Донекаде
Славија-ССК Младинец 4-1
Одлична утакмица на Славија со која дојдоме до нова победа и досега пеерфектен учинок од 10 победи на 10 меча.
Во составот се врати Иле Мандаровски, столбот во одбраната, па се знаеше дека противникот нема шанси.
Горе-доле излеговме во најсилниот состав.
Шансите пред противничкиот гол се нижеа ко на филмска лента
Гажевски во прво полувреме даде гол по една топка која ја прими во длабочина, но утна и уште 3-4 чисти шанси.
Еднаш одбрани голманот на ССК, два пати топката заврши крај голот, а еднаш немавме среќа и маестралниот удар со глава по центаршутот на Даиловски, заврши во стативата.
ССк имаше една единствена прилика, но тоа воопшто не беше изградена шанса.
Ако примевме таков гол, дефинитивно требаше да ја повлечеме екипата и да се откажеме од лигата.
Имено нашиот голман дегажираше искочен на работ на шеснаесетникот. Топката му легна на противнички дефанзивец на работ на НИВНИОТ шенсаесетник. Ја зарогачи со цела сила, и сите само немо гледавме како паѓа кон нашиот гол, но заврши во стативата
На 2-0 зголеми Гажевски со вториот гол, по една мешаница по наш корнер.
Тогаш натпреварот стана интересен, кога судијата досуди непостоечки пенал за гостите.
Следуваше нафрлување од цела екипа врз судијата, давење за врат итн
Па уште при пеналот, имаше неправилности бидејќи нивниот играч застана, па продолжи и го измами нашиот голман.
Судијата не го пренови пеналот, па уште толку беше нападнат
Ние напаѓавме цело време и постојано имавме шанси, но не ги реализиравме.
Сепак до крајот им дадовме уште два гола преку Апостоловиќ и Рајков за конечни и убедливи 4-1.
Последниот пораз ни беше во ланската сезона кога во трета лига загубивме со 1-2 против Шкендија во претпоследното коло...
Мечот од минатото коло со Цементара не се одигра, бидејќи Цементарница се октажала од лигата.
Останаа уште три меча, на гости кај Текстилец, дома со Вардар 75 и на гости кај Ново Лисиче.
Сите мечеви се со останатите силни противници од лигата.
Со Текстилец ќе биде занимлива после оштата тепачка на наш терен