Границата меѓу Истокот и Западот сега е во Украина, Грузија. И би сакал да остане таму. Подалку од нас.
Гледаме што се случува во земји каде што таа граница поминува. Демонстрации, преврати, војни...
Утре да речеме таа граница се приближи накај Балканот, да речеме во Бугарија, до некаде етнички стабилна земја.
Доаѓа на власт во Бугарија некој проруски Јанукович и изјавува дека Бугарија излегува од НАТО.
Мислиш дека тоа ќе помине на мирен начин? Без демонстрации, нереди, платенички игри?
Што би се случило ако таа граница поминува низ Македонија?
Тоа што Македоците се иселуваат, тоа чисто наш македонски проблем. Никој не ни е крив за тоа, ни Западот, ни Албанците.
Ако утре сите се иселиме од Македонија, тоа значи дека ние сме ја ДАЛЕ Македонија, не дека некои ни ја ЗЕЛЕ.
И баш напротив, јас мислам дека ако Македонија влезе во НАТО и ЕУ, после извесно време многу Македонци би се вратиле или ќе емигрираат сезонски во Европа, не трајно, во САД и Австралија.
Еве пример за Полјаците.
Polish immigrants returning from U.S.
Going back home to Poland