Натпревар #5 - Тема: Пиво! [пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.308
Поени од реакции
34.702
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Имав неколку теми на ум, кои сакав да бидат едноставни - но, како збор, а не за фотографирање :)

Се мислев помеѓу ВОДА, РАЦЕ, КОШМАР, СЕНКИ и ПИВО и направив 5 ливчиња со овие теми. По случаен избор „одлуката“ падна на пивото. Каква слатка тема за фотографирање! Има ли некој што не е во можност да фотографира пиво или луѓе кои пијат пиво? Апсолутно не. За разлика од претходните теми, сега нема да оставам фотографии за пример чисто за да не ве наведувам во начинот и техниката на фотографирање. Нема правила на композиција, нема ограничување на брендот, нема правило дали пивото треба да се точи, конзумира, прави или да се користи за прскање. Тоа останува на вас :)

Генералните правила за учество остануваат исти:

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум

Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.

Пријавувањето трае до сабота, 19.04.2014, 23:59:59 :)

На здравје!
 
Последно уредено:
1926858_1439100722999648_9197450279775739265_n.jpg
 
Апаратот ми е тазе замен, што значи сум тотално аматер и сеуште ги учам функциите на апаратот.
Не се секирај, тоа е првичната намена на натпревариве... Да ја поттикнеме инспирацијата, креативноста и да научиме нешто повеќе за фотографијата.
Иако имам повеќе фотки од пиво (меѓу кои некои секси Корона фотки од егзотична плажа), се решив за оваа:


From my fridge's POV :)
by Acid on Кајгана форум

Прво, затоа што сум љубител на Point of View (POV) фотографија, потоа затоа што сум фан на мобилна фотографија, затоа што се помачив за да го постигнам бараниот ефект (по некои 5-6 неуспешни обиди и полу-замрзнат телефоно) и последно - затоа што станува збор за македонски производ :)
 
Да не се повторувам за секој посебно
значи пријавени фотографии МОРА да бидат поставени на кајгана галерија за да може чичко @Acid да ги постави за гласање, или едноставно, фотографиите нема да учествуваат во натпревар ако не се поставени во галеријата. @Олимпија , @ION имате погоре линк до упатството за поставување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom