Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Ги имаш пробано?
Сакав и јас да земам од тие на Топек да сменам малку стандард лепење ама се предомислив кога прочитав по интернетов дека не се толку добри.
Ако ги имаш тестирано и ги бива може и јас да им дадам шанса.
Инаку јас лепак од бувљак си купувам 30-50 денари мало зелено- бело тубиче, незнам точно името како беше, си лепи супер и држи екстра.
Супер се!Мене ова ми е веќе сигурно 10 паковање.Мана барем она што јас имам приметено е дека не лепат секогаш на лоша кинеска внатрешна гума.НО доколку се од типот на швалбе максис,кенда,hutchison,(кај мене се овие)и досега ме нема изневерено.Веројатно фаќаат и на други квалитетни гуми.Јас имам пробано на горните 4 и никогаш сум немал проблем.Имав на почетокот кога половина не ми фаќаат или не држеа,но отпосле го дознав трикот и ми лепат супер.Предност голема кај TopeeK(Или како и да се пишуваше) е тоа што паковањето е мало и многу заштедува простор,лепењето е брзо(ова можеби и број 1 за мене бидејќи во минатото мака мачев со лепење)

Инаку читав на форум неколку статии и имаше и лоши коментари.Но со правилно лепење и поквалитетена гума не верувам дека ќе ти биде проблем.

Значи инвестирај во добра внатрешна гума.(кај мајка ми ставив кенда од 220-250 денари и си лепни супер.
Наместо да чекаш по пола саат да се лепи,па да му ставам стеги,па дали ќе држи дали не итн.

Мој совет ти е да пробаш.
ГО повелекувам мојот збор даден во минатиот пост дека подобри нема.
Можеби и да има,но не сум имал прилика да користам.

Инаку како за илустрација.Купив пумпа од истата марка и за нецел месец се расипа. :mad:
 
Да прашам се надевам тука некој знае...да не знае некој од вас или пак веќе бил до Кучковските Водопади? бидејќи случајно налетав на интернет вест дека во близина на Кучково село на околу 5 км се наоѓаат Кучковските Водопади кои некаде биле високи околу 6 метри... Бидејќи планирам да појдам до таму со другар со точак па дали е возможно и каков е патот и сл...
 
А зашто не вложиш во внатрешна гума полнета со течност за да се лепи сама чим го отстраниш телото кое ја предизвикало дупката. Јас сум доста задоволен од овие гуми првите што ги имав 2 сезони ми истераа и немаше никаков проблем, значи збориме за 20+ дупки од трнчиња или некоја срча. Не дека се најдобри ама стварно добро се покажаа. Има се продава и посебно течност само за сам демек да си ги полниш гумите од истава компанија ама не сум сакал да се замарам до толку. Иначе овие порано ги имаше во проспорт и во работилница ооо.
 
Викса што пари одат?
 
Супер се!Мене ова ми е веќе сигурно 10 паковање.Мана барем она што јас имам приметено е дека не лепат секогаш на лоша кинеска .... :mad:
Супер! Баш ќе ги пробам. :)
 
120 денари е треба да одам деновиве да земам
 
Некое видео или do-it-yourself инструкции како да сменам осовина и главина на заден бандаш?
 
Некое видео или do-it-yourself инструкции како да сменам осовина и главина на заден бандаш?
Хмм, мој совет однеси го на мајстор зошто ќе си ја видиш маката ако сам го правиш тоа, зборам ако си почетник а штом бараш туторијали значи си.
Треба да ја извадиш касетата, значи треба да имаш клуч за вадење касетата, после да ги извадиш сите шпици, смениш главина па да го преплетеш бандашот...
А за осовина да смениш не е голем проблем, имаш туторијали на нет побарај change real wheel axle on bike. :)
 
Некое видео или do-it-yourself инструкции како да сменам осовина и главина на заден бандаш?
И со видео туторијал, ако немаш искуство, не би ти препорачал сам да ја менуваш. Најубаво однеси го точакот на сервис, да ја сменат и убаво да го преплетат бандажот за да немаш никакви проблеми.
 
Некое видео или do-it-yourself инструкции како да сменам осовина и главина на заден бандаш?
Гледам дека освен мене и некој друг ќе прави осмици од бандаживе:D
Те молам ако веќе пробуваш пробај некој друг број.Еве можеш Седмица или 9 ка на пример бидејчи осмиците се веќе видени.Уф какво време дојде!Ќе морам да си го патентирам делото и осмициве да ги признаам како моја изработка:)
мала Шала.Не пробувај ич,освен ако не ти е до забава и доколку си со јаки живци
 
А колку земаат за вакво нешто на сервис? Ја мислев дека има некаква финта али читајќи ве колку е комплицирано, дури страв ми е да го однесам кај стариот маалски точкар. :)
 
А колку земаат за вакво нешто на сервис? Ја мислев дека има некаква финта али читајќи ве колку е комплицирано, дури страв ми е да го однесам кај стариот маалски точкар. :)
300-400 ден. од тркало. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom