M
.:makedonec:.
Гостин
Можеби не сум некој голем поддржувач на тековните настани во нашава земја, но мене од една страна ми годи ваквата ситуација во која се наоѓа Македонија, ни запад ни исток, и така треба да „тераме“ уште некое време додека не се смири ситуацијата во светот, но лично сметам дека повеќе би се пронашле во источниот блок поради блискоста со Русија која ја чувствувам како граѓанин на Македонија, но и поради алчноста на западот, па не сум сигурен дали нам би ни одговарало да бидеме рамо до рамо со терористи и да починуваме терористички акти по светот, и да бидеме на мета на истокот и ред други фактори, но од друга страна, Македонија треба што поскоро да се соедини со некоја од посилните воено политички држави од калибарот на Русија, Кина, САД поради опасноста од повторување на Кримското сценарио во северозападна Македонија каде што и јас живеам и сум сведок на една претерана албанизација, па нема да биде чудо да потражат референдум на полошкиот регион, а таквата неизвесност би траела се додека Македонија не ја најде својата страна, западот односно истокот кој лично го преферирам.
Сега назад за Крим. Според мене Русија е она што треба да го има секоја држава, моќта која треба да ја има секоја држава. Во време на криза во Крим, во време на дислоцирање на војници, во време на (не толку важни медиумски војни) и во време на закани за безбедноста, Руската велесила докажа како се може да тече според планираното, БЕСПРЕКОРНО ја одржи зимската олимпијада односно зимската паралимпијада. Но, според мене не се должи се на Путин и Медведев, да можеби тие се значаен дел на сево ова, но верувам дека некој си 20-30 проценти се должи на Рускиот народ, храбар народ кој не се исплаши од ништо, и со насмевка на лицето ги пречекуваше сите предизвици кој лесно ги преброди. Русија како што во Сирија му „забрани“ на западот да го повтори сценариото од Ирак, Либија и Србија, така овде без „ниеден“ испален метак го присоедини мултиетничкиот Кримски полустров во рамките на Руската Федерација. Во ниеден случај нема да ја фаворизирам САД во овој случај поради нивната немоќност да се интервенира во Русија, што е и нормално. ЕУ? Европската Унија е свесна дека ја губи репутацијата кај Европјанита од ден на ден како што рече и Пина, но, не би рекол дека Украина ќе се присоедини кон ЕУ, затоа што Украина сега е притисната од Русија, не би се осудила да направи таков чекор во време на антиукраинско расположение на истокот, но истото не е и невозможно, мојата прогноза се базира на следниве 2 до 3 години кога ќе закрепне Украина. Има уште многу да се зборува, но воглавном ова е моето мислење за ситуацијава. Поздрав.
Добро , таа моќ што ја има Русија неможе да ја има секоја држава оти не секоја држава има 140 000 000 народ




Последно уредено од модератор: