Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дали доколку имам жива во организмот тоа ќе се покаже при обичен тест на крв и урина или треба некој посебен тест?
Појма неам, оди на докрот, зошто? Се сомневаш дека имаш жива?
Здраво... оваа недела имам главоболки а уште поголеми од кога ќе станам од спиење ... спијам нормално околу 7часа зашто сум на факс. наутро а единствено ми поминува кога ќе се најдам и потоа по 1 саат повторно почнува :((

Оди на лекар не се зебавај, малд си за да имаш редовни главоболки.

П.С. Освен ако не ти туриле магија/клетва итн.
 
Јас само ќе се согласам со гарфилд.(и за маѓиите!!!!)

но и би додал дали имаш Основ да се сомневаш дека имаш жива??

Ако имаш(пр термометарска утната работа) можно е.
 
Појма неам, оди на докрот, зошто? Се сомневаш дека имаш жива?

Не, туку пред некој ден читав дека живата е опасна за организмот а јас како мал имам искршено термометар за регулирање на собна температура, е сеа незнам дали термометарот беше со жива или со алкохол. Пред некој ден земав крв и мокрача ради контрола оти се занимавам со бодибилдинг па си реков дали покажува и за жива

Кога ги земав резултатите не прашав за жива, инаку резултатите ми се одлични, а прееска се јавив во токсикологија и им раскажав за случката и они рекоа дека нема опасност:toe:
 
А бе ако било као мал, одамна ти е наталожена во организмот, џабе сеа.
Или немаш. Труење со жвиа јасно се манифестира. немај гајле, а ако не веруеш, трк на доктур и конкретно прашај. Ко си бил да мочаш и да те боцкаат шо не си им рекол ебате за живата, ќе ѕирнеле и тоа.

Смартес, навистина, ако не е преморен, ако не е миопичен, а да не знае, а нормален му е притисокот, најверојатно е магија.
особено што во последно време, преку интернетов, се повеќе и повеќе се информираат, недоволно, неписменковци во употреба на магија и прават бељи.
Задње што чув е дека одреднеи тревки нагло почнале да се увезуваат, као божем природен иљач, а се користат во магијски (wicca) обреди! Кај нас!
 
Штом резултатите од крвта биле одлични тогаш е ОК,а за живата немај мака пријателе-истата ќе се манифестира преку ензимите од ливер-от.

Гарфилд е во право.

Абе арно вели рисјанството и В на Р.М

Надри лекари не треба.
 
И друг пат ми се има случувано вака а од замор не би рекла дека е ...... мерев притисок али е во нормала али сепак најдобро е на лекар :S:S
 
Маѓија ќе да е, маѓија. На маѓија ми личи.
Пиши и ПП на Нефтис да ти даде чаре. Јас не работам со вакви маѓии.
 
Би сакала да знам каде може да се изврши магнетна резонација ( освен во Скопје)
 
Би сакала да знам каде може да се изврши магнетна резонација ( освен во Скопје)

Неуромедика имаат отворено и во Кочани, ако ти врши работа. Мислам дека во зависност за што магнет ти треба, цената е околу 11.000 на приватно. Секаде е приватно освен државна, а согласно на тоа не се враќаат парите по никаков однос ако испитувања правиш во приватни клиники/амбуланти.
 
Шинав нешто грбот, малку над слабината пред една недела и до вчера ми се беше укочил скроз, денес беше врв на болката и осеќам сега како почнува да олабавува. Отидов вчера да направам рендген-снимка да не е некое ребро, ама матичната докторка не ми даде упат бидејќи имам правено рендген снимка пред 4-5години па да не сум се зрачел повторно, штетно било. На моја воља со упат од хирург, не од матичен доктор направив снимка и излезе дека нема ништо(најверојатно е некој мосукул или жила). Сепак полесно вака кога си психички олеснет. Ми препишаа маст и добро е сега за сега.

Е сега прашањето ми е: Дали навистина е штетна рендген снимката или мојата ____(лош збор) матична докторка си умислува нешто. Исто знам и на мајка ми не и даде упат за рендген бидејќи правела пред една година, а имаше проблеми со раката, но ја наместија баби:wink:
 
Да, рендгенското зрачење е штетно. Има граници во кои зрачењето не е штетно, на пример за луѓето кои работат таму или за бремените жени, има граница на колку зрачење кумулативно може да се изложат, а да не предизвика штетни последици.
Ама дека ќе биде штетно две снимки на 4-5 години, НЕ.
Изгледа матичната била при крај со давање упати за месецот или знаела да процени дека не ти е ништо, и на крајот испаднало дека не ти е ништо и ако си ја послушал немало без потреба да се изложуваш, бидејќи не знаеш кога навистина ќе ти притреба, на пр за скршеници на екстремитети и сл. Секоја чест за процената на матичната.
 
Фала на одговорот. Инаку повторно не ја оправдувам матичната. За што и да отидам кај неа ми вели - не е ништо, така е сега пубертет,нормално е вртоглавица ова она, не е ништо, младост, ќе помине.

И на мајка ми е иста матичната и иако има само 38 години за што и да се обрати кај неа одговорот е: па така ќе е отсега па натаму, годините си врват.

Изгледа остава природата да не лекува или пак е заљубена во серијалот Survivor! Најхрабрите ќе преживеат!
 
Ако вработено лице во одделот за рентген одбие да ве снима-не му замерувајте.

Имаат картички кои мерат озраченост,значи веќе не смеат повеќе да работат т.е снимаат со Х рејс.

Имам една книга од семинар на радиолози на ниво на балкан...многу убаво до детаљ објаснето и по формула,дијаграми,графикони...се од а до ш,дури имаше и снимки каде јасно се гледа тумор,канцер...понатаму...туку јас забегав..:vozbud:

Уствари поентата ми е да не им замерувате оти има раја ќе речат еејј види мрзи...е не е до мрза работата:toe:

П.С нема последици два до три пати снимање годишно...повеќе од тоа ќе биде штетно но не мора да значи дека ќе имате трајна последица.
 
Неуромедика имаат отворено и во Кочани, ако ти врши работа. Мислам дека во зависност за што магнет ти треба, цената е околу 11.000 на приватно. Секаде е приватно освен државна, а согласно на тоа не се враќаат парите по никаков однос ако испитувања правиш во приватни клиники/амбуланти.

Да се надополнам. Од причина што единствениот магнет апарат во Македонија е расипан, држава покрива 7.000 денари од вкупно 15.000, за сите пациенти што мораат да го направат ова испитување веднаш.

Повеќе детали незнам, но девојката погоре што праша нека се информира поубаво, за да не треба сите пари да ги даде од свој џеп.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom