Недоусдени чисти пенали на дерби дуелите со Работнички, Турново и Металург кои директно влијаеа врз резултатот, службено одземена утакмица поради грешка на ФФМ, плус казна од три бода и суспензија за Бујчевски од истите причини. Тешко дека некој не фаворизира за титулата
Не заслуживме денес бодови во Железара, но и не смееше да се игра фудбал на овој стадион, ама сепак...
Кога ќе се соберат сите повреди во екипата, фактот дека во дерби дуели имаме 2 победи, 4 ремија и 6 порази, новиот неписмен тренер, и тоа дека сеуште сме во игра за титулата, може да се сфати каков е квалитетот на лигата
Има некои математики меѓу екипиве, кој ни е крив што не сме си нашле екипа што ќе игра за нас годинава

Лани си ја имавме Шкендија како џокер, годинава ни го свртеа грбот или па ги плаќавме долговите

Сеуште самите си ја креираме судбината, со пет победи би требало да сме шампиони, епа нека не кукаат и нека си засукаат ракавите...
Тоа со картите го прават повеќето екипи во првенствово особено кога на гости им доаѓаат Вардар и Шкендија... Никој не продава карти, ама ние кога гостуваме си продаваат карти од мечеви што им останале...
На тоа поле Металург работи како Славија кога за Славија-Лисиче се продаваа карти Цементара-Хафнарфјордур од пред сто години
