Агендата на хунтата е да остане власт, а за тоа мора да ги слуша сите инструкции од тие што ги ставија на власт со финасирање и иницирање на воениот удар.
Што и да се случи сега понатаму САД секако се во ќар. Го спречија влегувањето на Украина во Евроазискиот економски сојуз и направија состојба на целосна омраза кон Русија, ја вовлекоа Русија во скапа специјална војна, и на добар пат се да ја вовлечат во целосна војна.
Ох, да супер ќе им беше да можеа да земат цела Украина со се Крим (а најверојатно тоа и им беше оригиналниот план), ама да бидеме објективни... и вака воопшто не им излегуваат лошо сметките.
Секој со свои агенди. Исто како во случајот со Албанциве, кои одработуваа 2 агенди, својата и таа на САД бидејќи во 90% се поклопуваа.
Пучистите се разбира сакаат да останат на власт, Олигарсите сакаат да го држат Путин на страна и со тоа се створени предуслови за имплементирање и на западната агенда пред се’ од САД.
Според мене овие се точките каде им се преклопуваат интересите:
- минимизирање на руското влијание во Украина со воведување на сила специјални мерки кои на крај требаше да доведат до бркање на Русите од воената база на Крим, отсекување на руската воена индустрија која во голем дел се снабдуваше од Украина, што секако воено-логистички драстично би ја онеспособило Русија.
- агресивна де-русификација на Украина, создавање на се’ потешки услови за украинските Руси што би резултирало со нивно постепено емигрирање или асимилирање, а индиректно би значело понижување на Русија и неможност да ги заштити своите сонародници што би се одразило во незадоволство кон актуелната Власт на Путин.
- на долг рок ќе се врши се’ поголема милитаризација на Украина која ќе послужи како главна база за следниот бран офанзива против Русија - уфрлање на вооружени групи на нејзина територија(види Косовско сценарио), проследено со НАТО трупи во Црно Море и Украина која до тогаш несомнено ќе биде нивна членка.
Како дел од економската агенда е секако превземање на најголемата житарица во Европа од страна на глобалните корпорации како Монсанто и превземање на воената украинска индустрија која во себе содржи голем дел од производството за вселенските програми на Русија, развој на ракети, напредни технологии и сл.
Украинските олигарси би добиле легални бизниси со западот, обезбедувајќи ги своите позиции на долг рок, украинските националисти ќе бидат поблиску до чиста Украина и воена моќ да ги унапредат своите амбиции (којзнае какви), а украинските политички лидери ќе уживаат во новата верзија на корумпирана и марионетска влада врз плеќите на народот.
САД и Западот би се префрлиле на директно конфронтирање со Русија, интенвизирајќи ги нејзините погранични конфликти, воведувајќи економско-политички санкции и доведување на Русија во статусот на денешен Иран, изолираност и ранливост.
Одвнатре ќе ја засилат Петтата колона и сигурно ќе пробаат преврат на власта во Москва, ќе се инфилтрираат во нејзиниот систем и ќе почнат систематизирано да ја слабеат од сите аспекти, при што првин ќе ги превземат нејзините стратешки ресурси, а подоцна ќе ја доведат до цепење на териториите кои ќе ги разделат на кантони меѓу себе како што тоа го сторија во Авганистан и Ирак.
Во зависност кога ова се’ би се остварило и како би напредувало, ќе го отворат случајот - Кина и ќе го работат истото.
Кога и тоа ќе го завршат, не верувам дека Американците тука ќе сопрат и би ме интересирала визијата на Западна Европа што доколку тие бидат следни на америчкото мени.

Не случајно САД го спонзорира радикалниот ислам и не случајно гледаме политика на исламизирање на ЕУ, преполнета со емигранти од Африка и Блискиот Исток.