Вашата најголема цел како родител, е да подигнете деца, кои ќе го најдат патот до успехот и среќата во животот. Децата, кои развиле чуство на одговорност, од најмали години, се склони да бидат посамостојни, независни и одговорни во позрела возраст.
Првите неколку години од животот се основа за нивната самодоверба, довербата во другите и светот околу себе. За да му помогне на детето во градење на одредени норми и правила на однесување, за да развие добра основа за развој на одговорна и почитувана личност, родителот треба да биде многу смирен, упорен, спремен да жртвува, да корегира… со многу љубов, внимание и топлина.
Родителот треба да знае дека, некои форми за казнување се
неадекватни:
Физичко казнување
Една неформална дефиниција на оваа казнена форма би била…шамарање на детето, во било кој дел од телото, особено лицето…удари со рака или прачка.
Физичкото казнување, како метода за корекција и контрола, каде се користи физичка сила, всушност значи неспособност на родителот да насочува, да биде пример.
-
“Знам да го наплескам, ретко- но добро, затоа е мирен!” …оваа и слична на неа фрази не е убав изговор. Секоја форма на физичко насилство, е форма на насилство, која се одразува врз здравјето на детето. Физичкото насилство, често во реалноста е имитирано… Тоа создава повредена личност, која го практикува тоа насилство како возрасна, зошто таа незнае за други форми и методи за насочување кон сакано однесување, освен преку агресија. Време е тој синџир да се прекине, ВЕДНАШ!
Емоционално/психичко казнување
-“Нема да те сакам ако…“, “Колку си глуп“ , “Многу си лош“….повредата со зборови врз детето од различни причини, понижувањето, подигрувањето, насадување чуство на вина во него, изолација…се исто форми на насилство.
Овој тип на казна, укажува дека, детето нема добар карактер според родителот (глуп, лош, неподнослив…). Детето како резултат на тоа, гради мислење за себе, врз основа на епитетите кои ги слуша од родителот, од најрано детство. Иако многу родители сметаат, дека ваквата форма на казнување, нема никакви последици, често се случува токму тие да предизвикаат сериозни емоционални трауми.
Не постои рецепт за одгледување на деца, но има некои методи, кои ќе ви помогнат да се справите полесно како родител, а во исто време, вашето дете да расте во одговорен и уверен во себе, возрасен човек.
-Кога сте заедно, поминете го времето квалитетно –
играјте со него,
моделирајте, цртајте,
слушајте музика,
читајте приказни, шетајте, хранете се заедно, разговарајте…
-Вие, родителите, сте тие кои ги одредуваат правилата и границите на однесување. Вие треба да ги објасните, да ги повторувате, да верувате во нив. Правилата на добро однесување, не се вродени…тие се учат!
-Правилата треба да бидат точни и јасни- детето има потреба да знае точно, што се бара и очекува од него. Секогаш треба да имате добра причина, кога барате од него, да направи нешто…мора да му ја објасните.
-Создадете рутина во однесувањето…точно време за храна, игра, прошетка…и бидете и доследни. Тоа е база за стекнување на добри навики. Од друга страна, премените се многу важни…допуштете детето да има време за себе и прави нешта по сопствен избор.
-Поважно е што правите, а не што зборувате…затоа бидете добар пример за сопствените деца.
-Создадете правила и објаснете зошто тие се добри. Не е доволно, само да го казните детето, затоа што не ги следи правилата, ако тоа не ја разбира нивната суштина. На пример, објаснете:
-Ако така правиш, тоа ќе го повреди другото дете и ќе биде тажно…Како ќе се осеќаш ти, ако некој друг ти го прави истото на тебе?…Треба да почнете со објасување, додека детето е мало. За да стекнете навика, секогаш да му објасните, зошто некои форми на однесување се добри, а други не.
-Наградете го доброто однесување на вашето дете, зошто тоа е најдобар начин да му помогнете да развие добар однос. Наградата, дури и преку добар збор, е далеку посилен мотиватор од казнувањето.
- Критикувајте го неговото однесување…“Не е убаво да ги расфрлаш играчките насекаде…собери си ги во кутијата“…а не личноста на детето “Право зверче си! Лошо дете! Веднаш да си ги собрал играчките!…
- Сфатете ги емоционалните изблици на детето и насочете го од неприфатливи, кон прифатливи…“
Знам дека си нервозен, но да си играш со стаклените чаши (или некој остар предмет) е опасно…ајде да направиме заедно кула од песок во дворот, знам дека тоа ќе ти се допадне...”
- Познавајте се… ако сфатите дека сте на работ на нервите и губите контрола, подобро напуштете ја собата. Нормално е да бидете нервозни од време на време, но не е нормално, да го истурате својот гнев, преку шамари врз детето.
И најважно, не заборавајте да му покажете секој ден, колку многу го сакате.
Ако и покрај се мислите дека не сте доволно добар родител, побарајте помош од психолог или педагог, кој може да ви даде добри насоки и совети. Не заборавјате дека, тоа не е знак на слабост, туку желба да бидете подобар родител и да му обезбедите на своетот дете, убаво и квалитетно детство.
Л.Ѓ.
Извор
Друг интересен текст...