Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кадаиф, имам болки во главата. Се сомневам на синуси. Дали е можно синусите да се активираат подоцна, во случајов кај мене, на 18 години? И како се манифестираат? И како да ги лечам? Во кој предел се јавуваат болките од синуси? Фала!:back:

Убаво кажа Бат-Елохим за местото каде може да се појават болките и возможноста да се појават наново е веројатна.
Симптоми се најчесто главоболка, болки кои најчесто се појавуваат при потчукување на местото на засегнатиот синус,можно е да има и оток и воспаление изразени во различен степен.
Матичниот лекар ќе ти ги препише лекарствата,пошто тој е најдобро запознат со твојата состојба.:smir:
 
Zdravo,
dali nekoj znae lek protiv ikanje (stukanje)?
За запирање на овој непријатен рефлекс може да помогне следното:

- вдишете неколку пати длабоко и брзо воздух ( 40-50 пати во минута ),
- вдишете длабоко и стопирајте го дишењето најдолго што може,
- напијте се многу ладна вода во кратки голтки а при тоа после секоја голтка длабоко вдишување и издишување воздух,
- многу топли или многу студени облоги на горниот дел од стомакот.

Во случај на многу долго и упорно икање кое не престанува, обратете се на лекар.
 
Природните билки мислам за тоа се најдобро решение!
 
Пред 2 дена ми се појави цренило на горните капаци на очите како ситни црвени точки ситно збиени , се проширија после и под очните капаци, а ги имам истите на 2 места околу устата како поткожни модрици незнам ни јас како да ги објаснам, од што ми се незнам ми викаат алергија ама ако беше тоа нели ке ми беа низ цело тело???

Како да ги смирам да се мачкам со нешто или???
 
не сум некој експерт, ама може да е од расипана шминка, крема или нешто што си ставала на лице. Провери рокот на козметиката и влажни марамчиња што имаш по дома, и навлаката на перницата ставија за перење
 
И перница нова , и сите алишта ги исправ, не верувам дека е од хран асе сомневам во влажните марамици зш сменив едни немав од моите и се бришев со други и фино се зезнав.
А нешто да се мачкам или не?
 
И перница нова , и сите алишта ги исправ, не верувам дека е од хран асе сомневам во влажните марамици зш сменив едни немав од моите и се бришев со други и фино се зезнав.
А нешто да се мачкам или не?
нормално мачкај се за побрзо да ти помине. Е за тоа ќе си одиш кај матичен па тој да види дали треба на дерматолог да одиш или мислам дека може и он да ти пише крема
 
Многу ми се тресат рацеве последнава недела, не можам мирно да ги одржам
 
Во последно време имав нервози и напнувања на психички план , помина тоа , но кога и да легнам си го осеќам пулсот позади во главата ... мерев притисок , не е тоа .. хелп :toe:
 
Во последно време имав нервози и напнувања на психички план , помина тоа , но кога и да легнам си го осеќам пулсот позади во главата ... мерев притисок , не е тоа .. хелп :toe:

Болката во главата ти е на нервна база,храни се здраво,внесувај повеќе витамини со исхраната(витамин Б задолжително), почни да се релаксираш,најди си хоби, зацртај си некоја цел и работи на нејзино исполнување,така нервозите ќе ги оставиш зад себе и нема да имаш време да размислуваш за нив.
Доколку болката ти се појави земи Paracetamol.
 
Во последно време имав нервози и напнувања на психички план , помина тоа , но кога и да легнам си го осеќам пулсот позади во главата ... мерев притисок , не е тоа .. хелп :toe:
Знам дека солам памет сега и дека знаеш, ама сепак обиди се да не се нервираш. Од нервозата сите факинг проблеми и нерамнотежни процеси се случуваат во функционирањето на сите органи во телото. А за да ти помине главата, Кадаиф ти кажа. Хиз д дактр:wink:.:back:
 
Јас имам проблем со забите,многу брзо ми се расипуваат,вчера бев на заболекар и ми вели дека сум имала мали дупкички на два-три заба и можеле лесно да се расипат и ми кажа да ги четкам подобро и да ги чистам со забен конец.Е добро сето тоа го правам,ке ги истенчам забите од чистење и пак ми се расипани и со дупкички што многу брзо се шират-многу се нервирам:toe:
Можно ли е да е до исхраната нешто,пошто од чистење кај мене фајде нема,
ако знае нека ми каже што да правам,што да јадам...HELP
 
Исхраната има огромен удел во здравјето на забите, иако не сме свесни.
Ако си гледала, баш овие србиве од преживеан збореа дека ниеден заб не им се распила додека биле на островот,а 60 дена не измија заби. Што значи без многу благо и сл...

И калциум е добро да се прима многу
Јаболката ги чистат на природен начин...
И тоа знам јас..:smir:
 
И калциум е добро да се прима многу

калциум не е воопшто добро да се прима многу, како и се друго
затоа се умерено, немој без потреба да идеш утре и да си купиш калциум и да пиеш, земај си сирење доволно и сите нормални храни и нема проблем, а ако има тогаш прво нека ти го препишат

а истото да го потенцирам и за флуорот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom