Јас мислам дека 2 пати јасно го одговорив ова прашање на твоја територија, да размножувањето односно оставање на некој/и позади себе е мојата суштина. Не е за џабе е речено, децата се нашето најголемо богаство!
Еден ден ќе умреме, нема да постоиме. Нашата крв треба да тече во вените на нашите деца, внуци.....
Мојот став не е погрешен, како што претпоставувам не е погрешен ни твојот без разлика каков и да е затоа што сите имаме различна суштина на живот. Се сеќаваш дека те прашав, а каква е суштината на оние кои не сакаат да имаат деца?
И јас ја критикувам религијата, дали тоа може да се нарече јадење на бурек или изнесување на сопствените ставови?