Момци имам осеќај дека на форумов намерно ги збунувате луѓето, за да мора да најмуваат посредници. Игор ве праша како оди целиот процес откако во вторник ќе оди да го земе државјанството, а вие се му вртите одоколу. Дајте објаснете му како на мало дете за да немора да плаќа посредници за вадење на матичен број, па после на лична карта и пасош. Значи во вторник оди во Министерство на Правосудие за да земе државјанство. Го добива ли во истиот момент? Далу му треба Бугарска Адреса? Каде и кога може да извади матичен број? Дајте да си помогнеме, затоа што од добивањето на државјанство до добивање на лична карта и пасош, повеќето посредници наплаќаат по уште 200-250-300 евра.