Фан Клуб: Борусија Дортмунд

tumblr_n3kmu3Movw1rhs8mlo3_r1_250.gif


Konceno najdov gif :)
 
Конфликтот помеѓу двајцата фудбалери на Борусија Дортмунд Ројс и Вајденфелер постои веќе некое време, а кулминација доживеа во натпреварот од купот против Волфсбуг кога голманот го удри крилниот напаѓач, а тренерот Клоп мораше да се вмеша и да ги смирува страстите.

Вајденфелер му замери на Ројс што не се враќаше во одбраната, но Клоп најде оправдување за еден од своите најдобри напаѓачи.

“Марко играше одлично во последните неколку недели и едноставно се случи да се почуствува уморен”- изјави Клоп.

Поранешниот германски репреземтативец Мемет Шол во анализа за германските медиуми изјави дека често се наоѓал на местото на Ројс во текот на својата кариера бидејќи голманите понекогаш не го сфаќаат уморот на играчите.

“Тренерот и капитенот би требало да бидат гаранција за мир во вакви ситуациии”- изјави Шол.

Многу медиуми пренесоа дека Ројс е незадоволен и побарал да замине од клубот и тоа веднаш беше поврзано со преминување во Манчестер Јунајтед кој веќе долго време е заинтересиран за неговите услуги.
 
^Врска нема ова.

Вајденфеллер ко капитен мора да интервенира и читав после утакмицата одма се смириле. И Кан на терен јадеше луѓе па после спортски се поздравуваше. На терен е друг свет и не гледам дека тие двајца имаат некој меѓусебен проблем. Изгледа се бараат причини за да се направи трансферот во Манчестер пореален ;)[DOUBLEPOST=1397931910][/DOUBLEPOST]
1488686_495782553855755_2291584798454367643_n.jpg


Невен на Јужна, така го личит (y)
 
Последно уредено:
Англиските медиуми како прв кандидат за менаџерската позиција го наведоа името на Клоп, со образложение дека менаџерот на тренерот на Борусија веќе бил контактиран од претставниците на Јунајтед.

Истите извори објавија дека Клоп се согласил по завршувањето на сезоната да се пресели во Манчестер. Овие наводи на англиските медиуми ги демантира самиот Клоп.

„Манчестер Јунајтед е голем клуб, многу добро ги познавам неговите извонредни навивачи. Но мојата посветеност кон Борусија не може да се замени со ништо друго.“, изјавил Клоп за британскиот Гардијан.

Јирген Клоп во Дортмунд пристигна во 2008 година од Мајнц, тој во 2011 и 2012 година со Борусија ја освојуваше двојната круна во Германија, а минатата сезона играше во финалето во Лигата на шампиони.

Договорот на Клоп со Борусија истекува во 2018 година.
 
Добар е Имобиле, редовен е сезонава во Серија А, мислам дека е во најдобрите 3 стрелци, ако не е и најдобар. А и 24 години е, така да има простор за учење. :)
 
Со доведување на двајца од Адриан Рамос/Дрмиќ/Имобиле Борусија и наредната сезона ќе има одличен напад и нема многу да се чувствува отсуството на Левандовски.
 
Со доведување на двајца од Адриан Рамос/Дрмиќ/Имобиле Борусија и наредната сезона ќе има одличен напад и нема многу да се чувствува отсуството на Левандовски.
Фактички сакаш да кажеш еден од Дрмиќ и Имобиле, оти Рамос потпиша веќе. :D
 
Фактички сакаш да кажеш еден од Дрмиќ и Имобиле, оти Рамос потпиша веќе. :D
Па не знав дека официјално е веќе играч на Борусија тогаш уште еден од Имобиле/Дрмиќ и топ ќе е нападот и наредната сезона.
 
Ија мислам неможе да се доведе ист играч како Лева но тоа е шанса за промени во системот. Рамос е тип Лева лајт а Имобиле има други карактеристики но заедничко им е што се ладнокрвни пред гол. Рамос, Имобиле, Гинтер, Ји, Шахин и можеби Кагава ако се одлучи да дојде, ќе биде одличен трансферпериод.
 
Ија мислам неможе да се доведе ист играч како Лева но тоа е шанса за промени во системот. Рамос е тип Лева лајт а Имобиле има други карактеристики но заедничко им е што се ладнокрвни пред гол. Рамос, Имобиле, Гинтер, Ји, Шахин и можеби Кагава ако се одлучи да дојде, ќе биде одличен трансферпериод.
A замена за Ројс, кој планирате да ви биде? :D
 
A замена за Ројс, кој планирате да ви биде? :D
Вгодина тоа ќе се думаме, со 35м ЕУР сигурно ќе се најде некој. Ама сепак има мала надеж дека ќе продолжи година-две.
 
Според италијанските медиуми Марио Гомез ќе се врати во бундеслигата а следна дестинација се Дортмунд или Волфсбург. 10274294_454793724624040_2699998534414232774_n.jpg
 
Со Гомез Дортмунд ќе го воведе пресингот на ново ниво :ROFLMAO:
 
Еј семоќниот Гомез уште постоел како играч:pos::pos:..какви времиња беа тие што Баварците ме убедуваа дека бил добар па на ниво со Ди Натале го донесоа:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom