Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728
Член од
4 март 2014
Мислења
58
Поени од реакции
67
САД решително ја осудуваат руската употреба на сила на Крим, изјави денеска порпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, на редовниот брифинг со новинарите.

Карни изјавата ја даде по повод преземањето на штабот на украинскaтa Воaнa морнарица во Севастопољ од руски војници, кои беа поддржани од вооружени доброволци.

- Постојаните напори на Русија да ја преземе контролата врз украинските воени бази создаваат опасна ситуација, посочи Карни.

- Ние ги осудуваме овие дејствија. Русија треба под итно да почне дијалог со украинската Влада за безбедноста на украинските војници на Крим, додаде порпаролот на Белата куќа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Јас колку што знам Русија одржува контакт со легално и демократски избраната влада на Украина.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Русија го става на маса можниот одговор на санкциите. Крајно незгоден одговор, кој може да го навлече гневот на досега неутралниот Израел. BTW како резултат на напорите на Либерман доста интересен е ставот на Израел кој првата изјава ја има дадено под притисок на САД, во кој нема никаква критика кон Русија. Дали политиката на Либерман за интензивно приближување на Еврејската држава со Русија ќе продолжи да преовладува со власта на Израел после ваква една изјава, останува да видиме. Интересно е како се вклопуваат доста работи во поширокиот регион и интересна е динамиката на развојот на настаните.

Од друга страна имаме изјава дека Израел се спрема за превентивен напад на Иран.

Москва го менува ставот за Иран?
Доколку Соединетите Американски Држави и Европската Унија продолжат да вршат притисок врз Москва поради одлуката да ја признае независноста на Крим, Русија би можела да го смени својот став за развојот на нуклеарната програма во Иран, изјавил денес заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„Во овој момент Русија не сака да ги користи преговорите за нуклеарната програма на Иран за да го „зголеми влогот“, но тоа би можела да гои направи и на тој начин да одговори на санкциите на САД и ЕУ, изјавил Рјабков.

Агенцијата Асошиејтед прес истакнала дека ова е најсериозната закана на Москва откако САД и ЕУ ги објавиле санкциите против Русија, поради нејзината одлука да го признае референдумот на Крим.

Споре Рјабков, кој ја претставува Москва во преговорите за иранската нуклеарна програма, за Русија обединувањето со Крим е неспоредливо позначајно од тоа што се случува со преговорите.

Русија во тие преговори досега имаше ист став како САД и ЕУ, но Рјабков изјавил дека тоа може многу брзо да се смени.

„Не би сакале тоа да го направиме, но доколку нѐ принудуваат, ќе одговориме со одмазднички мерки. Што се однесува до Русија, историското значење на она што се случува на Крим не може да се мери со значењето на преговорите за иранската нуклеарна програма“, изјавил Рјабков.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Тоа што го кажуваш ти воопшто не е спорно, ама проблемот е што добија некакво „алиби“ „украинците“ за да почнат воено да дејствуваат. Ваљда како и за Сирија и сеа русите ќе најдат докази дека не се тие што убиваат. Ако се почне со вооружени судири кај ќе биде крајот, особено што Крим испадна дека е отварање на Пандорината кутија па еве сеа и во Молдавија сакаат отцепување, и на Балканот има ете муабети за Прешевската долина, башка на Балканов е проблематична и Босна, читав нешто и дека Венеција сакала да се отцепи (до душа ова за Венеција само насловот на веста го прочитав, така да може и сатиричен текс да било тоа)...
Еве една од придобивките на револуцијата, за украинскиот народ.
more to come...

Европската комисија денеска ја повика Украина да ја зголеми цената на електричната енергија со цел да реши дел од буџетските проблеми.

http://kurir.mk/svet/vesti/151593-EK-Ukraina-treba-da-ja-zgolemi-cenata-na-elektricnata-energija
.

Јааааа... повикуват ја, сакат ли права граѓанска војна во Украина... море шо се паметни тие лепотани од европската комисија, па опасни идеи дават беее, они политичарите украински неможат да го смират народот во државата сеуште без разлика од која етничка припадност се,едни сакат да идат на Крим да го бранат други сакат Источна Украина да ја делат, овие пак ги лажат уште глупости да прават цццццц :facepalm: (n)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Eве што вели поранешниот шеф на Украинската служба за безбедност, Александар Јакименко:

Силовој захват власти в Киеве был нужен США, и они нашли длја этого провокатора

http://www.kp.ru/daily/26208/3093561/
.
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
превод на насловот барем ? :D
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
превод на насловот барем ? :D
Вели дека насилната промена на власта им била нужна на САД, која за таа работа си задолжила човек -провокатор, а тоа не биле истурените пи-ар актери Јатсењук, Кличко или Тјагнибок туку Парубиј и после него Наливајченко, Луценко, Гриценко и Гвозд.

Кажува како вистинскиот лидер на организираните милитанти бил Парубиј - без чија дозвола никој не смеел да влезе, излезе или се задржи во “борбени“ зони и кој ги контролирал нападите врз државните полициски сили.

Секој од радикалните водачи, без разлика дали тоа биле од Десниот Сектор, Свобода или други групации, имал прецизно определена територија за која требало да се “грижи“ и дека не им било дозволено да се мешаат во териториите на другите.

За преговорите меѓу Јанукович и опозицијата вели дека не успеале бидејќи никој од водачите на опозицијата не можел да постигне консензус со другите во своите редови и дека што и да договориле истото не било почитувано од сите и преговорите пропаѓале, при што сите се осеќале измамени.

САД чекале одредено време да го видат развојот на настаните и откако направиле своја анализа дошле до заклучок дека единствениот кој можел да го спроведе нивниот план за смена на Јанукович по насилен пат бил - Парубиј.

Тие планот за стрелањето со снајпери наводно прво им го претставиле на дечките кои сега се сликаат како главни “државници“ - Јатсењук, Тјагнибок и Турчинов, кои немале доволно храброст да го спроведат на дело. Единствениот кој се нафатил за тоа бил Парубиј.

Затоа вели дека не случајно Парубиј е поставен за раководител на СНБО – Совета национальној безопасности и обороны Украины - односно разузнавачката агенција на Украина.

Истиот човек што го менаџирал Мајдан сега е поставен на висока позиција која му овозможува и бришење на доказите за учеството на САД и други траги кои довеле до негово или откривање на други личности.

Имено, целата логистика ја снабдувале Полска со Балтичките земји, преку нивните амбасади, ги опремувале милитантите и финансирале се’ што било потребно. Дел од средствата стигале со авиони на САД во Полска, а оттаму со автобуси на Украина.

Претходно, локалните власти во Западна Украина ги злоупотребувале фондовите за финансирање на спортско-рекреативни активности за оддржување на кампови за обучување на парамилитарни групи кои ги увежбавале секакви сценарија.

Еве сума-сумарум за Алексеј Парубиј:

http://politrada.com/dossier/persone/id/1941
.[DOUBLEPOST=1395285800][/DOUBLEPOST]Се исплашија Америте, сега сакаат проширувањето на НАТО да се врати на дневен ред, и да се заврши процесот. Тоа значело да се притисне Грција да не стави вето.

Пејнтер: НАТО мора да стави крај на приказната за Македонија

http://www.sitel.com.mk/node/135085

Но Русија предупредува ако НАТО ја прими Грузија, ќе има востание и отцепување на Ерменците од Џавахке:

Ш. Торосјан: В случае вступленија Грузии в НАТО и ввода турецких војск восстание армјанској обштины в Джавахке неизбежно

http://www.panorama.am/ru/politics/2014/03/17/shirak-torosyan/
.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Се исплашија Америте, сега сакаат проширувањето на НАТО да се врати на дневен ред, и да се заврши процесот. Тоа значело да се притисне Грција да не стави вето.

Пејнтер: НАТО мора да стави крај на приказната за Македонија

http://www.sitel.com.mk/node/135085
Магарето го викаат на свадба вода да носи. Демек неможеа до сеа да ја притиснат Грција, па сега ќе ја притискаат. Мислиш Грција светски фактор број 1. Доколку имаме покана за членство тоа би било крајно лицемерие и верувам дека народот нема да сака прием во НАТО. Јас би сакал да има референдум по тоа прашање. Дојде густа ситуација за војна и сега оп се прибира војска. До сега ние бевме присутни во сите НАТО мисии, а само тапкање по рамо добивме.
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Пол Крејг Робертс: После кримскиот референдум проблемите на Русија тукушто започнуваат
1:31 20 март 2014
Кримскиот референдум е почетокот на проблемите на Русија, изјави американскиот економист и политички аналитичар, Пол Крејг Робертс во интервју за Правда.ру.

Робертс смета дека „градовите во источна Украина со граѓани кои зборуваат руски веројатно ќе бидат изложени на притисок од страна на марионетската влада во Киев под контрола на Вашингтон, а петтата колона на Америка во Русија, т.е. невладините организации кои се финансираат од САД, ќе продолжат да делуваат во Русија и ќе протестираат против актуелната влада“.

Според зборовите на Робертс, „дури и ако источна Украина се одвои како и Крим, САД сепак ќе ги разместат своите ракетни бази во западна Украина. Со други зборови, и покрај губењето на Крим, а после извесно време, веројатно и губењето на источна Украина, Вашингтон, сепак, ќе има стратешка предност во однос на Русија“.

Американскиот експерт додаде дека идеологијата на Вашингтон се состои во тоа дека САД е единствена и незаменлива земја која поседува поголемо право од другите земји. „Ете зошто Вашингтон бомбардира и убива луѓе во осум земји. Таа идеологија се нарекува неоконзервативизам“, но подобро име би било 'неонацизам'“.

http://mk.rbth.com/news/2014/03/20/pol_krejg_roberts_posle_krimskiot_referendum_problemite_na_rusija_tukust_31879.html

Многу очигледно дека не’ водат во војна со Русија, тие ракети кога-тогаш ќе бидат употребени. Освен, ако дотогаш Русите не се предадат без отпор, што не е реално да се очекува. И таа војна ќе ја плаќаме во крв ние од бивша ЈУ, бившиот Варшавски пак и други вукојебини ко Украина.

На крајот, Западот ќе ги монетаризира нашите животи и повторно ќе биде многу понапред од средна и источна Европа.[DOUBLEPOST=1395310624][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено од модератор:
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Магарето го викаат на свадба вода да носи. Демек неможеа до сеа да ја притиснат Грција, па сега ќе ја притискаат. Мислиш Грција светски фактор број 1.
Доколку имаме покана за членство тоа би било крајно лицемерие и верувам дека народот нема да сака прием во НАТО. Јас би сакал да има референдум по тоа прашање. Дојде густа ситуација за војна и сега оп се прибира војска. До сега ние бевме присутни во сите НАТО мисии, а само тапкање по рамо добивме.
Зарем мислиш дека ако има референдум народот нема да го избере НАТО? Па 80 посто ќе биде за влез во НАТО. Иако сум про-руски настроен и јас , сепак мислам дека ние немаме друг избор освен да се приклучиме на алијансата ако добиеме покана, едно заради браќата борци за правда, и второ затоа што ако добиеме покана и одбиеме недај боже, замисли какви све санкции нема да примиме и што ли све ќе се случува во државата.

Е сега пиша некој пред неколку страни, треба политичарите да ги одржуваат колку толку односите со Русија, да им се каже дека сме немале избор и слично, али незнам колку ќе биде тоа изводливо. Во секој случај, мислам дека тука нема да се дешава ништо во наредните 2-3 децении барем, пошто има уште многу држави за колонизација на Блискиот исток кој им се од далеку поголемо значење и на двете светски сили отколку клошаријата на Балканот поз.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Робертс смета дека „градовите во источна Украина со граѓани кои зборуваат руски веројатно ќе бидат изложени на притисок од страна на марионетската влада во Киев под контрола на Вашингтон, а петтата колона на Америка во Русија, т.е. невладините организации кои се финансираат од САД, ќе продолжат да делуваат во Русија и ќе протестираат против актуелната влада“.
Менувањето карактерот на власта во Русија е првата од три задачи за Америка. Значи, ќе удрат уште појако да го поткопаат сегашниот политичкиот систем и власт во Русија т.е. Путин, и/или да воведат "демократска" власт по нивни терк.

Другите, две задачи се да се спечи Иран да создаде нуклеарно оружje и да се спречи војна меѓу Кина и Јапонија. Во двата случаја е потребен воен ангажман.

" The big three issues where Obama must lead from the front are: changing the character of Russia’s government, preventing Iran from getting a nuke and preventing a war in the South China Sea between Beijing and Tokyo. "

http://www.suntimes.com/news/simon/26294975-452/vote-da-for-putin-for-president.html

И многу јасно дека САД имаат стратешка предност, наметнуваат конфликт во дворот на опонентот или баш кај него дома, кој пак после е оставен да реагира во ситуација во која што за да победи мора да плати висока цена.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom