа тешки порази, некогаш евреите... Покрај тоа и кога беа победувани (покорувани) за разлика од останатите народи кои римјаните ги поробуваа - евреите не престануваа со отпори, неќеа да го прифатат римскиот цар за свој, не го признаваа за бог, неќеа во своите храмови да ,у принесуваат жртви како на бог, не дозволуваа симболи на римските легии јавно да се носат и поставуваат, не сакаа да плќаат данок...... Со воена победа - маките на римјаните не завршуваа, идеше до атентати, герилски напади а народот ги подржуваше помагаше и криеше бунтовниците. Толку беше заострена ситуацијата што римскиот цар наредил сите евреи да се протераат од Јудеја, ерусалем беше срамнет со земја како и многу други градови храмот урнат..... И во дијаспората каде се населувале евреите - биле лесно препознатливи, римското царство ги апсорбираше поробените народи, полека стануваа дел од римската цивилизација, прифаќаа римски пагански богови, царот, даноците... евреите си задржуваа вера, јазик, и постојано имаа бунтовнички став, Реченицата која му се припишува на Исус “кој за меч се фаќа - од меч ќе загини“ всушност е од време на неуспелиот бунт на еврејската дијаспора во Александрија, радикалните меѓу нив (зелотите) се злагаа за борба и таму со рим, но свештениците знаејќи дека е тоа безнадежна борба со толку моќен неприател, тоа го одбиваа велејќи ја таа реченица (зелотите беа и околу исус.
Првите христијани во најголем број беа Евреи, пошто Исус и не основал друга вера тој си беше јудеец - припадник на назарените (една од јудејските секти) така да за римјаните во првите 2 века (додека не почна полека да се создава христијанството и се одвојува од јудаизмот) ги сметаа со право како евреи, римјаните не се замараа да навлегуваат во теолошки разлики меѓу разни еврејски политички или верски фракции, удираа подеднакво жестоко над сите, фрлаа во арени евреи та биле јудејци та биле назарени та биле тервапети..... За римјаните исус беше одметник, еврејски бунтовник против рим и ради тоа бил распнат и така ги гледаа сите негови следбеници - како секогаш на бунт спремни евреи.