Греота е што под “поштена“ исклучиво секогаш се мисли на сексуалната активност на девојката, а не карактерот и нејзините вредности.
Ако немала некоја никогаш секс или еднаш преку сила, тогаш таа е “поштена“, не е битно дали е покварена или расипана у карактер.
ЛОШОООООООООООО
Било како било, на балканскиот полуостров каде што жените секогаш биле дефицитарни од памтивек кога во разговор ќе се речело поштена се мислело на сексуални активности, промискуитетот никаде во светот не се цени не само на балканот.
Како што напоменав од памтивек кога ќе се споменела чесноста на жената означувало за сексуалната чесност или “поштеност“ не поради нешто друго туку од најбаналната причина која што може да постои Жената НЕМОЖЕЛА да биде нечесна во ниеден друг поглед, не поседувала имот, не носела битни одлуки, не била во можност финансиски да измами некого.
Дури и мажот други и го бирале , карактерно каква била никого не го интересирало во едно патријахално опшество каде што мажот излегува од дома на изгрејсонце а се враќа на зајдисонце,ќесето кај него тој располага со сите пари тој одлучува за се што ќе се прави.
На жената останало единствено да се грижи за куќата и за децата како коратерала на сето тоа единствено поштење што можела да го изгуби била верноста кон мажот кој што други и го одбрале.