SLaCk
Remember me?
- Член од
- 23 ноември 2005
- Мислења
- 1.451
- Поени од реакции
- 18
Случајно налетав на едно интересно интервју со албански историчар кој бил осудуван за време на комунизмот и кој лежел затвор и во СКопје проф. д-р. Каплан Ресули. Во него тој опишува од каде потекнуваат албанците и како тие немаат врска со староседелците на Балканот и за словенското потекло на албанската држава. Се надевам дека и него нема некој да го нарече провокатор.
Професор д-р Каплан Pесули е познато име во албанската наука и култура. По
неколку бурни децении поминати во Албанија, од кои најголем дел како
политички затвореник на Енверовиот режим, веќе десетина ...
- Важите за своевиден албански Мандела, па и за политички
затвореник-рекордер на Балканот. За недоволно информираните, на почетокот,
кажете ни накусо нешто за тоа.
- Во поранешна Југославија сум казнет на две години строг затвор божем за
непријателска пропаганда против социјализмот и братството и единството.
Откако ја издржав казната до последниот ден во затворот во Идризово, сакајќи
да пребегнам во Советскиот Сојуз, "заглавив" во Албанија со која што СССP
токму тие денови ги прекина дипломатските односи. По десетгодишната
интернација бев уапсен од албанските власти и осуден на 43 години
најмонструозен затвор, повторно божем за непријателска пропаганда,
поседување некаков револвер без дозвола, наводно подготвување бегство и
навреда на иследникот. Така, вкупно сум казнет 45 години, од кои само за
непријателска пропаганда 37, со што мислам дека сум најтешко казнет
политички затвореник на Балканот, па можеби и своевиден светски шампион.
Всушност, да не дојдеше до промените веројатно се уште и ден денеска ќе бев
в затвор. На оваа казна треба да се додаде раскинатото семејство во
Југославија, во кое за среќа немав деца, како и второто семејство, во
Албанија, во кое имав две деца. За цело време на затворот, не само што не ми
дозволија да си ги видам децата, туку не знаев ниту дали се живи. Никому не
му дозволуваа да ме посети, или да ми даде парче леб. Ниту на затворениците.
Тие што го сторија тоа беа казнувани, а поетот Гани Скура, кој дојде да ме
види не само што не му дозволија туку, пред затворот, на лице место, го
уапсија и го казнија на 10 години затвор, божем за политичка пропаганда.
Во неговото обвинение, како единствен престап, му се припишува: "отишол во
затворот Бурељ да го види народниот непријател Каплан Pесули и му однесол
леб".
Додека чмаев во злогласниот затвор во Бурељ десет пати на живо ме
одраа, во буквална смисла на зборот, барајќи од мене да се откажам од
југословенското (црногорско) државјанство, југословенската (црногорска)
националност, од моите идеи, па и од сопствените деца. Ми наложуваа да се
изјаснам како Албанец, не само по државјанство туку и по националност.
Неколкупати се обидоа и физички да ме ликвидираат, па дури и откако излегов
од затворот, три пати се обидоа да ми извршат атентат - два пати во Тирана и
еднаш овде во Женева. Самите Албанци, не само моите другари, туку и оние
непријателски расположените кон мене, уште додека бев во затворските ќелии,
ме прогласија за АЛБАНСКИ МАНДЕЛА. Дури и мојот отворен, најголем
непријател, албанскиот писател Исмаил Кадаре, тие денови, почетокот на
деведесеттите години, додворувајќи им се на европските кругови и на Аmnesty
International, кои се заложија за мое ослободување, не се стеснуваше да ме
нарече мартир и херој на Албанија.
- Пред да се осврнеме на тој период, и особено на вашиот специфичен однос со
најпознатата, но несомнено и најконтраверзна личност на албанската култура,
Исмаил Кадаре, дозволете да се вратиме на најзначајните фази на вашата
творечка дејност, што доведоа и до Вашата поширока книжевна и научна
афирмација. Дисиденството, се чини, од самиот почеток беше ваш постојан
придружник...
- Во Дубровник 1952-ра година ја објавив поемата "Бојана" во која
Југославија и Албанија отворено ги нареков Голгота во која народите се мачат
и страдаат. Веднаш телефонски бев повикан од мојот "земјак" Милован Ѓилас
кој, притоа, ми се закани дека така ќе ми ја притисне главата што место да
пеам ќе почнам да лелекам. И беше така. Слушам дека во Југославија го
сметаат М. Ѓилас за дисидент бр.1. Ако веќе навистина нема некој друг, тогаш
знам дека јас тоа бев барем малку нешто пред него !
- Првата затворска казна, за жал, Ви се случи токму во Македонија, каде што
извесно време во тој период работевте како просветен работник.
- Да, бев наставник во Тетово кога ме уапсија. Како што може да се види и од
обвинението, во Македонија не сум сторил ништо кривично. Обвинет бев дека
божем сум вршел непријателска пропаганда во Црна Гора. А бидејќи бев и сум
црногорски државјанин требаше таму и да ми се суди, во мојот роден град
Улцињ. Причината за моето судење во Тетово беше тоа што таму немав ниеден
свој, а УДБ-а, која знаеше дека сум апсолутно невин, се плашеше дека моето
судење меѓу моите улцињани би можело да предизвика некои несакани проблеми.
Затоа и нареди да ми се суди во Тетово, и тоа зад затворени врати. Иако не
сум тетовчанец, жителите на градот, и особено моите ученици добро ме
познаваа и како професор и како писател. По улиците на градот, од затворот
до судот, бев испратен со отворена поддршка од многумина од нив, а веројатно
за многумина ќе биде интересно дека клучен сведок на УДБ-а против мене беше
нивниот тогашен соработник, а сега наводно голем борец за албанштината, Адем
Демаќи. Лично, државниот обвинител, во својот завршен збор, обвинувајќи ме
како агенс спиритус на југословенската младина против режимот и барајќи за
тоа да бидам казнет, изјави дека сум бил и оти се надева дека и во иднина ќе
бидам "конструктивен граѓанин" на Југославија. Интересно е што и Фатос Нано,
откако го издржав затворот во Албанија, овде во Женева ме нарече
"конструктивен граѓанин" на Албанија, повикувајќи ме да се вратам таму, во
Тирана.
- Вашето прво поголемо животно разочарување, рековте, Ви ја всади идејата да
заминете во Советскиот Сојуз, но судбината сакаше повторно грубо да се
поигра со Вас и долги години да Ве "задржи" во албанскиот логор Бурељ .
- Точно, беше тоа извесно време по целосното издржување на затворската казна
во Идризово. Инаку, Бурељ не беше затвор туку стратиште. Додека во Идризово
велеа "Не си овде за да те гоиме, туку коските да ти ги броиме", во Бурељ
тоа беше: "Ова место се вика Бурељ, ку хsн е нук дел" (каде што се влегува,
но не се излегува). И сторија се навистина никогаш да не излезам од таму.
- Бројните дела што ги напишавте тука веројатно Ви помогнаа да го закрепнете
духот и, сепак, да издржите. Впрочем, токму тука е создадено и Вашето
најпознато дело, романот "Предавство"?
- Од околу 200.000 страници напишани за тие триесетина години половината
успеав да ги изнесам од затворот и ги имам овде, во Женева. Другиот дел ми
беше одземен од властите и не знам што се случи со нив. � оманот
"Предавство", инаку, самите Албанци го прогласија за ремек-дело на
албанската литература. Еден од најценетите албански критичари, проф. Тајар
Завалјани, дури него го нарече единствено достојно дело објавено во Албанија
по Втората светска војна. Таквиот невиден одзив на романот во Албанија и
меѓу албанската дијаспора во светот, меѓутоа го возбуди Енвер Хоџа кој
работеше на тоа најголем албански книжевник да биде неговиот роднина и
сомисленик Исмаил Кадаре. Затоа, веднаш "открија" дека романот, всушност, не
сум го напишал јас, настојувајќи дури и физички да ме ликвидираат, туку Адем
Демаќи, за кого се надеваа дека, во меѓувреме, ќе умре во југословенските
затвори. Откако Демаќи излезе жив од затворот, а и јас се спасив од смртта,
сега веќе преку печатот развија кампања против мене, невидена во историјата
на човештвото, дека, замислете, романот ми го "напишала" УДБ-а за да се
афирмирам со него во Албанија и на тој начин да сум му ја узурпирал власта
на Енвер!?