Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Се сложувам за некои работи со тебе, но имам неколку прашања.

Прво, веќе 20 и кусур години сме на станата на Западот и досега територија не ни фали.
Ако САД сакаа да ја поделат Македонија, што чекаат? Страв им е од нашата армија?

Ако Европа и САД сакаат Македонија да се подели тоа сценарио може да се реализира за 6 месеци: протести во Тетово и Гостивар, судири со полиција, полициска "бруталност", убиен полицаец, убиени демонстранти, вооружен отпор, деца и жени плачат на CNN, миротворци кај Групчин, завршена работа. Кој ќе застане на наша страна? Кој би го нарушил бизнисот со западните земји за нас? Грција? Србија? Русија?
Значи, прашањето ми е што се чека?

И друго, зарем не мислиш дека со ширење страв, што би се рекло на англиски, fear mongering, самите не придонесуваме за продавањето на станови во западна Македонија и за иселувањето во странство на Македонци од цела Македонија? Пошто ти ако на некој цело време му трубиш - "западна Македонија е изгубена, се спрема војна, црно ни се пишува" секој ќе си рече, дај го продадам станов дури има време или дај да бегам странство дури не се влошила ситуацијата.
Во геополитичката стратегија расплетот трае многу подолго отколку во филмовите од холивудската продукција.

Нивните стратешки потези се најчесто beyond common sense, во спротивно луѓе како тебе би биле способни да ги предвидуваат сите нивни чекори. Ќе се сложиш, тоа е малце веројатно.

Ако би ја аплицирале твојата логика во минатото, досега би подлегнале на сите можни пропаганди, дали тоа би била турска, грчка или бугарска асимилација.

Крајната цел, според моето скромно мислење и мислењата на некои искусни аналитичари кои досега сум ги прочитал, од интерес на надворешните сили е воспоставување на - maintained animosity во земјите на интерес, за да секогаш имаат со што да ги уценуваат сите страни и да ги принудуваат кон послушност.

Постоењето на Македонија е во директен конфликт со тоа на Грција, можеби и Бугарија, а во секое време може да биде додадена Албанија. Тоа зависи колку секоја од овие земји во одреден момент може да посака да се отргне од споменатото влијание заради реализирање на свои национални цели или нивно зачувување.

Преку пример, доколку Грција почне да флертува со Русија заради снабдување со енергенси, а во замена да им понуди воена база на некој остров, САД и Западот ќе ја активира лозинката “Македонија“ и ќе почне да создава опасност за Грција, преку македонското малцинство, преку признавање на името и сл. работи.

Низ слични примери, со иста цел, ќе ги уценуваат и останатите меѓу себе. Со ова тие се осигуруваат во случај некој од “сојузниците“ да посака да смени страна.

А од друга страна :) доколку толку наивно веруваш во западното сојузништво, наместо деструктивните сценарија, нели е многу полесно да се завршат проблемите за Македонија со нејзино признавање и интегрирање во ЕУ, НАТО?

Ме чуди искрено, зашто ова не беше твоето појдовно прашање туку константно правиш прозападни спинови. Сојузништвото барај го во одговор на ова прашање, ок?

Со нашето потполно прифаќање, би добиле само Македонците, а САД и НАТО не би добиле ништо повеќе од тоа што веќе го имаат. Во таква ситуција тие всушност би ја изгубиле стратешката предност за уцена врз нашите соседи, преку елиминирање на Македонија како џокер карта.

Иако морав и ја да забегам офтопик, ајде ве молам да се држиме до темава.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.955
Поени од реакции
12.376
Се сложувам за некои работи со тебе, но имам неколку прашања.

Прво, веќе 20 и кусур години сме на станата на Западот и досега територија не ни фали.
Ако САД сакаа да ја поделат Македонија, што чекаат? Страв им е од нашата армија?

Ако Европа и САД сакаат Македонија да се подели тоа сценарио може да се реализира за 6 месеци: протести во Тетово и Гостивар, судири со полиција, полициска "бруталност", убиен полицаец, убиени демонстранти, вооружен отпор, деца и жени плачат на CNN, миротворци кај Групчин, завршена работа. Кој ќе застане на наша страна? Кој би го нарушил бизнисот со западните земји за нас? Грција? Србија? Русија?
Значи, прашањето ми е што се чека?

И друго, зарем не мислиш дека со ширење страв, што би се рекло на англиски, fear mongering, самите не придонесуваме за продавањето на станови во западна Македонија и за иселувањето во странство на Македонци од цела Македонија? Пошто ти ако на некој цело време му трубиш - "западна Македонија е изгубена, се спрема војна, црно ни се пишува" секој ќе си рече, дај го продадам станов дури има време или дај да бегам странство дури не се влошила ситуацијата.
@Bratot ме престигна во одговарањето на твојот коментар.

Го солидаризирам моето лично мислење со личното мислење на @Bratot во пост #2661 како одговор на твојот коментар во пост #2660.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
  1. Притисоци, закани ќе добиваме и од едните и од другите. Мала држава сме. Тоа е начинот на проекција на сила, од почетокот на историјата.
  2. Го дадовме воздушниот простор за бомбандирање на Србија, го признавме Косово, гласаме против Русија во ОН. Овие работи никој нема да ги заборави.
  3. Доколку Русија, во иднина, го постави Балканот под свое влијание, прво ќе ги награди тие земји што и биле верни, Србија и Грција.
  4. Србија и Грција историски се ширеле на сметка на Македонија и Босна. Донеси заклучок сам.
A Rusija sto i ima pomognato na Makedonija??Site se pro Ruski nastroeni a taa nitu crkva ni priznala ni nisto.Blagodarenie na niv e potpisan Bukureskiot dogovor.Taka da jebi i Rusija i amerika.Isti kurac vo razlicno pakovanje sekako go ostrat za da ni go svirnat
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
A Rusija sto i ima pomognato na Makedonija??Site se pro Ruski nastroeni a taa nitu crkva ni priznala ni nisto
Русија коа не призна, под уставно име и без никакво условување, изглеа не си бил роден уште. Тоа е доста пред да не признае Америка.
Русија врши врз Македонија нула притисок врз Македонија да им дава фелацио на Албанците.
Исто толку врши притисок и да го смениме името.
Колкав притисок врз нашата земја вршат нашите пријатели од ЕУ и САД, по овие прашања?

Првите позитивни сигнали од високите ешалони на православниот свет, околу проблемот на МПЦ, не дојдоа ни од Вселенскиот Патријарх, ни од било кој друг, туку од рускиот поглавар (многумина го сметаат за по моќен од Вселенскиот Патријарх).

...а велат Русија била гз и гаќи со Грција.
 
Ne znam ti koga si roden ama po se izgleda razlicna istorija ucime a i dosta pogresno si me razbral.Mislis deka sum pro amerikanski nastroen???Samo rekov deka kako i da se vrtime gazot ni e odpozadi a citam tuka smesni komentari pa taka i jas da prokenjam nesto.
Kako prvo amerikancite imaat od istorija samo vesnici po muzeite i edna deklaracija za nezavisnost-ili da receme najbogatite evropski mangupi se stanati amerikanci.Taka da daleku se od rusite.
Vtoro Rusite se daleku od Makedoncite bidejki ne ne pocituvale nikogas/se na zimi k..ov politika,a vidi ja malku istorijata i kazi koga bile Rusite pro Makedonski orientirani.Nie sme tolku supliv narod(ne se odnesuva ova na tebe da ne me razberes pogresno) sto samo taka razmisluvame.
Nie samo navivame drugar.Rusija Amerika i obratno.Toa ti e isto kako da gledame fudbal Real Barsa ili ne e bitno koj klub od koj nie samo kenjame i samo gledame da pobedi timot koj sto nie navivame a drugite se gomnari.Sudijata sudi za niv leleeeee ne trebase faul i slicni sranja.
Toa sakav da kazam jas.Nie i navistina pojma nemame sto se slucuva vo Ukraine.Osven od rekla kazala.Barem fudbalot ili sportot go gledame na televizija i mozeme da presudime od nasa gledna strana.A tuka samo smrdi i smrdi a nikoj ne znae sto e toa tamu.
Samo moze da kazam deka vo bilo koja vojna samo NARODOT GINE i ostanata bagra okolu nas.A tie samo si go ladat mozokot koj e koj ili pak si pravat ladenje na mozok so nas prostite.Grcija???Za mene toa bila najvestackata drzava so vestacka Makedonska istorija pretopena vo Grcka.
Sekoj ima pravo na svoe mislenje
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
НАТО ја прекинува соработката со Русија
Министрите за надворешни работи на државите членки на НАТО
одлучија да ја прекинат „целокупната практична цивилна и воена соработка“ со Русија.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

NATO suspends cooperation with Russia over Ukraine crisis
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.873
Поени од реакции
12.977
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Putin could invade Ukraine within a week, warns Nato chief

Некој намерно ја заоштрува пак цела криза. Или барем таква реторика и пропаганда користи.
Морам да кажам браво за западот. Колку добро ја имаат развиено пропагандата тоа е чудо.

Русија успеа да го земе Крим, но ја изгуби Украина. Плус, како што се работите моментално, не смеат да распоредуваат војници на своја територија каде сакаат и колку сакаат! Значи не да праќаат војска во други држави туку на СВОЈА ТЕРИТОРИЈА!
Плус НАТО одма договара вежби на со Украинската војска на границата со Русија.

Мислам колку и да ги подржувам Русите, и колку и да ми беше кејф што го земаа Крим, сепак изгубија премногу од целава ситуација.
Замислете утре Русија да договори воени вежби со Куба и да им прети на САД да ја тргнат војската од Флорида или да ги тргнат сите бродови во Пацификот? Епа тоа се случува моментално во Украина.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.873
Поени од реакции
12.977
Морам да кажам браво за западот. Колку добро ја имаат развиено пропагандата тоа е чудо.

Русија успеа да го земе Крим, но ја изгуби Украина. Плус, како што се работите моментално, не смеат да распоредуваат војници на своја територија каде сакаат и колку сакаат! Значи не да праќаат војска во други држави туку на СВОЈА ТЕРИТОРИЈА!
Плус НАТО одма договара вежби на со Украинската војска на границата со Русија.

Мислам колку и да ги подржувам Русите, и колку и да ми беше кејф што го земаа Крим, сепак изгубија премногу од целава ситуација.
Замислете утре Русија да договори воени вежби со Куба и да им прети на САД да ја тргнат војската од Флорида или да ги тргнат сите бродови во Пацификот? Епа тоа се случува моментално во Украина.
Мислам дека ова им е удар за она што направија во Сирија. Но цело сценарио е припремено пред уште Сирија.
Ќе ги видиме резултатите, засега освен санкции од Америте, другите се смешни. Треба да седнат на маса и да преговараат, нешто што бараше Русија уште пред да ескалира цела ситуација, но преговорите очигледно не се опција за Америка. Сакаат целосна ескалација. Поради тоа е и таквата пропаганда, ширење паника и тн.
Тешко е да се знае што се, се имаат договорено Лавров и Кери на последниве средби. Сигурно имаат пронајдено решение,бидејќи не верувам за санкции да имаат преговарано.
 
Последно уредено:
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256

Nishto od taa nivna propaganda, nikoj veke ne gi veruva, sekoj go gleda licemerieto..."Carot e gol " k'o od majka roden.
A shto se odnesuva do scenarioto vo Ukraina, da, beshe pripremeno samo za edna rabota se zaebaa vo svojata arogantnost, prepotentnost i praktika da si gi tolkuvaat megjunarodnite zakoni kako niv im chini vo zavisnost od dnevnata politika. Nishto ne im izleze spored planot, pred se zatoa shto go potcenija Putin i potegot so Krom ne go ochekuvaa i Ruskata mornarica si ostana glavna na Crno More. Na zapadot Ukraina bez Krim ne im treba, pette milijardi dolari investirani vo Kievskata "revolucija" se utnata investicija...meso gledaa, kompir izvadija.
 
Абе не е се така како што изгледа преку новиниве, пропагандиве и телевеизииве.
Никој не знае што се имаат договорено со сигурност Кери и Лавров на последнава ептен "итна" средба. Украина е само мал дел од цела геополитичка политика меѓу сите страни. Да не ги заборавиме Иран, Сирија, Северна и Јунжна Кореа, Венецуела и тн.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
НАТО отвора воздушна база во Естонија-одговор на кризата во Украина

Воениот аеродром крај естонскиот град Амари ќе биде претворен во база, од која НАТО ќе ги засили своите патролни летови над прибалтичкиот воздушен простор, соопшти денеска естонскиот амбасадор во Алијансата

Оваа постапка е дел од напорите на НАТО да ја засили мисијата за воздушно патролирање над балтичките земји, почната уште во 2004 година, рече Лаури Лепик за дневниот весник „Постимеес“.

-Естонија одмана инсистира на тоа дека мисијата за патролирање над Балтикот може да се изведува од две бази: едната во Шаулај, во Литванија, а втората во Амари, во Естонија, изјави дипломатот.

„Неколку сојузнички земји предложија да дадат повеќе авиони за мисијата, што ни овозможува да ја отвориме и втората база“, изјави тој и додаде дека изградбата на базата може да се заврши уште годинава.

Според ДПА, одлуката за втората база е одговор на кризата во Украина и на незаконското руско анектирање на Крим.

http://novamakedonija.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=32924
 
Kajgana Shop

На врв Bottom