Исламски секс-култ: „Султан“ ги повикува Турците на оргии
Сектата на Харун Јахи ги спојува религиозноста со меката порнографија. Неговите следбеници пропагираат „Дизни верзија на исламот“ и практикуваат групен секс, и се поддржувачи на премиерот Ердоган, пишува сајтот
Балканлист, а пренесува Блиц.
На турскиот канал А9, Харун Јахи, кој е и негов сопственик, води религиско контактно шоу, кое нема ништо слично со ниедна друга телевизиска емисија. Во студиото под неонското осветлување со него најчесто има пет згодни жени што носат перики, вештачки трепки во боја и провокативна облека украсена со дијаманти.
Разговорите главно се вртат околу тоа дека дарвинизмот е мртов, дека Турците треба да станат „вистински муслимани“ и да формираат турско-исламска унија која ќе опфати половина од источната хемисфера.
(живти све види Индија и Монголија кај ги замислуваат)
Спротивно на ставот дека материјалното е неважно, кој нашироко го пропагира, Јахи се облекува во костуми на Армани и бара следбениците да му се обраќаат со „господару“ или „султане“.
Неговата секта досега објавила околу 300 книги, од кои најзначајната, со наслов „Атлас на создавањето“, ја поседува и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тој својот примерок го добил од следбениците на Јаги при својата октомвриска посета на Косово, а „султанот“ снимката од тој настан гордо ја прикажувал во својата емисија, и тоа два дена по ред.
Премиерот Ердоган и Јахи се пријатели од 2011 година. Во своите емисии, заговорникот на креационизмот отворено ја пропагира неговата политика. Тој истакнува дека антивладините демонстранти се „задоволни од Ердоган, само сѐ уште не се свесни за тоа“, и дека е „беспрекорен“ човек кој е лажно обвинет за корупција.
Јахи тврди дека благодарение на неговиот Атлас денес само 10 отсто од Европејците веруваат во теоријата на еволуцијата, иако за таа статистика не дава докази. Кевин Падијан, професор по интегрална биологија на Универзитетот Беркли, спомната книга ја нарекол „куп ѓубре“.
„Кога Јахи ќе види фосил на краба, тој кажува дека изгледа како денешната краба и дека еволуцијата не постои“, изјавил Падијан.
Даниел Мартин Вариско, професор по антропологија на универзитетот Хосфрау, ја опишува теологијата на сектата како секси Дизни верзија на исламот“. Во прилог на тоа се и сцените од емисијата на Јахи во кои набилданите близнаци Ондер и Ендер позираат со убавици кои „султанот“ ги вика „мачиња“, а под нив на екранот се појавува натпис: „Ние го читаме Коранот“.
Една жена која го напуштила култот открила дека неговите членови се собираат во вилата на Јахи и имаат групен секс, а скриени камери ги снимаат, за „господарот“ да може да ги уценува ако посакаат да си одат.
„Хиерархијата на групата опфаќа сестри, браќа и конкубини. На браќата им е дозволено да се женат со конкубините, додека сите сестри се венчани за „султанот“, изјавила таа.
Султанот бил апсен за кокаин
Вистинското име на Харун Јахи е Аднан Окар. Неговата секта има 30 најлојални членови кои живеат со него во вила со две вештачки езера, зоолошка градина, скап мебел и перници украсени со кристали.
Додека едни го сметаат за месија, други гледаат дека е обична будала. Тој неколку пати бил апсен за поседување кокаин и антивладина пропаганда, а бил осомничен и за други нелегални активности. Во осумдесеттите тој минал 19 месеци зад решетки, а во болница му била дијагностицирана параноидна шизофренија. Сепак, Јахи тврди дека сето тоа била местенка против него.