Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
Во Македонија е најдобро да си должник !
Власта размислувала како да им помогне на социјално загрозените лица и најранливите категории, оти тие биле на удар на големата економска криза, па дошле до идеја да им ги отпишат долговите за струја, парно, телефонија, радиодифузна такса, како и долговите на граѓаните кон банките по основ на минусни салда на тековни сметки, кредитни картички и потрошувачки кредити, кои биле оценети како ризични... Ај што оваа мерка е неуставна, ај што нема никаква економска логика, најголемата штета што се прави со ваквото кокетирање со гласачите е пораката која се праќа. Дека секогаш е подобро да должиш, наместо да плаќаш. И дека ако еднаш се случи ваков отпис на долгови, надвор од сите закони, сигурно за некоја година повторно ќе се случи истото. Тогаш зошто воопшто да се плаќаат сметки и кредити? Ова е класичен морален хазард.
***
Сите се погодени од економската криза. Компаниите на кои заради кризата им се намали извозот во странство, ги намалуваат платите или едвај со задоцнување исплаќаат плати на вработените. Тие граѓани исто така се погодени од кризата и сигурно имаат долгови за неплатени сметки и кредити кон банки. Кој нив да им помогне? Зошто и како некои социјални случаи, кои немаат вработување или доволни приходи, земале кредити и се задолжувале во банка за да трошат над своите можности?
***
Биљана Здравковска Стојчевскаbiljana.zdravkovska@kapital.mk
Македонија може слободно да се самопрогласи за земја на должниците. Земја во која е најдобро да се биде должник. Оти секој може да должи кому сака и колку сака, а за тоа да не му фали ни влакно на главата. Земја во која должникот ги ужива сите права и заштитен е од законите како ретко животно.
И нормално е во земја во кој никој никому не плаќа и во која должниците се мнозинство, политичарите да го кажуваат она што мнозинството сака да го слушне. Оти нели политичарите на власт, посебно кај нас, секогаш го слушаат гласот на народот.
И еве на самиот почеток на предизборната кампања министерот за финансии вети дека власта ќе спаси десетици илјади граѓани од нивните долгови.
Власта размислувала како да им помогне на социјално загрозените лица и најранливите категории, оти тие биле на удар на големата економска криза, па дошле до идеја да им ги отпишат долговите за струја, парно, телефонија, радиодифузна такса, како и долговите на граѓаните кон банките по основ на минусни салда на тековни сметки, кредитни картички и потрошувачки кредити, кои биле оценети како ризични...
Отписот на долговите ќе им помогнело на десетици илјади најсиромашни граѓани во земјава, кои заради кризата, последиците од кризата останале без работа или едноставно се во рамките на групата на социјалните категории. Оти “граѓаните токму од ова имале тежина” и власта по барање и идеја на граѓаните ја ставила оваа мерка во новата програма. Тоа се вика власт блиска со народот.
А тие, должниците, кои во Македонија се во мнозинство, треба само едно да направат. Да гласаат за оној кој ветува дека ќе ги спаси од долговите. Та не може само да седат и да чекаат господ да им помогне и да ги спаси од долговите. Мора малку да му помогнат и тие на господ, оти и тој јадниот не може се сам да направи.
Ај што оваа мерка е неуставна, ај што нема никаква економска логика, најголемата штета што се прави со ваквото кокетирање со гласачите е пораката која се праќа. Дека секогаш е подобро да должиш, наместо да плаќаш. И дека ако еднаш се случи ваков отпис на долгови, надвор од сите закони, сигурно за некоја година повторно ќе се случи. Тогаш зошто воопшто да се плаќа?
Тоа се вика морален хазард. Луѓето едноставно го менуваат однесувањето кога знаат дека се осигурани и кога знаат дека некое однесување нема да им донесе никакви последици и казна. Ако знаете дека поправањето на заби чини многу скапо ќе внимавате повеќе на хигиената на забите. Ако сте јавно претпријатие не мора да водите грижа дали работите со загуба бидејќи не може да одите во стечај. Ако државата ќе ги плати долговите наместо вас, зошто вие да ги плаќате?
Што е со оние кои редовно плаќале и плаќаат сметки на државата и кредити кон банки? Со оние совесни граѓани кои откако ќе земат плата прво ги плаќаат сметките и обврските, а потоа трошат тоа што им останува? Не може главно објаснување за вакво ветување да биде дека мерката ќе се носи само за социјално загрозените лица оти тие биле најпогодени од големата економска криза. Сите се погодени од економската криза. Компаниите на кои заради кризата им се намали извозот во странство, ги намалуваат платите или едвај со задоцнување исплаќаат плати на вработените. Тие граѓани исто така се погодени од кризата и сигурно имаат долгови за неплатени сметки и кредити кон банки. Кој нив да им помогне? Зошто и како некои социјални случаи, кои немаат вработување или доволни приходи, земале кредити и се задолжувале во банка за да трошат над своите можности? Дали тоа значи дека некои банки, ако и во иднина одобруваат кредити секому и без критериуми за оценка на нивните можности за отплата, можат да се надеваат дека ќе бидат спасени од лошите кредити од страна на државата?
Предизборните ветувања веќе ги надминуваат сите граници. Од сите политички партии стигаат такви небулозни ветувања, кои ако навистина би се спровеле ќе ја доведат државата и компаниите во банкрот. Останува да се надеваме дека оваа мерка со отписот на долговите е само предизборно ветување кое ќе остане неисполнето заради било каква причина.
Еве веќе некои експерти изјавија дека за отпис на долговите ќе било потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Е тука може да запне и господовата работа. Па ветувањето да не се исполни, оти ете проклетата опозиција нема да сака да гласа за оваа суштинска реформска мерка за спас на задолженото граѓанство. Или, пак, ќе гласа? Се е можно во нашата чудесна земја Дембелија.
Македонија со години е заложник на должниците, односно на граѓаните и на фирмите кои се задолжени. И многу клучни економски мерки, кои треба и мора да се донесат за побрз раст на македонската економија, со години не се носат токму за да не се навлече бесот на задолженото граѓанство. Кое со години политичарите го уверуваат дека е можно да се живее убаво и без да се работи, да се добиваат и користат работи и услуги без за нив да се плати, да се должи без да те казнат...Државата е тука да се грижи за сите. Само треба државата да се стави пред се и над се.