Дали и кога се исплати да се поседува автомобил?

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
да, сите шо ги знам шо имаат половни коли така велат. Чудесно на старите коли ништо не дотрајува, не се аба и не треба да се менува. Само овие со новите си имаат маки. какви бе дискови, црева, разводни капи кабли ауспуси каросерии сонди, акумулатори, јабучици, лагери... то ко ќе помине 10-15 години - трае вечно
Менување на потрошни делови е нормална работа. И постарите коли повеќе шанси имаат да се расипат и да треба да се менуваат други работи.

Ама новиве коли се направени со илјада сензори, претерано усложнета електроника и сето тоа допринесува за најголемиот број на кварови со новите коли. Нормално генерализирам, ама тоа е тоа во основа.

Како едноставен пример, колку од новите коли имаат проблеми со нашево (неквалитетно) гориво, без разлика дали нафта или бензин... и зошто скоро ниедна од постарите коли нема таков проблем (посебно германските). Зошто толку од новите коли имаат проблеми со плинот?

Одговорот е ист, претерано усложнета електроника со милион сензори за се и сешто.[DOUBLEPOST=1397724544][/DOUBLEPOST]
Се исплаќа со такси или со автобус ако ти треба да се придвижиш од точка А до точка Б еднаш во денот.
Во денешно време колата е потреба а не луксуз.
Сега дали нова или половна , кој колку му е долга чергата.
Владе не знам во Битола, ама во Скопје таксито е ИЗГОР.
Долго време се немав возено со такси но пред некоја недела се заебав влегов во едно. Од железничка станица до Карпош4 ме фати 250тина денари, и тоа навечер без гужви. Со автобус тоа се точно 10 возења.
 
Ако све сметаме со дигитрон, тогаш жената чини пари, децата чинат пари. Ако одиш со точак, ќе те чини лекарства за синуси, алергии и крајници. Со автобус треба да ги пресметаш вирозите и факторот доцнење. Пешачење, амортизација на чевли и лидера, ...
Едноставно купуваш кола колку што ти држи џебот. Ако немаш за нова, ќе земеш стара. Битно имаш за ваму таму.
 
Последно уредено:
Менување на потрошни делови е нормална работа. И постарите коли повеќе шанси имаат да се расипат и да треба да се менуваат други работи.

Ама новиве коли се направени со илјада сензори, претерано усложнета електроника и сето тоа допринесува за најголемиот број на кварови со новите коли. Нормално генерализирам, ама тоа е тоа во основа.

Како едноставен пример, колку од новите коли имаат проблеми со нашево (неквалитетно) гориво, без разлика дали нафта или бензин... и зошто скоро ниедна од постарите коли нема таков проблем (посебно германските). Зошто толку од новите коли имаат проблеми со плинот?

Одговорот е ист, претерано усложнета електроника со милион сензори за се и сешто.
светот оди напред, тоа е електроника и компјутери, и ти дома не се жалиш шо место стари добри црно бели лампашки телевизори имаш ЛЦД или што место на вечните сеги мора да играш на нестабилни пентиуми или шо место со промаја мора да се ладиш со клима.
Ние се жалиме оти немаме стандарди возиме коли со запалени црвени ламбички за предупредување, плин монтираме најефтин, некогаш и не соодветен и возиме по раскопани улици. Масло менуваш не не пропишани километри туку кога ептен зорт ќе дојде. Едно редовно сервисирање на запад ќе ти смени работи кои кај нас само при купување на кола ги правиме. Каиш ко ќе почне да чкрипи постојано, гуми не на број километри туки коаг веќе ќе се упропаст. Немам стандард, не си ги одржуваме редовно колите, не си ги покриваме редовно куќите, телевизоро прво 3 месеци со чукање ќе го доведуваме во ред па ко ќе цркне скроз - на мајстор (кај поефтиниот) делот ако може турски оти германските се скапи, а половен уше поубо.
 
Владе не знам во Битола, ама во Скопје таксито е ИЗГОР.
Долго време се немав возено со такси но пред некоја недела се заебав влегов во едно. Од железничка станица до Карпош4 ме фати 250тина денари, и тоа навечер без гужви. Со автобус тоа се точно 10 возења.
Не е битно колку е, ако превозот го користиш само за куча, посао, куча тогаш не ти треба кола.
Ама ако користиш такси неколку пати на ден тогаш можеби е подобро да се размисли за кола, посебно ако живееш во поголем град каде дестинациите и не се така мали.
светот оди напред, тоа е електроника и компјутери, и ти дома не се жалиш шо место стари добри црно бели лампашки телевизори имаш ЛЦД или што место на вечните сеги мора да играш на нестабилни пентиуми или шо место со промаја мора да се ладиш со клима.
Ние се жалиме оти немаме стандарди возиме коли со запалени црвени ламбички за предупредување, плин монтираме најефтин, некогаш и не соодветен и возиме по раскопани улици. Масло менуваш не не пропишани километри туку кога ептен зорт ќе дојде. Едно редовно сервисирање на запад ќе ти смени работи кои кај нас само при купување на кола ги правиме. Каиш ко ќе почне да чкрипи постојано, гуми не на број километри туки коаг веќе ќе се упропаст. Немам стандард, не си ги одржуваме редовно колите, не си ги покриваме редовно куќите, телевизоро прво 3 месеци со чукање ќе го доведуваме во ред па ко ќе цркне скроз - на мајстор (кај поефтиниот) делот ако може турски оти германските се скапи, а половен уше поубо.
Не ке да е баш така како што тука опиша.
Едноставно кажано денес не ги прават работите за да траат.
Друга е филозофијата на производството сега и на пред 20 -30 години.
Тогаш се правеше да биди квалитетно и да трае години и години без да се расипи.
Денес е ефтино и направено за да или воопшто неможеш да го поправиш или да не ти се исплаќа да го поправиш, па си приморан да купиш нов модел.
Како за пример некни баш се расипа мотор од правосмукалка Беко, лагерот откажа.
Дефектот чини 100 денари, но ајде биди маж и расклопиго моторот кој кога го дизајнирале воопшто не зеле во предвид дека ке треба да се поправи, туку при првиот дефект да се купи нова правосмукала.
Е сега нов мотор чини 1200 па нагоре, половен незнам, а нова правосмукалка 3000 денари.
А имам правосмукалка направена пред 30 години која воопшто се нема ни расипано.
Зошто колите би биле исклучок во ова потрошувачко општество.
 
светот оди напред, тоа е електроника и компјутери, и ти дома не се жалиш шо место стари добри црно бели лампашки телевизори имаш ЛЦД ...

Ние се жалиме оти немаме стандарди возиме коли со запалени црвени ламбички за предупредување, плин монтираме најефтин, некогаш и не соодветен и возиме по раскопани улици. Масло менуваш не не пропишани километри туку кога ептен зорт ќе дојде. ...
Е да, редовно одржување е важна работа. Затоа и колава си е во топ состојба, масло секогаш менувано на време и така и јас продолжувам. Исто важи и за гумите и за сите потрошни делови, и за тоа нема врска дали колата е нова или стара.

Паралелата со компјутери и телевизори не е на место, зошто разликите до денешните компјутери и телевизори е огромна, до толку да разликата во функционалност е неспоредлива. Со автомобилите не е така. Можеш убаво и безбедно да возиш и со постара и добро сочувана кола. Можеш да живееш и да бозиш и без АБС (колку и да е корисен) и без милион други работи.
Од друга страна на стар телевизор денес не само што сликата е со 10 пати помала површина, туку и неговиот аналоген тјунер воопшто не може да прима дигитални сигнали (а денес СЕ е дигитално). Исто така, обиди се да посурфаш на интернет со некој копмјутер од генерацијата со Пентиум процесори (прва, па ете нека биде и втора генерација) и соодветна за тоа време количина на меморија...

Тие стари уреди денес немаат веќе никаква функционалност. За разлика од нив старите (а сочувани) автомобили и тоа како добро си возат. На крајот на краиштата нашите автопати сеуште се (малтене) истите и со 120км/ч ограничување за брзина.
 
Како за пример некни баш се расипа мотор од правосмукалка Беко, лагерот откажа.
Дефектот чини 100 денари, но ајде биди маж и расклопиго моторот кој кога го дизајнирале воопшто не зеле во предвид дека ке треба да се поправи, туку при првиот дефект да се купи нова правосмукала.
Е сега нов мотор чини 1200 па нагоре, половен незнам, а нова правосмукалка 3000 денари.
А имам правосмукалка направена пред 30 години која воопшто се нема ни расипано.
Зошто колите би биле исклучок во ова потрошувачко општество.
Затоа и пропадна СФРЈ, сите куопија по една правосмукалка, еден фрижидер, шпоре и телевизор и му го оставија и на децата во наследство. За да напредува една земја, да има обрт на капитал, вработувања... треба и да има трговија, да има пазар. Ние уште ги сметаме тие работи како членови на фамилија, кога ќе се расипи телевизор небаре детето болно ти паднало, ако ти цркне колата, како смртен случај во фамилијата, уше црнина да облечат. Се е то предвидено да трае и се користи некој период и после да се замени, то шо ние очекуваме децата наши да чистат со истата правосмукалка (таа кутрата со платнена вреќа туши исфрла ситни честички прашина зад себе, али важно брчи - работи а не ко овие новите од по 100 евра шо ни 5 години не одат со вакви такви филтри. По виби чуваме прегорени греачи од бојлери (нека ќе се најде) стари масла извадени од колите пред 10 години, и старата машина за перење од 1965... уше си врти али во 1988 зедовме “нова“ и сега таа си користиме - поуба е има појќе програми...
 
Не е битно колку е, ако превозот го користиш само за куча, посао, куча тогаш не ти треба кола.
Ама ако користиш такси неколку пати на ден тогаш можеби е подобро да се размисли за кола, посебно ако живееш во поголем град каде дестинациите и не се така мали.
Ти ја разбирам поентата, и не го спорам тоа... ама сакам да кажам дека во многу случаи таксито едноставно не е опција.

Два пати по 250ден, тоа се 500ден дневно. И тоа ова е ако живееш релативно блиску до работното место. Дваесеттина работни денови месечно (или повеќе), тоа се 20х500=10.000+ денари месечно за такси. За колку луѓе во државава ова е можно или исплатливо?
 
Сега ако сакаш да се инаетиме во ред. Никој не спомна прозиводи од СФРЈ , нити дали за тоа пропадна.
Порано кога купуваш бренд , дали облека, дали кола, дали бела техника рачунаш дека ке го платиш поскапо но дека некој подолг временски период нема да имаш никаков проблем со нив. Затоа и е бренд или позната фирма или марка и ке го платиш поскапо.
Денес за жал не е така. И немој да ме убедваш дека денес неможат да го направат поквалитетно од пред 20 години. Брендот го изгуби секое значење освем цената. Пак ке го платиш поскапо но ке добиеш квалитет како за некоја нонаме марка или фирма.
Едноствано не се правени да траат па ако сакаш секој ден свеќа пали им.
А изборот на купувачот е дали ке ја чува робата 20 години или секоја сезона ке купува нова.
Зошто тогаш би купувал бренд и би го платил неколку пати поскапо. Само за налепницата дека е од некоја позната марка? Па не сум толку богат за да купувам ефтини работи.
Денес тој избор не е на купувачот туку на производителот. Сакаш несакаш приморан си да купиш ново. Во чиј интерес е тоа? Во интерес на тие што купуваат или на тие што продаваат?
 
А дали сте размислувале за варијантата да земеш скутер ,мислам ако ти треба да одиш на дестинација од дома до работа па и назад , и така секој ден ,или пак да отидеш до другар или некое место , далеку поефтино ти испаѓа ,ова од другар шо ми кажа , за трошоци далеку поефтино е , но ми треба потврда и од вас , дали навистина еве на пример , автомобил ,скапо е за одржување, такси не ти доаѓа во предвид заради навистина скапата превоз цена или пак автобус каде што иако џабе е ,мораш да се туркаш во гужвата или пак пребавното движење од А до Б точка ... :)
 
Не само во државава, туку и во многу побогати држави едноставно неможеш да се потрпиш исклучиво на таксито како семеен превоз.
 
Сега ако сакаш да се инаетиме во ред. Никој не спомна прозиводи од СФРЈ , нити дали за тоа пропадна.
Порано кога купуваш бренд , дали облека, дали кола, дали бела техника рачунаш дека ке го платиш поскапо но дека некој подолг временски период нема да имаш никаков проблем со нив. Затоа и е бренд или позната фирма или марка и ке го платиш поскапо.
Денес за жал не е така. И немој да ме убедваш дека денес неможат да го направат поквалитетно од пред 20 години. Брендот го изгуби секое значење освем цената. Пак ке го платиш поскапо но ке добиеш квалитет како за некоја нонаме марка или фирма.
Едноствано не се правени да траат па ако сакаш секој ден свеќа пали им.
А изборот на купувачот е дали ке ја чува робата 20 години или секоја сезона ке купува нова.
Зошто тогаш би купувал бренд и би го платил неколку пати поскапо. Само за налепницата дека е од некоја позната марка? Па не сум толку богат за да купувам ефтини работи.
Денес тој избор не е на купувачот туку на производителот. Сакаш несакаш приморан си да купиш ново. Во чиј интерес е тоа? Во интерес на тие што купуваат или на тие што продаваат?
Па ти спомена Беко, Беко е бренд али овде на балкан. Во германија ќе купиш Бош. Овде ќе земеш Вивакс, Квадро, Нео, на запад Техникс, Сони. (зборам за генерално - секако и овде се троши сони, али сооднос со другите е помал) Исто имам приметено дека некој од моделите на посалам брендови (оние со наставки ГХЛДРТВ... се појавуваат само во балкански делови или источна европа, нема во западните, од спецификации, упаства, цени, се е то во левови динари денари рубљи, и тие Брендови си имаат линија за позиромашен пазар и за оној побогатиот.
 
А дали сте размислувале за варијантата да земеш скутер ,мислам ако ти треба да одиш на дестинација од дома до работа па и назад , и така секој ден ,или пак да отидеш до другар или некое место , далеку поефтино ти испаѓа ,ова од другар шо ми кажа , за трошоци далеку поефтино е , но ми треба потврда и од вас , дали навистина еве на пример , автомобил ,скапо е за одржување, такси не ти доаѓа во предвид заради навистина скапата превоз цена или пак автобус каде што иако џабе е ,мораш да се туркаш во гужвата или пак пребавното движење од А до Б точка ... :)
Најдобро е да си земиш од оние германските мотори со додаток за да има каде да ги ставиш жената и децата или ако треба багаж да носиш да не ти пречи или да го товариш повеќе.
Еве ваков на пример:)
images
 
уште во русија се произведуваат копии на BMW мотори имаат преставништва и во Америка), мислам од 1938, во 3 фабрики под 3 различни имиња, Урал, Ирбит, Днепр, имаат уба носивост и рикверц имаат добро се проходни, 650 кубици се боксер со кардански пренос. А па од русите Кинезите ги превзедоа и тие прават сега своја копија на руска копија на германски мотор. Кога земав мотор во скопје имаше и еден Ирбит со приколка за продавање али не го видов, порво појдов видов едно Мото Гуци, ме бендиса и го зедов... ми е жал шо не го видов Ирбитот се мислам дека ќе го земев него....
 
Се исплаќа со такси или со автобус ако ти треба да се придвижиш од точка А до точка Б еднаш во денот.
Во денешно време колата е потреба а не луксуз.
Сега дали нова или половна , кој колку му е долга чергата.
Грешка си во денешно време колата е луксуз .
 
Најдобро е да си земиш од оние германските мотори со додаток за да има каде да ги ставиш жената и децата или ако треба багаж да носиш да не ти пречи или да го товариш повеќе.
Еве ваков на пример:)
images
а овие се супер искрено да ти кажам , имам навистина желба да се возам во овие ,овие се користено најчесто за пораки или курири кажано мотори .... иначе поентата ми беше ,ако се работи за млад човек кој нема многу потреба од пренесување на многу луѓе или пак багаж , најдобар избор е да оди на си земе скутер , моментално далеку поефтини се да си дозволиш ,па и на старо исто така .... убаво не се изразив на почеток , извини , но ако ти треба да отидеш до факултет или пак до работа или пак до пријатели , навистина доволно ти е и обичен скутер .... ајде да исклучиме дека ако оди на одмор , а тоа ти е само еден месец од годината кога навистина би ти требало автомобил или пак да си на релација цело време од град-град ..... но навистина навистина ако си во Скопје , тогаш само скутер е единствената опција навистина .... млад човек , нема семејство , само оди до факултет,работа .... има девојка .... скутер е единствената љубов :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom