Англиските медиуми како прв кандидат за менаџерската позиција го наведоа името на Клоп, со образложение дека менаџерот на тренерот на Борусија веќе бил контактиран од претставниците на Јунајтед.
Истите извори објавија дека Клоп се согласил по завршувањето на сезоната да се пресели во Манчестер. Овие наводи на англиските медиуми ги демантира самиот Клоп.
„Манчестер Јунајтед е голем клуб, многу добро ги познавам неговите извонредни навивачи. Но мојата посветеност кон Борусија не може да се замени со ништо друго.“, изјавил Клоп за британскиот Гардијан.
Јирген Клоп во Дортмунд пристигна во 2008 година од Мајнц, тој во 2011 и 2012 година со Борусија ја освојуваше двојната круна во Германија, а минатата сезона играше во финалето во Лигата на шампиони.
Договорот на Клоп со Борусија истекува во 2018 година.