Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

пуштете МТВ, Квеироз го има со Иран, како збори се познава одма Фергусон школа :)
 
Еванс на 20 години Ибра го стаи во џеб. Зашто да не му се дадеше шанса на некој од по младите...и онака ништо немаше што да се изгуби, за утакмицата уште од старт се знаеше дека ќе го јадеме, само колку гола разлика беше дилемата.
колку играчи имале деби како копиљаци и колку од нив имале голем импакт над тимот ( ПРИМЕР МАКЕДА КАДЕ СО 1 ПОТЕГ ДОНЕСЕ ТИТУЛА ) ... но арно си размислуваш исто како мојс да не речам , боље со инвалид него со некое дете , и онака се бориме за премиер лига како втори на табела, у спат да не биде потоп пошто нели 3-0 НЕ Е !!!
Кога ќе почне да прави Мојс нешто со тимот, да внесе некоја новина тогаш ќе има доверба од сите но он тоа што го прикажува е мизерија и цела сезона ИСТО ... дали 3-0 или 10-0 сеедно но подобро нешто да се проба макар и грешно да е отколку да не се пробува НИШТО !!!! Затоа мојс трпи критики, исто па исто 4/4/2 измена 78 минута исти играчи иста тактика ... селски буквар не му е рамен сезоанва сите можни менаџери го прочитаа уште пред да почне натпреварот !!!

Абе лесно е да бидеш генерал после војна. Вие баш тоа и го правите со ова што сте го напишале. Да ве прашам? Знаеше Мојс однапред дека ќе изгуби со 0:3??? Не туку баш поради поразот од Ливерпул потребен му беше резултат и нормално пред утакмицата дека ќе се одлучи најискусните играчи кои ги има на располагање, отколку да му даде прво деби на некој младинец. Што ќе се случеше ете ако наместо Рио го ставеше ете тој Кин малиот штопер и притоа овај имаше катастрофално лоша и почетничка утакмица и изгубевме 0:5,6,9,10 ???? Како тогаш вие ќе реагиравте на неговата одлука во градското дерби на кое мора да се извади резултат тој излегува со голобради во одбрана, против еден таков квалитетен тим како Сити(според мене најквалитетен во лигата)????
Ама нормално сега од кога се знае резултатот многу лесно е да скажуваш овде требало вака да направи, требало онака да направи. Ете ако гледаме, Рио добро изигра со грците. Мојс се надевал дека пак ќе пружи добра партија. Ама не се случи тоа и беше директен виновник за вториот и решавачки гол на утакмицата. Тоа е проблемот со Рио што повеќе не е константен во формата. Една утакмица ќе изигра добро, а наредната ќе ја усере добро.И не само тој, има неколку такви истрошени играчи што не се веќе константни во формата и токму заради тоа Мојс неможе да направи добри резултати во низа.

@Red Man друже, го почитувам твоето мислење, ама има некои работи што викаш не треба да ги правиме а ти ги правиш.

Викаш да престаниме да го споредуваме со Фергусон а ти самиот го споредуваш. Викаш да му дадеме време како што сме му дале на Фергусон. Тоа е споредба самото по себе. На Фергусон не му беше дадено време туку-така. Тој се имаше покажано предходно и дојде во Јунајтед како победник - од тим кој во 5 години освои се што можеше да се освои, во тим кој се бореше за опстанок. И после една година заврши во топ 3, значи веднаш се виделе резултати.

Што се има покажано Мојс да му верувам (не оти тогаш јас му верував на фергусон - во пелени бев) толку или повеќе? Кој и да беше тренер сигурен сум 7-мо место можеше да заврши со овој состав што го имаме. Не е никакво подобрување ова, само уназадување. Знаеше од Мај дека ќе биде менаџер и не скрои никаква стратегија ни за трансфер период ни за играта. Само едно панично купување на Фелаини кое го преплати. Ги знаеше годините на сите, имаше време да види кој до каде е. И за ова виновни да не се играчите?

Можам да ти дадам уште 5+ примери каде згреши оваа сезона. Но веќе ги имам пишано, ако има потреба, кажи ќе ги пишам пак. Најголем дел од грешките на менаџерот не се во текот од утакмицата, таму повеќе постојат грешките на играчите (за што си во право) ама подготовките, изборот на играчи за натпревар, формација т.е. стратегијата... друже за тоа играчите не ти се криви. Ако требаат примери ќе пишам пак, не е проблем.

Јас како фан ја изгубив довербата во Мојс, ама тоа не значи дека треба да преминам да навивам за друг тим (или било кој од форумов што дал пример за други тимови), затоа што не можам (дури и да сакам). Исто така не значи дека нема да се надевам дека ќе се подобри ситуацијата. Дали со него или без него, сеедно ми е, зошто навивам за Јунајтед а не за Мојс.

Не друже јас не ги споредувам грешно си ме сватил, туку муабетот ми беше дека ете кога некои веќе го споредуваат со САФ нека го споредат и според спориот старт кој го имал и САФ. И не е споредба тоа што велам дека треба да му се даде време како на САФ што му се дало, оти јас одсекогаш стојам на став дека за еден менаџер да биде успешен му треба време да наметне свој концепт, да донеси свои играчи, да изгради нов тим.... Ова истово го велев и за Роџерс од Ливерпул и еве навистина испадна дека и него му било потребно време. Ама тоа незначи дека го споредувам Роџерс со САФ, нели? :icon_lol:
На секој менаџер му е потребно врме посебно со состав во транзиција како нашиот што е моментално.
Види јас никаде немам кажано дека Мојс не направил грешки сезонава. Направии тоа доста. И сите го знаеме тоа. И самиот тој верувам дека го знае тоа. Но јас она што го забележувам е дека, лошите резултати оваа сезона не се во целост по негова вина! Имаше ситуации на катастрофални грешки на играчки и доста несреќни моменти како капак на се. Да не навлегувам во детали пак...
 
најмногу од се` ме плаши @Ryan Giggs. тој кога кука за некој поединец од Јунајтед, времето обично покажува дека бил во право. сакам овој пат со Мојс да е во грешка :D
 
Абе, постои на форумов уште Генерал со потпис Арогантно копиле? :D
 
Оваа жена му на Флеч нели потсеќа малку на принцезава Мидлтон?
1964817_603978129689307_1155632398_n.jpg
 
Кур да јадете сите што зборите против Томче а се ситите на цуцата негова (y):D
 
Ех Клеверли да знаеше да игра колку шо му е убава жената.
 
Првата Мидлтон, вторава иста Хилтон.. :pos:
 
Во која лига играат Салфорд ?
Мислам дека во иднина би имале голема корист од клубов за развивање на играчите. Нека го истуркат до втора лига некако па сите младинци во Салфорд на позајмица, би си имале б тим како во другите лиги што имат. :P
 
Ја гледам јас Хелен се со јакни прави интервјуа ,ете што била работата
BjwjlX9CIAAyvEu.jpg:large
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom