Ајде уште малку да паметувам.
http://sportal.rs/news.php?id=29252&com_page=2#comments_box
Не ми се допаѓа ова.
Како прво, се докажа дека и покрај неговото знаење, не е продуктивен за екипата. Многу е себичен, често е нервозен и поважно му е викањето на судијата и кошкањето со противниците отколку правовремена асистенција.
Како второ, тој ќе има јака плата за наши услови, така да ова ги зголемува шансите да останеме без Лазетиќ.
Како трето, има добри леви крила на кои би можеле и да профитираме во наредниот период (Стојчев, Андриќ) и кои се млади, а од Короман нема ништо да земеме. Напротив, ќе биде терет за буџетот.
Биниќ е слаб фудбалер и се надевам дека е само неизбежен дел од пакетот со Јао Антви, додека на Душко Тошиќ може да заборавиме иако се интересираме за него.
Не е објавено досега во весниците дека се интересираме за три (барем 3) играчи од втората лига и веднаш да кажам дека се добри.
1. Аугусто Батиоха (Нови Сад)
19-годишен еквадорски напаѓач, брз, снажен, 5 гола на 20 утакмици.
2. Гвидо Бареиро (Нови Сад)
22-годишен аргентински напаѓач, висок 194цм, одлична техника. Има играно и за Бока Јуниорс, Спарта Прага и други аргентински клубови и е огромен потанцијал, со една мана која може да е пресудна во негативен контекст а тоа е бурен темперамент. Се интересираат и ОФК, Спартак и партизан за него. 3 гола на 10 утакмици.
3. Милан Јоксимовиќ
20-годишен лев бек, игра во Инѓија. Се интересира и Војводина за него.
Ќе видиме што ќе се случи, али надежни фудбалери се овие тројца, а доста млади.