Безполово (Genderless) дете

  • Креатор на темата Креатор на темата BiG_kIsS
  • Време на започнување Време на започнување
Не треба децата да се форсираат на таква одлука затоа што се деца а родителите уште повеќе ги збунуваат што ги оставаат да одлучат сами на себе и не им даваат насока по која треба да се развива нивниот животен пат а тоа им е потребно затоа што сакале или не се дел од највисокиот род-човештвото кое веќе опстанува на основа на интелектуална борба,жестока селекција во вид на образование и материјално предаторство.Овие целосно потфрлиле во задачата да ги направат силни и подготвени за борба со околината,ќе бидат оставени на милост и немилост на другите.Многу луѓе живеат сеуште во хипи времето и во заблуда занемарувајќи го фактот дека умре тој период на целосна слобода,добро е да се копнее по невозможното но бројот на популацијата во светот се зголемува и таа борба за личен простор,опстојување и просперитет се заострува.Секое дете се раѓа асексуално така да и да си одреди род само од себе е според мене апсурдно затоа што родителите се оние кои треба всушност да учат да ги прифаќаат изборите на децата на основа на нивната среќа и сознание но откога ќе бидат зрели личности и ќе знаат што сакаат, односно кога ќе пораснат и ќе бидат способни да го индетификуваат своето ''inner self''.Вака ќе ги направат бетер од Могли.
 
Каменување жени, сечење раце, убивање неверници... Па и не е толку лоша алтернатива.
 
Абе добро, ама стварно постојат ранливи и важни периоди во животот на детето, особено кога е во прашање учењето, и ако се испуштат си еба мајката.
 
Поентата им е дека со самото тоа што ќе кажат машко/женско е, луѓето одма почнуваат да очекуваат одредени работи. Ако е машко, треба да носи плаво, да си игра со колички, да има кратка коса. Ако е женско, треба да носи розево, да игра со кукли и да има долга коса. И доколку е машко а носи розево (како нивното најстаро дете), луѓето почнуваат да зборат како и зашто и прават да му е непријатно на детете и да се осеќа дека не припаѓа и дека сите го судат. Мислам дека тоа пробуваат да го одбегнат. Да му дозволат на детете да се развие како сака без стереотипите за што треба машките, а што треба женските да прават и како да си играат и сл.

За школувањето незнам колку е добро. Нова теорија некоја. Не дека стандардното школување е најдобро, ама сепак мислам дека има некакви бенефиции. Во секој случај, прочитав дека не им е поентата да ги чуваат надвор од социјализација. Тоа што живеат во шума може е само во моментов :)

Ова е обратно. Јас би им форсирал на своите деца нагласена свесност за сопствениот пол, и должностите и обврските кои следуваат со тоа, а би го избегнувал формалното образование колку што ми овозможува правниот систем на државата во која што живеам.
Дете бес свесност за сопствениот пол, и перцепцијата на околината за истиот, ќе биде на граница на лудило, а дете без глупостите кои ќе му ги сервира образовниот систем ќе биде духовно многу здраво.
 
Сериозно, кој ли на дете од три години ќе се замара да му суди според полот ?! :confused: Мислам дека е ова крајно забегување . Уште од најмали нозе детето море да биде свесно за својот полов идентитет, дали е момче или девојче .
 
Последно уредено од модератор:
Кутрите дечиња жртви на модерната погрешно сватена и неморална демократија. Овие родители своите деца ги одгледуваат како да се учесници во "Big Brother". Тие не ги воспитуваат туку само ги надгледуваат како се развиваат без да им ги посочат правилата на животот. Под итно треба да им се земат децата и да им дадат лабораториски глувци. Родителот има обврска да го воспита своето дете, да му даде насока во животот, а после тоа да избере по кој пат ќе тргне. А не како овие на слепо да ги пуштаат.
 
@BiG_kIsS, Македонецот сеуште не е подготвен за информации од оваков тип, а уште помалку за дебати.
Оо, ти, еманципирана либерална независна жена од западот просветли не нас неуките Македонци и покажи ни ја светлината кон новото модерно општество за кое сме ние луѓе од камената доба со примитивни размислувања.
 
Оо, ти, еманципирана либерална независна жена од западот просветли не нас неуките Македонци и покажи ни ја светлината кон новото модерно општество за кое сме ние луѓе од камената доба со примитивни размислувања.

Не располагам со толкава моќ, муле.
 
Мислам дека наметнување родова свесност од страна на родител е нешо најприродно.
Замислете у примордијално општество, се раѓа ново дете, или има пенис или вагина, и врз основа на тоа родителите(очевидците на гениталиите) му даваат забелешка на детето каде припаѓа т.е. му го посочуваат родот и неговите карактеристики.
Така си замислувам дека би било дури и во незивилизирано општество. Се раѓа нешо со пенис, сите покажуваат со прст `Еј имаш пенис` , значи ти си еден од нас `имачите на пениси`, според тоа детето се поистоветува со тој `пенис-колектив` и игра според нивните правила. А тоа какви карактеристики има една родова група во општество тоа зависи од самото општество, негде жените носат плаво, а мужите розево а негде у Африка има и племе кае шо жените глумат татенце.
И то е то, мислам дека род е нешо шо се појавува со цивилизација и со самото развивање на самосвеста на единката, убаво е да не форсираш некого и да не го етикетираш, али не е убо да не му кажуваш шо гледаш кај некого и шо мислиш.

-Особено ако нема пенис а пробуе да моча стоечки.
 
@BiG_kIsS, Македонецот сеуште не е подготвен за информации од оваков тип, а уште помалку за дебати.

Една од ретко добрите особини на моменталниот Македонец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom