Изгледа сите станавме активни директно на Звездините форуми, па ја запоставивме оваа тема.
Битно е и тука да ги анимираме луѓето и да привлечемо што е можно повеќе симпатизери на стадион. Во овие тешки години ние сме единствената светла точка на овој клуб, нормално покрај некои играчишта и пред се големи луѓе како Милош Нинковиќ. Следната сабота е првиот меч од многу важната полусезона која може на два начина да ја скрои судбината на овој клуб. Ако станеме прваци, ќе играме квалификации за ЛШ после толку години, што придонесува многу и финансиски, а и играчки. Од друга страна нема да дозволиме на малите комшии да не престигнат со титули.
Затоа, следната сабота, на 22. Фебруари, треба да го започнеме походот кон титулата, сите заедно и сложно. Секој Звездин навивач е битен.
Ако некој од овде нема организирано ништо или пак сака да се организира со повеќе луѓе (поинтересно е и поевтино) нека ми пише преку ПП затоа што ние од Куманово се организираме.
Мало резиме на претходниов период.
На дефицитарната позиција - штопер, стигнаа двајца искусни играчи,
Саво Павичевиќ и Дејан Келхар. Во секој случај се подобра опција од досегашните решенија на овие две позиции и без сомнение ќе делуваме посигурно во одбраната. Најголемо засилување е успешното опоравување од повреда на Дарко Лазовиќ и тој беше најдобриот наш играч на пријателските натпревари. Покрај него, минутажа ќе има и Ѓорѓе Ракиќ кој ќе чека шанса да влезе во игра од клупата.
На припремните натпревари имавме 100% успешност, победени се нисколигашот Анкаран со 7:0, Триглав со 3:1, Домжале со 1:0, Слобода Тузла со 3:0, Копер со 4:2 и Горица со 2:0. Имаме мајстори во офанзивниот дел во Нинковиќ, Лазовиќ, Мијаиловиќ, Дауда, Печник, Мрѓа... Греота е да не се отиде и ужива во емоцијата, па и во играта на нашите фудбалери. Звездо згази их све!