Кајгана книжевен предизвик 2014

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
На Goodreads се предизвикував за 30 - овде одам со Easy 35 книги, со оглед на тоа што таму би го продолжил ако прочитам уште некоја плус. Од 01.01 до денес, прочитани 7 книги. Накратко, по некоја реченица за сите нив, изданието во заграда е она што сум го читал.

1. Caught - Harlan Coben (мак: Фатен на дело; 380 стр) ★★★
Многу лош македонски превод и полн со граматички грешки од страна на Култура. Бев изреволтиран што книгата е тотално уништена, и ми е криво што не ја читав на српски, туку како излезе македонското издание тоа го грабнав. Книгата е воедно и првата книга која сум ја читал од овој мајстор на трилери, ама среќа не ми влијаеше толку за да не ги прочитам другите дела. Содржината како содржина си имаше дупки, предвидлива, и од читаните, најслаб негов трилер, ама што е лош преводот, нема збор.
2. Tell No One - Harlan Coben (srp: Nikom ni reči; 341 стр) ★★★★★
Напнато од самиот почеток па до крајот. Книгата има и маестрален француски филм, кој му го препорачувам секому.
3. Six Years - Harlan Coben (srp: Šest godina; 359 стр) ★★★★
Од содржините позади книгите кога купував од Матица негови книги, оваа дефинитивно имаше најбомбастична содржина и ми делуваше најпривлечно. Книгата ја исчитав за ненормално брзо време, ми се чини беше околу 4-5 часа. Крајот малку ме разочара, додека ликовите беа феноменални и неверојатно возбудливи. A must.
4. A Long Way Down - Nick Hornby (мак: Долг пат до дното; 322 стр) ★★★★
Во годинешниот артикл на сајт за кои книги треба да ги прочитате пред да бидат филмувани се најде и Долг пат до дното. Книгата одамна ја мерачев во Три па ја купив на зимскиот саем. Интересно четиво, ме насмеа повеќе пати, и уживав додека ја читав. Сега со нетрпение го чекам филмот, Aaron Paul се појавува во една од улогите. Четворица разочарани луѓе се обидуваат да извршат самоубиство на Новогодишната ноќ од една зграда, но нивните интересни судбини ќе ги одведе во друга насока.
5. Разговор со Спиноза - Гоце Смилевски (книгата ја позајмив, и не знам точен број на стр) ★★★★★
Уште едно фантастично дело од македонскиот автор. Сестрата на Зигмунд Фројд ми е една од подрагите книги некогаш прочитани, и не се ни сомневав дека и оваа книга ќе му биде совршена. Мала е, брзо се чита, и прекрасно философско дело.
6. Faceless Killers - Henning Mankell (мак: Убијци без лица; 267 стр) ★★★★
Прв од многуте романи понатаму за инспекторот Курт Валандер. Скандинавски роман, секако нема утка тука. Интересна ми беше книгата, малку се изморив што при крајот ептен ја затегавија со виновникот, и веќе изгубив малку мерак за тоа кој ќе испадне, мислам дека до средината книгата беше навистина подобра отколку при крајот. Во секој случај добива многу добра оцена.
7. No Place to Die - James L. Thane (srp: Loso mesto za umiranje; 323 стр) ★★
Ова може да се рече е најлош трилер кој некогаш сум го читал. Па како и да не биде, кога авторот едвја има две книги кои се многу малку читани, инаку книгата дојде во мои раце откако татко ми ја купил за ептен ниска цена во трафика Белград, па му изгледала привлечно по насловот. Не ми се допадна воопшто, ептен на низок стил пишувана, и се замислував како јас, личност што не ја бидува премногу со стилско пишување да седне да напише еден подпросечен роман. Ако некогаш ви дојде на ум или ја сретнете некаде - ни случајно да не сте фрлиле пари на неа.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Слабо, слабо...
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Прифаќам до 35 книги, можно е и да надминам.

1. Тоuching from a distance: Ian Curtis and Joy Division
Биографија на Deborah Curtis за бракот со лидерот на Joy Division, Ian Curtis, проблемите во бракот, однесувањето на нејзиниот сопруг, проблеми со здравјето, па се до самоубиството. Според неа е снимен и филмот Control во кој токму Deborah Curtis e продуцент.

Од вечерва почнувам со Агата Кристи имам 5-6 книги дома кои ми се читани кога имав 15-16 години, сега ќе ги препрочитам.
Да апдејтирам:

2. Murder in Mesopotamia- Agatha Christie
Поаро решава убиства. Не ми се допадна нешто посебно. 3/5

3. The murder of Roger Ackroyd-Agatha Christie
E oва беше многу подобро. Прво е убиена Mrs, Ferrars за која се мисли дека си го убила сопругот. Подоцна и Роџер е пронајден мртов. Одличен крај, да не откривам премногу. 5/5
Толку со Агата засега. Имам уште 4-5, ама има време за нив.

4.The selfish gene-Richard Dawkins 5/5
5. The God delusion-Richard Dawkins 5/5
6. Тhe greatest show on Earth: The evidence for evolution 5/5
7. An appetite for wonder: The making of a scientist-Richard Dawkins 5/5

Oд средина на јануари, па до пред десетина дена го читав Dawkins. Посебно ми се допадна The Selfish gene, се што сум учел на факс за еволуција набрзина што се вика(ЕКТС систем јбг) во пола семестар, се ми се дообјасни до најмал детал. Како дообјаснување за книгата имате документарец Nice Guys finish first, епизода од Beautiful minds како ja напишал The selfish gene.
An Appetite for wonder е негова aвтобиографска за детството, па описи за неговите предци што биле(тука малку се изгубив :D ), се до пишувањето на првата книга The Selfish Gene. Oстанатиот дел во животот во друг дел.

8. А game of Thrones-George R. R. Martin 5/5
Не сум нешто љубител на ваков тип на литература, ама серијата ми се допадна и ја купив првата книга. Почнав уште во ноември, скоро ја завршив и што да кажам I'm impressed. Moжно е да ги земам сите книги ако ги најдам на англиски сеа на саем.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.166
Поени од реакции
10.131
Ајде и јас ќе се приклучам на предизвикот, ама реално до 20 книги ќе стигнам до декември. Прифаќам Easy -35. Досега 7-8 прочитано, рецензии за викенд ќе чкртнам. :)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
1. Паѓањето - Ками 9/10
2. Момо - Микаел Енде 8/10
3. 1984 - Орвел 10/10
4. Странецот - Ками 10/10
5. Парфем - Патрик Сискинд 9/10
6. Мистериите на Шерлок Холмес - Артур Конан Дојл 7/10
7. Степски волк - Хесе 10/10
8. Foundation 1 - Исак Асимов 10/1

Графички новели:

1. Preacher Vol. 1 и Vol. 2 6/10
2. Batman Zero Year - Scott Snyder 10/10
3. Animal Man 2011 (Full run) - Jeff Lemire 9/10
4. Swamp Thing 2011 (Full run) - Scott Snyder 10/10

Убав старт на годината.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.927
Поени од реакции
25.351
Ајде и јас! Не сакам да си поставам никаков лимит, ниту пак цел, се пријавувам чисто за да видам од прилика колку терам во една година.

1. „Валден“ (Хенри Дејвид Торо) - Човек кој го пренесува своето искуство за животот надвор од цивилизација.
2. „Пацифизмот како патологија“ (Ward Churchill, Mike Ryan)
3. „Хата - Јога прадипика“ (Јога - сојуз на Македонија)
4. „Држава и општество“ (Иван Прпич)
5. „Пред да заспијам“ (Стивен Вотсон) - За книгава дознав на форумов, некој ја имаше препорачано, па ај, си викам, да искулирам со нешто лајт. :icon_mrgr: Се работи за жена која ја изгубила меморијата во еден трагичен настан. Откако ќе се разбуди, не се сеќава што се случило претходниот ден, ниту изминатите години. Занимлив вовед, потоа следуваат 200 страни повторување и досада, па станува интересно и на крај, според мене, :гомце:.
6. Стогодишниот кој излезе преку прозорот и исчезна (Jonas Jonasson) - Отров! Јеби га, лектира. :icon_lol:
7. „Анатомија на човечката деструктивност 1 и 2“ (Ерих Фром)
8. „Авторитет и семејство“ (Ерих Фром)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.166
Поени од реакции
10.131
Немам време за рецензии, затоа само листа.

1. Death on Nile - Agatha Christie 4.5/5
2. Murder on the Orient Express - Agatha Christie 5/5
3. Адвокатот на Линколн (оригинален The Lincoln Lawyer) - Мајкл Конели 4/5
4. Балкан во Лондон - Дарко Марковиќ 4/5
5. The A.B.C. Murders - Agatha Christie 3/5
6. The Dogs of Riga - Henning Mankell 3.5/5
7. Faceless killers - Henning Mankell 5/5
8. A Clockwork Orange - Anthony Burgess 4/5

Само Адвокатот е читана на македонски, другите како што се во оригинал. :D
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
стартував

01. Бегалка - Васил Иљовски - 134 страници

Драмата од Васил Иљовски. Имав да пишувам за оваа драма нешто, морав пак да ја препочитам за да ме потсети малце. Прва книга оваа година (цела што сум ја дочитал). Во неа се зборува за Ленче која сака да бега со Бошко но татко и не ја дава, сака да ја мажи за некој богат, чорбаџија човек. Но, Ленче оди бегалка за Бошко и живеат среќно.

Оценка: 5/5
 
Член од
22 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
154
Прифаќам Easy 35 :)

1. Невеста во Борџии - Џин Калогридис 5/5

Историски роман. Претставени се Борџиите, нивните интриги, владеењето на Папата Александар VI, скандалите во семејството, раскажани од Санча која е присилно омажена за еден од синовите на Папата.

2. Огнениот прстен - П. Д. Бакаларио 1/5
Не сакам ни да коментирам за книгава. Не ја препорачувам. Го прочитав првиот од четирите дела, останатите не заслужуваат да бидат прочитани.

3. Теодора - последната римска царица - Стела Дафи 5/5
Историски роман. Претставен е животот на Теодора, која од обична актерка успева да стигне до византиската палата.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Јас ќе прифатам Easy 35. Од почетокот на годината до сега имам 16 книги и 3 почнато.
1. Кодот на Да Винчи (Ден Браун) 5/5
2. Алхемичарот (Пауло Коелјо) 5/5
3. Демонот и госпоѓица Прим (Пауло Коелјо) 5/5
4. Гробницата на Херкул (ја дочитав од лани) (Енди Мекдермонт) 4/5
5. Хари Потер и Реликвиите на смртта 5/5
6. Хари Потер и Пламнениот пехар 5/5
7. Хари Потер и Затвореникот од Азкабан 5/5
8. Хари Потер и Редот на фениксот 5/5
9 Хари Потер и Полукрвниот принц 5/5
10. Господарот на прстените- Двете кули (Џ. Р. Р. Толкин) 4/5
11. За љубовта и другите демони (Габриел Гарсија Маркез) 5/5
12. Игрите на гладните (моја препорака до сите читатели) (Сузан Колинс) 5/5
13. Заточеник на небото (Карлоз Руиз Зафон) 4/5
14. Враќање кон ѕвездите (Деникен) 4/5
15. Досиеата на FBI (катастрофа од книга, има многу контроверзни факти) 2/5
16. Сонетен Венец (Франце Прешерн) 5/5
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
1. Паѓањето - Ками 9/10
2. Момо - Микаел Енде 8/10
3. 1984 - Орвел 10/10
4. Странецот - Ками 10/10
5. Парфем - Патрик Сискинд 9/10
6. Мистериите на Шерлок Холмес - Артур Конан Дојл 7/10
7. Степски волк - Хесе 10/10
8. Foundation 1 - Исак Асимов 10/1

Графички новели:

1. Preacher Vol. 1 и Vol. 2 6/10
2. Batman Zero Year - Scott Snyder 10/10
3. Animal Man 2011 (Full run) - Jeff Lemire 9/10
4. Swamp Thing 2011 (Full run) - Scott Snyder 10/10

Убав старт на годината.
9. Бетонска градина - Ијан Мекјуан 8/10
10. Бедни луѓе - Достоевски 7/10
11. Двојник - Достоевски 8/10
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Јас ќе прифатам Easy 35. Од почетокот на годината до сега имам 16 книги и 3 почнато.
1. Кодот на Да Винчи (Ден Браун) 5/5
2. Алхемичарот (Пауло Коелјо) 5/5
3. Демонот и госпоѓица Прим (Пауло Коелјо) 5/5
4. Гробницата на Херкул (ја дочитав од лани) (Енди Мекдермонт) 4/5
5. Хари Потер и Реликвиите на смртта 5/5
6. Хари Потер и Пламнениот пехар 5/5
7. Хари Потер и Затвореникот од Азкабан 5/5
8. Хари Потер и Редот на фениксот 5/5
9 Хари Потер и Полукрвниот принц 5/5
10. Господарот на прстените- Двете кули (Џ. Р. Р. Толкин) 4/5
11. За љубовта и другите демони (Габриел Гарсија Маркез) 5/5
12. Игрите на гладните (моја препорака до сите читатели) (Сузан Колинс) 5/5
13. Заточеник на небото (Карлоз Руиз Зафон) 4/5
14. Враќање кон ѕвездите (Деникен) 4/5
15. Досиеата на FBI (катастрофа од книга, има многу контроверзни факти) 2/5
16. Сонетен Венец (Франце Прешерн) 5/5
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Јас ќе прифатам Easy 35. Од почетокот на годината до сега имам 16 книги и 3 почнато.
1. Кодот на Да Винчи (Ден Браун) 5/5
2. Алхемичарот (Пауло Коелјо) 5/5
3. Демонот и госпоѓица Прим (Пауло Коелјо) 5/5
4. Гробницата на Херкул (ја дочитав од лани) (Енди Мекдермонт) 4/5
5. Хари Потер и Реликвиите на смртта 5/5
6. Хари Потер и Пламнениот пехар 5/5
7. Хари Потер и Затвореникот од Азкабан 5/5
8. Хари Потер и Редот на фениксот 5/5
9 Хари Потер и Полукрвниот принц 5/5
10. Господарот на прстените- Двете кули (Џ. Р. Р. Толкин) 4/5
11. За љубовта и другите демони (Габриел Гарсија Маркез) 5/5
12. Игрите на гладните (моја препорака до сите читатели) (Сузан Колинс) 5/5
13. Заточеник на небото (Карлоз Руиз Зафон) 4/5
14. Враќање кон ѕвездите (Деникен) 4/5
15. Досиеата на FBI (катастрофа од книга, има многу контроверзни факти) 2/5
16. Сонетен Венец (Франце Прешерн) 5/5
Прво да прашам. Зошто темава умира?

Ќе продолжам, но нема да ги оценувам.
17. Гавранот и други песни- Едгар Алан По
18. Книга без наслов- Непознат писател
19. Зелената милја. 2-те мртви девојчиња.- Стивен Кинг
20. Зелената милја. Глувчето на Милјата- Стивен Кинг
21 Игра на тронови (прв дел од првата книга)- Џ. Р. Р. Мартин
22 Вероника реши да умре- Пауло Коелјо
23. Сликата на Доријан Греј- Оскар Вајд
24. Луна- Роберт Напрта.
Ова е книга (според мене) за деца до 12 г. Но библиотекарката некако ми ја ували демек не знаела за што се работи и многу била читана. Книгата би била интересна на некое дете, јас ја прочитав од досада.
25. Авантурите на Артур Гордон Пим- По
И имам започнато уште 5 други. :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
21 Игра на тронови (прв дел од првата книга)- Џ. Р. Р. Мартин=
Задоволен си од преводот, од целокупниот превод на книгата, општо со лектура и слично? Чекам да излезе вториот дел па двата одеднаш да ги читам и ме интересира подлабоко мислење околу македонското издание.

Инаку јас сум на нешто помалку од половина од предизвикот, до крајот на неделава ќе направам update, Лолита се чита моментално, па 15-ката ќе ја завршиме, летово има време за читање па верувам ќе се надокнаде доста :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Задоволен си од преводот, од целокупниот превод на книгата, општо со лектура и слично? Чекам да излезе вториот дел па двата одеднаш да ги читам и ме интересира подлабоко мислење околу македонското издание.

Инаку јас сум на нешто помалку од половина од предизвикот, до крајот на неделава ќе направам update, Лолита се чита моментално, па 15-ката ќе ја завршиме, летово има време за читање па верувам ќе се надокнаде доста :)
Па да преводот е добар. Но ако те интересира моето мислење, сметам дека не требало да ја цепкаат книгата. Тоа им е огромна грешка. Некако ми е глупаво.
Но ми се допадна она претставување на ликовите на крајот. Што мене многу ми помогна.

Инаку книгава вреди да се прочита. Серијата е приказна за себе. :)
А што се однесува до вкупната цена. Па 5.000 ден. не се мали пари така да се на тебе останува. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom