ИСХРАНА БОГАТА СО ЖЕЛЕЗО
Анемијата предизвика од недостаток на железо почесто се јавува кај жените отколку кај мажите. Во 8 од 10 случаи предизвикана е од несоодветна исхрана или со големи губитоци на крв по обилен менструален циклус.
Симптоми на анемија
Симптомите се бледило на кожата и слузокожата, недостаток на здив (краток здив), вртоглавица и мачнина. Штом се појават вакви пореметувања, тоа сигнализира дека клетките во организмот не добиваат доволно кислород што е причинето од намален % на хемоглобин-протеин од црвените крвни зрнца, кој пренесува кислород во ткивото и и дава црвена боја на крвта.
Анализа на крвта и соодветна исхрана
Со анализа на крвта, која покажува број на црвени крвни зрнца и ниво на хемоглобин, се проценува и вредноста на железото. Ако вредностите се под долната граница, мора да се земаат препарати на база на железо, фолна киселина и витамини од групата Б, потребни за создавање црвени крвни зрнца. Постојат и природни лекови, а меѓу еден од најефикасните е алгата спирулина која содржи повеќе железо од кој било друг продукт. Експертски тим од Токио докажал дека дневно се доволни 4 грама, во облик на таблети кои се земаат пред јадење, за да се поправи состојбата предизвикана од недостаток на железо.
Исхрана богата со витамин Ц
Во исхраната се препорачува доста овошје и зеленчук.
Портокалот и брокулата се извори на витамин Ц кој го поттикнува врзувањето на железото. Потоа следат: црвено месо, риба, пилешко, зелен лисест зеленук, жолчка од јајце (со жолчките внимателно бидејќи го покажуваат холестеролот).
Природен лек
Постои и еден неверојатен, но природен лек: во јаболка се набодуваат 5 до 7 здрави и добро измиени и изрибани шајки. Се оставаат така 24 часа, потоа се вадат и јаболкото се јаде.
Доколку сте подложени на терапија за подобрување на железото, за време на оброкот не треба да пиете чај. Зошто? Затоа што танинот од чајот го спречува врзувањето на железото.
Природен лек - алга спирулина
Витамин Ц - повеќе портокали, лимони и брокула
Црвено месо, марула, спанаќ - богат извор на железо