@Acid , ова е трет профил на
@Gurdjieff. Еднаш го пријавив за користење две кориснички имиња (вториот јузер му е
@Zen Zen ), не го банираше.
Пријавувам повтрно. Значи земи банирај го, ќе почне повторно да ни се качува на глава на сите со глупостите негови. Ептен би ти бил благодарен.
Дечко, по мене требе тебе да те банираат за лажни пријави.И не ме цитирај повеќе ќе те молам, незнам која ти е целта.[DOUBLEPOST=1397926017][/DOUBLEPOST]
Ох, мислам дека ти кажа „Е сега ти види кој се идиотите„! Па ти мене не ме навреди!?
И јас баш ја сакам критиката, секако повеќе позитивната, но прифаќам и „вицови„ на моја сметка.
Мојата смисла на живот е да оставам некој позади мене. Да има некој кој ќе ме сака и кого ќе сакам односно да има некој за кого ќе живеам.
Човекот има потрајни и поцврси чуства за разлика од животните, тоа е само една разлика- љубовта, тагата, омразата....
Добро, а која е суштината на животот на едно животно? Несвесно и глупаво? Сите души одат во рајот или во пеколот, а секое живо суштество има душа, нели? Да иде во рајот без разлика колку е крволочно? Или целиот живот да го помине пронаоѓајќи начини како да преживее?
Хахаха, ем ти реков, не ми давај инстиктивни, сексуални, нагонски, егзестицијални одговори.Сите тие елементи се присутни и кај животните.
Разликата помеѓу животните и луѓето е токму во тоа, луѓето можат да си го постават прашањето за смислата на животот.Очигледно е дека атеистите немате одговор на ова прашање.
Еве прочитај го ова, нема да ти биде на одмет:
Утринава, покрај хотелот каде што отседнав помина големо стадо крави. Бидејќи се приготвував за претстојното предавање, си помислив: „Сигурно овие крави се многу среќни. Тие воопшто не размиелуваат зошто постојат на бвој свет. Овде работата е јасна: Даваат млеко и на крај месо за исхрана на луѓето." Сфаќате ли? Животните не мораат да мислат за смислата на животот. По ова животните се разликуваат од луѓето. И ова е најстрашното, што има големо мноштво луѓе кои живеат и на крај умираат без притоа ниту еднаш да се запрашаат: „Зошто всушност живеам?" Тие луѓе и не се разликуваат од животните. Гледате? Разликата меѓу човекот и животното е мала. А човекот го прави човек токму размислувањето: „Зошто сум овде? Зошто сум човек? Зошто живеам?"
Гледате? Има многу површни и избрзани одговори. Во нашите весници често се среќаваат посмртни огласи. Таму најдов еден грозен: „Целиот свој живот ти работеше и само работеше и никогаш не мислеше на себе. Да се трудиш за своето семејство - тоа ти беше највозвишена должност." Дали ова ви е познато? Секогаш кога го читам ова се возбудувам и велам: „Па ова е некролог за еден коњ, зар не?" Еден коњ треба да работи. Но јас не верувам дека човекот е создаден само затоа да 'рѓа. Тоа би било мизерно. Кога смислата на нашиот живот би се состоела од: „Само работата беше твојот живот...", подобро би било уште во десеттата година да се самоубиеме. Тоа е грозно! He, тоа не е смислата на нашиот живот. Еден друг студент ми рече: „Еве, јас ќе станам доктор. И кога ќе спасувам човечки животи, не е ли тоа еден осмислен живот?" Јас му одвратив: „Добро, но ако не знаеш зошто живее човекот, нема никаква смисла да им го спасуваш животот на луѓето. Тогаш подобро би било да им дадеш инекција да умрат." Немојте сега погрешно да ме разберете. Немојте да речете дека велам оти е подобро на луѓето да им се даде инекција да умрат. Сакав да кажам: „Тоа не е вистинскиот одговор на прашањето за смислата на животот."