1,Модератор а зошто толку толеранција до Атеистите дека си Атеист?
За Верниците кој дискутираме со било кого на форумов кога ќе добијат титула во стил Секта,веднаш се навредени и форумџијата добива казнени или пак Бан.
А за нив е сосема спротивно добиваат само избришано мислење а не само што навредуваат туку и хулат.
2.Зошто и тој некој не добие казнени и бан(мислам дека ти е јасно за што ти пишувам) Опомените и за тоа воведени нели за да се подобри квалитетот на дискусија?
И Јас сум за дискусија сите прашања да се отвораат со аргументи но да има квалитетна дискусија без навреди што за дотичните погоре правилата на форумов не важат што кога ќе им се одговорат сите прашања почнуваат со навреди кон религијата и членовите што им ги одговараат.Навистина форумов почна полека да ја губи афтентичноста од она што беше.
Види,
Мојата нерелигиска определба нема врска со форумов. Мислиш дека атеистите не се избришани, едитирани или банирани? Сосем напротив, тие се тие што се полни со казнени и банови. Ако сме веќе нај нај нај искрени.
Друго, осеќам и јас дека во одреден момент на дискусија се омаловажува некоја религија... НО тоа се прави со одбрани и полуодмерени зборови. Значи тие што "боцкаат", тоа го прават доста умешно. Ама и тоа не е проблем. Пријави го мислењето, па во најмала рака ќе го прочитам/едитирам проблематичниот дел. Ако се работи за доволно аргументирана "навреда", тогаш пријавата ќе биде одбиена. Е сеа тесна е разликата од обична до аргументирана навреда. Се трудам да гледам подеднакво.
Најубав совет - користете ја опцијата Пријави. Па шта буде нека буде. Не се умират од казнени, ниту од бан...
И уште една работа.. Не мора нонстоп благо да се објаснувате со тврдокорните атеисти.... "Повишете го тонот" и вие. Не е навреда да му речиш на некој, добро бе испран атеисту, до кога нема да веруваш во единствениот Бог? Толку си неписмен, необразован и затворен во сопствениот свет на илузии?
Не е навреда да му кажиш дека е слеп и дека треба да ги отвори очите и душата... итн итн итн
Секта, заостанат, глупав, неписмен, необразован, заблуден, слеп, крив..... не ги сметам за навреди. И други зборови што се употребени во добар и поштен контекст.