Диети и слабеење

Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Од лично искуство, а богами и од искуството на повеќе луѓе кои ги познавам, секој режим во кој ќе си забраните чоколади и хамбургери евентуално ќе се покаже како неуспешен режим оти на крајот на краиштата сме луѓе и на сите ни се апнува, и длабоко во нас знаеме сите дека храната ја сакаме таква каква што е и уживаме во неа, и покрај потребата од храна за живеење, имаме потреба од храна за задоволство, и сме зависни од нејзиниот вкус.
Така да, следниот пат кога ќе решите да држите диета, комбинирајте ја со физичка активност која може да биде и пола саат пешачење, и внимавајте како ја комбинирате храната. Научете во кој период од денот ќе јадете чоколадо а во кој салата и ќе бидете слабички и среќнички.
:D
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
133
Поени од реакции
31
По тоа што сум слушал, натренот е доста штетен.
Последно време препорачуваат Стевиа како природен засладувач, екстракт од растението Стевиа која наводно не содржи калории, јаглехидрати или масти, само што е малку поскапо
http://nutrivita.mk/stevia/shto-e-stevia
http://www.swanson.com.mk/екстракт-од-стевија-100-пакетчиња
Некои користат и кафен шеќер.
Еве како делува натренот и другите засладувачи(од порано дискусија на кајгана)

Конкретно кон Аспартамот, значи тој предизвикува многу сериозни проблеми, од губење на помнењето па до тумор на мозокот.

Како вештачки засладувачи најчесто се користат огромни органски молекули, кои имаат еден куп хирални места, како и слободни електронски парови, да не го тупам, се на се, се штетни, имаат својство да ги комплексираат како микро така и макро елементите.
Најчесто како засладувачи се користат: сахарин, цикламат, аспартам, некаде го класифицираат и олово(II) ацетат што е чиста глупост зашто соли на тешки метали не смејат да се користат никако во исхраната. (иако олово(II) ацетат има благ вкус, околу 3-4 пати е поблаг од шеќерот, тој е многу токсичен и предизвикува оловно труење)
Сите горе наведени засладувачи предизвикуваат рак на мочниот меур, проблеми со бубрезите, црниот дроб.
fala na odgovorot
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Јас ослабев 20 кг. Баталете благото и лебот. Трчајте, возете точак, идете на водно.
јас уште 20 треба. до сега 11, и ЌЕ ја биде :vozbud: јеееееееееееее, ме собра во едни супер фармерки, кои прашина фаќаа. сега сум .....мммм, ко што вика мојата лепша половина, крцкалче :pos:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Вака дечки, кратко и јасно - јас не знам како идат работиве со диетиве (никогаш не сум бил на диета), но сакам да ослабам 5-6 кила, преку некоја диета поради следново:

Губењето на килограми преку вежбање и физички активности не ми е проблем, проблемот е што откога ќе престанам со (интензивни) вежби, постепено килограмите се накачуваат поради исхраната, така што ќе мора да ја сменам неа. Прво ќе следам некоја диета 15тина дена, после тоа ќе терам здрава исхрана без глупости.

Може ли некој да ми посочи (линк, или било што) од диета која трае околу 2 недели и се слабее 5-6 кила?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Тоа е животен стил не е диета и краткотрајно решение...
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Вака дечки, кратко и јасно - јас не знам како идат работиве со диетиве (никогаш не сум бил на диета), но сакам да ослабам 5-6 кила, преку некоја диета поради следново:

Губењето на килограми преку вежбање и физички активности не ми е проблем, проблемот е што откога ќе престанам со (интензивни) вежби, постепено килограмите се накачуваат поради исхраната, така што ќе мора да ја сменам неа. Прво ќе следам некоја диета 15тина дена, после тоа ќе терам здрава исхрана без глупости.

Може ли некој да ми посочи (линк, или било што) од диета која трае околу 2 недели и се слабее 5-6 кила?
Решението е да продолжиш да вежбаш како што си вежбал порано.
 
Член од
18 април 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo sakav da ve prasam dali nekoi ima iskustvo so kineskiot caj paiyouji plus?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Дали е кинески или било каков не функционира без да ја средиш исхраната.
Калориски дефицит девојче.
Дознај како.
 
Член од
21 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво дечки! :)
Сакам да Ви кажам дека, еве веќе 4 месеци сум на диета, и до сега имам изгубено 19кг! :)
И многу сум горда на самата себе.
Искрено, на почеткот немав некоја мотивација, арно ама, на 18 Јануари станав и решив дека тоа никаде не води, и се ставив на диета.
Немам намера веќе по цели лета да седам дома, и да се гојам, да ми биде срам да излегувам!!!
Повеќе сум на овошје, зеленчук, месо, млечни производи.
Верувајте во себе, резултатот на крајта ќе излезе на виделина! :)
 
Член од
22 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите! прв пат сум на овој форум со цел да си ја даваме потребната подршка едни на други.

Мојата приказна е слична како на многумина и сме во борба против вишокот килограми.
Имав за симнува 40 кг, да да... пред месец дена почнав да ја средувам исхраната и во неделата се трудам да спортувам најмалку 3 пати. Сега имам уште 32 кг за симнување. Цели 8 кг ослабнав, многу сум задоволна, и во обем и во кг сум намалена.
Продолжувам понатаму, Имам цел до Септември месец да се доведам до ред.
 
Член од
1 април 2014
Мислења
19
Поени од реакции
3
Најдобра диета и најлесно слабеење досега ми е:
не јадам и слабеам :vozbud: стварно само тоа ми помогнало :icon_lol:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
И кај мене исто брат со лаксатив плус екстра е :-P

Sent from my ME173X using Tapatalk
 
Член од
29 април 2014
Мислења
21
Поени од реакции
44
Jas go najdov lekot, znaci 100 posto testirano mi e i se rezbira fonkcionira za sto meraka.

Slobodno jades sto sakas, sepak umereno se razbira, i poveke "bio" i zdrava hrana "ovosje, zelencuk, proteini, meso, riba... crn leb, crn seker, sucre de canne, mmmmm mnjam mnjam, NE PUSI .... NE PIJ JAK ALKOHOL !.

Eve ja tajnata: poglednete ja ovaa slika: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10152838434584616&set=a.10151573613919616.608768.585254615&type=1&theater
Dvapati na den po eden saat sabajle i eden saat navecer so TOCAK i sto posto ke imate dobra linija i dobra kondicija.

Edna preporaka: na sabajle namesto burek i sirenje, pij svez ceden sok edna casa. ili ovosna salata. A koga mozes pred jadenje, pij svez sok.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom