- Член од
- 22 јуни 2013
- Мислења
- 169
- Поени од реакции
- 70
И, како јас да знам која е „најдобра“ религија?Не можеш така да генерализираш "најдобра"...секој човек си верува во она што му одговара...некои се Христијани, некои Будисти, а некои атеисти...
И, како јас да знам која е „најдобра“ религија?Не можеш така да генерализираш "најдобра"...секој човек си верува во она што му одговара...некои се Христијани, некои Будисти, а некои атеисти...
пробај па видиИ, како јас да знам која е „најдобра“ религија?
ама тоа ти зборам...неможеш така да генерализираш! можеш само со само-распознавање да потврдиш во што веруваш или сакаш да веруваш...значи се зависи од тебе...И, како јас да знам која е „најдобра“ религија?
Онаа кај што те испратил Бог. Ако си се родил во христијанско семејство, тогаш Бог предвидел дека ќе е најдобра за тебе Христијанската религија.И, како јас да знам која е „најдобра“ религија?
Значи според твојава логика, ако си се родил во семејство на алкохоличари, најдобро за тебе е да бидеш алкохоличар?Онаа кај што те испратил Бог. Ако си се родил во христијанско семејство, тогаш Бог предвидел дека ќе е најдобра за тебе Христијанската религија.
Несоодветна компарација.Значи според твојава логика, ако си се родил во семејство на алкохоличари, најдобро за тебе е да бидеш алкохоличар?
Има доста да се дискутира по ова тврдење.Онаа кај што те испратил Бог. Ако си се родил во христијанско семејство, тогаш Бог предвидел дека ќе е најдобра за тебе Христијанската религија.
Дали тогаш ако се родиш во семејство на атеисти, господ сакал да бидеш атеист?Несоодветна компарација.
Едното е религија, другото е штетен навик во резултат на немање вера.
Смислата на појавата на синот Божји или воопшто и другите религии е точно со таа цел да се даде вера на луѓето.Има доста да се дискутира по ова тврдење.
Би погледнал од друга гледна точка.
Што праеме со Христијанството пред Христос?
Или еве земи го Будизмот. Пред Буда немало будисти, значи по твоја логика немало ни да постои Буда.
Истото е и со Исламот, мада тие признаваат некои месии пред Мохамед, али сепак тврдат дека Исламот е најдобар.
Примерот на @Ipsissimus и по мене е екстремен, меѓутоа мислам дека сака да каже дека промените секогаш се можни, поготово од полошо на подобро, мада веројатноста е на твоја страна, најголем дел од луѓето остануваат по фамилјарна линија.
Или друга гледна точка, брак со различна религиозна припадност, децата на кој ќе ја преземат религијата, на мајка му или на татко му?
Компарацијата пак не е во ред. Атеизмот не е религија а одрекување на Бог. Човекот праша која е нај добрата религија.Дали тогаш ако се родиш во семејство на атеисти, господ сакал да бидеш атеист?
А како може друг да знае која е најдобрата религија за човекот? И во што е грешката кај компарацијата? Ако за останатите области другите не се репер за тоа што треба да прави, мисли или верува еден човек, тогаш зошто би биле за религијата?Компарацијата пак не е во ред. Атеизмот не е религија а одрекување на Бог. Човекот праша која е нај добрата религија.
Во желбата ти да се контраш очигледно не си ни помислил за тоа што го пишав.А како може друг да знае која е најдобрата религија за човекот? И во што е грешката кај компарацијата? Ако за останатите области другите не се репер за тоа што треба да прави, мисли или верува еден човек, тогаш зошто би биле за религијата?
Немам желба да контрам, ти се поставуваш со фалични аргументи.Во желбата ти да се контраш очигледно не си ни помислил за тоа што го пишав.
При задржување на верата од семејството(Таму кај што те пратил Бог) не само што се покажува довербата кон Бог како што пишав, туки и значително се намалува колебливоста т.е при ’’пробување’’’’експериментирање’’ на различни религии колебливоста се зголемува(оваа религија ли она ли) која што колебливост за духовниот развој е контрапродуктивна.