Најубавите стихови во Библијата

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
ПС 35:5-6

Господи, Твојата милост е до небесата,
Твојата вистина - до облаците!
Твојата праведност е како моќните
гори, а судовите Твои како голема бездна
И луѓе и добиток спасуваш Ти,
Господи!

Изреки 9:7-9

Кој поучува бесрамник, ќе си спечали
укор, и кој го разобличува нечестивецот- срам.
Не изобличувај го бесрамникот, за
да не те намрази; поучувај го мудриот,
и тој ќе те засака.
Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде
уште помудар; научи го праведниот,
и тој ќе го збогати своето знаење.​
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.


Народите кои не се стремеа кон праведноста, ја примија праведноста,
која доаѓа преку верата (во Милоста БОЖЈА чиста отелотворена во Господа Исуса Христа)!

(Рим. 9:30+)




 
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
„Подобро е јадење од зеленчук таму каде што има љубов отколку згоен јунец таму каде што има омраза“ (Изреки 15:17).[DOUBLEPOST=1397233109][/DOUBLEPOST]„Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“ (Матеј 7:12).Да ги сакаме другите како што се сакаме себеси значи да гледаме на нив онака како што сакаме другите да гледаат на нас и да постапуваме со нив онака како што сакаме тие да постапуваат со нас.[DOUBLEPOST=1397240292][/DOUBLEPOST]Устата на праведникот е извор на животот, а устата на злиот крие насилство.
Омразата предизвикува караници,а љубовта ги покрива сите престапи.На усните на разборитиот се наоѓа мудроста,+ а прачката е за грбот на неразумниот човек.Мудрите собираат знаење,а устата на глупавиот е на работ на пропаста.[DOUBLEPOST=1397240500][/DOUBLEPOST]Мрзливецот е полн со желби, но неговата душа нема ништо, а душата на трудољубивите ќе се насити.[DOUBLEPOST=1397240597][/DOUBLEPOST]Духот го крепи човекот кога е болен, а скршен дух кој ќе поднесе?Позитивниот став ќе ни помогне да најдеме причини за радост дури и кога се наоѓаме во тешка ситуација.[DOUBLEPOST=1397240715][/DOUBLEPOST]Изреки 14:30-Мирното срце е живот за телото,+ а љубомората е гнилеж за коските.[DOUBLEPOST=1397240786][/DOUBLEPOST]Изреки 4:23-А од сѐ што треба да се чува, најмногу чувај си го срцето,зашто од него извира животот.[DOUBLEPOST=1397241564][/DOUBLEPOST]Изреки 15:1 Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина.[DOUBLEPOST=1397242356][/DOUBLEPOST]А оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение и во замка и во многу неразумни и штетни желби, кои ги туркаат луѓето во уништување и во пропаст. Зашто, љубовта кон парите е корен на секакви зла и, поради неа, некои одлутаа од верата и си нанесоа многу маки.
 
Последно уредено:

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.



Светот поминува и неговата похот,
а кој ја извршува Божјата Волја, останува довека.

(1 Јован. 2:17)




.
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
.



Светот поминува и неговата похот,
а кој ја извршува Божјата Волја, останува довека.

(1 Јован. 2:17)




.
Но за да ја врсиме бозјата волја треба и да ја знаеме која е тааа, Што всустност и Бог бара од нас лугето?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Зашто ова е веста што ја чувте од почеток: да се љубиме еден со друг!
А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.
1 Јованово

 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.


Но за да ја вршиме божјата волја треба и да ја знаеме која е тааа, Што всуштност и Бог бара од нас лугето?
.







Зашто тоа е Волјата на Мојот Татко;
секој што ќе Го види Синот и поверува во Него
- да има Вечен Живот,
и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.


(Ев.Јован 6:40)






.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.



Нема веќе ни грк, ни јудеец, ни обрезание, ни необрезание, ни варварин, ни скит,
ни роб, ни слободен, туку - Мудроста БОЖЈА -
Христос е се’ и во се’!

(Колосј. 3:11)




.

 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
7 ”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
8 Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.
Матеј
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.


Сите ваши грижи префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас!

(1 петр. 5:7)


 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977

Кој да му поверува на она што ни е објавено,

кому му се откри Господовата рака?
...
Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката,
свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето,
беше презрен, и за ништо го сметавме.

А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки,

додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува.
За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија.

Казната за нашиот мир падна врз Него,

преку Неговите рани ние се исцеливме.


(Св.Пр. Исаија 53+)



 
Последно уредено:

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.


Небесата се Мој престол, а земјата подножје на нозете!
Каков дом сакате да Ми изградите и каде ќе биде местото на Мојот покој?
Па Мојата Рака го направи сето тоа, и така сето тоа и настана!
А еве на кого ќе погледнам: на смирениот и паднатиот со дух
и на оној што трепери пред Моето Слово.


(Св.Пр. Исаија 66:1+2)



 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192


1 Зашто небесното царство прилега на човек домаќин, кој излезе рано наутро да наеме работници за своето лозје.

2 И кога се погоди со трудбениците по денариј на ден, ги испрати во своето лозје.

3 И кога излезе пак околу третиот час виде други како стојат, на трговиштето, без работа,

4 и им рече: „Одете и вие во моето лозје, па ќе ви дадам што ќе биде право!”

5 И тие отидоа. А кога излезе пак околу шестиот и деветтиот час го направи истото.

6 А околу единаесеттиот час пак излезе и најде други, како стојат, и им рече: „Зошто стоите тука цел ден без работа?”

7 Му рекоа: „Никој не нè наеми.” Тој им рече: „Отидете и вие во моето лозје.”

8 А кога се свечери, господарот на лозјето му рече на својот управител: „Повикај ги трудбениците и плати им, почнувајќи од последните па до првите!”

9 И така, дојдените околу единаесеттиот час примија по денариј.

10 Кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе, но и тие примија по денариј.

11 Штом го примија, негодуваа против домаќинот,

12 велејќи: „Последниве работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, кои ги претрпевме тегобата на денот и жегата.”

13 А тој му одговори на еден од нив и рече: „Пријателе, не ти правам неправда; зар не се погоди со мене за денариј?

14 Земи го своето и оди си; а јас сакам на последниов да му дадам колку и тебе.

15 Или зар немам право да сторам со своето, што сакам? Или твоето око е зло, зашто сум добар?”

16 Така последните ќе бидат први, а првите - последни; зашто мнозина се повикани, а малкумина избрани.”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
(Глава 20 )
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.



Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение:
(бидејќи) иако Духот е бодар, телото е слабо.

(Ев.Матеј 26:41)





 
Последно уредено:

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.



А кога Исус вкуси оцет, рече: Калах!“
(што во превод значи “се исполни, се сврши, ...!“)
И кога ја наведна главата, го предаде духот.

(Ев.Јован 19:30)




.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom