Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Да. 2001-ва беше вистинско отворање на очите за Македонецот, во врска со "пријателството" на Турција и САД.
Да да само уште да беше МК проТурски и проамеркански натроена до 2001. Најверојатно да беше 2001 немаше да се случи. Во добар дел Македонски просрбизам и прорусизам е виновен за 2001. Народот треба да престане да е проруски насторен ако си мисли добро на себе и Македонија.
Кај им беше паметот во 1999 кога ја запалија Американска Амбасада им се чудам на луѓево ама толку им сече.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Да. 2001-ва беше вистинско отворање на очите за Македонецот, во врска со "пријателството" на Турција и САД.
Има некои на кои сеуште не се освестени или можеби едноставно не им е воља што се Македонци.[DOUBLEPOST=1394985071][/DOUBLEPOST]Јужна и источна Украина продолжува со протестите.

Про руски демонстранти нападнале владини згради во Донецк

Про-руски демонстранти ги нападнале канцеларијата на регионалниот обвинител и седиштето на служба за безбедност во источниот украински град Донецк. Демонстрантите побарале ослободување на самопрогласениот гувернер, Павел Губарев , кој беше приведен претходно овој месец под обвинение за повик за соборувањето на уставните овластувања на Украина. Според извештаите, околу 2.000 демонстранти се собрале пред канцеларијата на регионалниот обвинител за да бараат ослободување на Губарев . Некои демонстранти упаднале во зградата, додека други го искинале украинскиот знаме. Донецк е поранешно упориште на соборениот претседател Виктор Јанукович. Инцидентите доаѓаат во момент кога на Крим на референдум се гласа за приклучување кон Русија. Демонстрантите во Донецк изразија поддршка за гласањето на Крим.



Локални жители блокираа воен транспорт во источна Украина

Жителите на Луганск на пругата поставиле барикади од метален отпад и формирале жив штит во обид да го спречат воениот транспорт, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство од политиката на новите власти во Киев
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.894
Поени од реакции
13.011
Мое мислење е дека Крим е завршена работа, битката сега е за Донбас.
 
Член од
1 март 2014
Мислења
283
Поени од реакции
73
Да да само уште да беше МК проТурски и проамеркански натроена до 2001. Најверојатно да беше 2001 немаше да се случи. Во добар дел Македонски просрбизам и прорусизам е виновен за 2001. Народот треба да престане да е проруски насторен ако си мисли добро на себе и Македонија.
Кај им беше паметот во 1999 кога ја запалија Американска Амбасада им се чудам на луѓево ама толку им сече.
Mene edno ne mi e jasno kako site ja spomenuvaat 2001 a nikoj ne se vraka nazad i da prokomentira sto navistina se slucuvase od 1991 do 2001. Zal mi e sto mnogumina ja gledaat vistinata vo oci a ne ja priznavaat!
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.894
Поени од реакции
13.011
Мене жал ми е што немаме политичари што знаат да балансираат и да се борат за македонските интереси.
Пример Финска.
Него темава не е за тоа.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кој државен удар, тие имаа 10% од гласовите на последните избори и беа потребни за да добијат мнозинство во парламентот колку да имаат привремена влада до изборите во мај. Освен тоа,

Фашизам е дефиниција на политичка и економска идеологија
национализам =/= фашизам
насилство =/= фашизам
авторитарна влада =/= фашизам

Интересно ми е кога ги гледам russiatoday како од ден на ден доаѓаат до нови ознаки за владата, почнувајќи од фашисти, па екстремисти, па нацисти па нео нацисти и сега едноставно ги нарекуваат само нацисти
Доколку ти е волја, можеш да напишеш магистерски труд: „Компаративна анализа на терминологијата за означување на политичките и економските процеси врз основа на примерот со Украина“.

А во меѓувреме запознај се со идеологиите на Десниот Сектор и сите националистички подгрупации, како и партијата Свобода и УНА-УНСО.

Всеукраїнське об’єднаннја «Свобода» (попереднја назва - Соціал-Національна партіја України) постало в результаті об’єднаннја активістів націоналістичних громадських організаціј: Варта Руху, Студентське Братство, ОУМ «Спадштина», Українські Ветерани Афганістану.
Оскільки націја в розумінні партії - кровно-духовна спільнота, то основним принципом вступу до партії стала належність до української нації. До партії не пријмали атеїстів та колишніх членів КПРС.
http://www.svoboda.org.ua/pro_partiyu/istoriya/

Би било многу корисно за сите нас, да ги формулираш правилните дефиниции за овие организации, за да не потпаѓаме на медиумските дезинформации, бива ли?

http://snaua.info/
http://ar25.org/article/ukrayinska-nacionalna-asambleya-una-unso-korotka-istoriya-struktura-kontakty.html?id=8838
http://www.svoboda.org.ua/




Откако ќе ги утврдиш правилните академски номинации на сите овие “екс-опозиционерски“ а сега владини претставници, можеш да испратиш дописка до медиумите низ светот за корекција на своите информации.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
Да да само уште да беше МК проТурски и проамеркански натроена до 2001. Најверојатно да беше 2001 немаше да се случи. Во добар дел Македонски просрбизам и прорусизам е виновен за 2001. Народот треба да престане да е проруски насторен ако си мисли добро на себе и Македонија.
Кај им беше паметот во 1999 кога ја запалија Американска Амбасада им се чудам на луѓево ама толку им сече.
Стварно?
Просрбизмот, односно прорусизмот (користам твои изрази) беа криви за 2001-ва?
Ја па цело време мислев дека албанскиот национал-шовинизам бара Илирида. Но, веројатно коминикеата на Али Ахмети лажат, нема везе тоа ослободување од словенските власти, што се спомињаше у документите на ОНА, вистинската причина бил прорусизмот на Македонија.

Те читам по долго време на форумов. Сериозно, ти се читаш ли некад самиот што пишуваш? Дали само мене ми личат твоите "ставови" како предмети од чергарска торба извадени по случаен избор?

2001-ва е наук за оние кои имаат барем малку очи. Во време на вакви Украини, да знаат како дува ветерот.[DOUBLEPOST=1394988964][/DOUBLEPOST]
Мое мислење е дека Крим е завршена работа, битката сега е за Донбас.
Можеби и Придњестровие пак ќе се активира (иако не е во Украина).
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Да да само уште да беше МК проТурски и проамеркански натроена до 2001. Најверојатно да беше 2001 немаше да се случи. Во добар дел Македонски просрбизам и прорусизам е виновен за 2001. Народот треба да престане да е проруски насторен ако си мисли добро на себе и Македонија.
Кај им беше паметот во 1999 кога ја запалија Американска Амбасада им се чудам на луѓево ама толку им сече.
Што да праиш, требаше активно да се вклучиме во војната и да убиеме колку може повеќе србенди, којзнае колку би не обожавале американците после.
Мислам дека сеуште не е касно, можеме да им овозможиме на Албанците да превземат целосна контрола на државата и да го избереме Ахмети за нов Претседател и да организираме референдум на кој ќе гласаме за федерализација и спојување на Македонија со Косово.

Мислиш дека САД ќе имаат нешто против?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Што да праиш, требаше активно да се вклучиме во војната и да убиеме колку може повеќе србенди, којзнае колку би не обожавале американците после.
Мислам дека сеуште не е касно, можеме да им овозможиме на Албанците да превземат целосна контрола на државата и да го избереме Ахмети за нов Претседател и да организираме референдум на кој ќе гласаме за федерализација и спојување на Македонија со Косово.

Мислиш дека САД ќе имаат нешто против?
Темата е Украина. Толку од мене.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Темата е Украина. Толку од мене.
Добро што се сети.

Он топик, претставничката на ОБСЕ изјави дека нивните набљудувачи можат да посредуваат само кога ќе добијат официјална покана од засегната држава, во случајот со Крим тие не добиле барање од Украина за набљудување на референдумот.


LIVE! Референдум у Криму

До 18 часот излезени се 73,5% граѓани на Крим со право на глас, или во бројки излегле 1 128 089 граѓани од вкупно 1 534 815 кфалификувани гласачи.
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Не знам зошто, сигурно е случајно;), но во западните медиуми не се претстави веста дека на 13 март е извршен напад над рабинот на Киев и се нападнати синагоги:)
http://newsru.co.il/world/14mar2014/cohen_kiev_105.html
http://www.newsru.com/world/14mar2014/gilel.html

Проблем за ЕУ е дека украинските националисти освен дека се антируски настроени се и едни од најголемите антисемити кои постојат на земјата. Интересно е еврејското лоби во ЕУ како прифаќа тоа.

Добро потсеќа Bratot за националистите од УНА-УНСО. Кој е запознаен со нивната идеологија добро знае дека тие никогаш нема да прифатат нивната земја да е се управува со директиви од Брисел и Украина да се претвори во васална на ЕУ и САД држава. Тие никогаш нема да прифатат ''реформи'' и наметнување на ''европски демократски вредности'' како легализирањето на геј браковите, тоа е апсурдно.

Можете да се запознаете со активностите на УНА-УНСО во Чеченија. 21:25 min Наемники
 
А

Антоние

Гостин
Доколку ти е волја, можеш да напишеш магистерски труд: „Компаративна анализа на терминологијата за означување на политичките и економските процеси врз основа на примерот со Украина“.

А во меѓувреме запознај се со идеологиите на Десниот Сектор и сите националистички подгрупации, како и партијата Свобода и УНА-УНСО.

Всеукраїнське об’єднаннја «Свобода» (попереднја назва - Соціал-Національна партіја України) постало в результаті об’єднаннја активістів націоналістичних громадських організаціј: Варта Руху, Студентське Братство, ОУМ «Спадштина», Українські Ветерани Афганістану.
Оскільки націја в розумінні партії - кровно-духовна спільнота, то основним принципом вступу до партії стала належність до української нації. До партії не пријмали атеїстів та колишніх членів КПРС.
http://www.svoboda.org.ua/pro_partiyu/istoriya/

Би било многу корисно за сите нас, да ги формулираш правилните дефиниции за овие организации, за да не потпаѓаме на медиумските дезинформации, бива ли?

http://snaua.info/
http://ar25.org/article/ukrayinska-nacionalna-asambleya-una-unso-korotka-istoriya-struktura-kontakty.html?id=8838
http://www.svoboda.org.ua/




Откако ќе ги утврдиш правилните академски номинации на сите овие “екс-опозиционерски“ а сега владини претставници, можеш да испратиш дописка до медиумите низ светот за корекција на своите информации.
"Сводоба" сочинува 10% од владата која се состои од легитимно избрани заменици кои превземаа контрола до изборите во мај. Фокусирајќи се на 10% од владата е правење од мува слон, чија цел е класична пропаганда.[DOUBLEPOST=1394992277][/DOUBLEPOST]
Или со други зборови "За да го докажеме лицимерието на нашиот непријател Америка, ќе се поробиме и потепаме меѓу себе, брата со брат, славјанин со славјанин"
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
"Сводоба" сочинува 10% од владата која се состои од легитимно избрани заменици кои превземаа контрола до изборите во мај. Фокусирајќи се на 10% од владата е правење од мува слон, чија цел е класична пропаганда.
Има квоти за дозволено учество на фашисти/нацисти/радикали/антисемити/националисти? (заокружи си термин кој најмногу ти одговара)
И не е 10 туку 20% од министерските позиции.
Легитимно избрани на избори кои не се одржале?
Заборави да споменеш кои министерства припаднаа на тие “ништожни“ 20 % пратеници на Свобода:

1. Александр Сыч - вице Премиер на Украина
2. Игорь Иосифович Тенјух - министер за Одбрана


плус министерствата за земјоделство и мин. за природни ресурси.
Владата е составена од 7 министри од Баткившчина, 4 од Свобода и останатите 10 “беспартиски“. За партијата на Кличко ниту едно министерско место :)

Од вкупно 21 позиција во новата влада дури 16 министри се од Лвов - западна Украина, а во останатите 5 нема ниту еден претставник од Крим или Југоисточна Украина.

Во моментов власта во Украина е поделена меѓу само две политички партии Баткившчина и Свобода. Тоа доволно говори за нејзиниот легитимен карактер после вооружениот преврат.

Кога сме веќе кај пропагандата... релативизирањето и игнорирањето на Национал-Социалистички идеологии и програми за чиста православна нација довело до власт луѓе како Хитлер и некои други историски фаци.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
Кога сме веќе кај пропагандата... релативизирањето и игнорирањето на Национал-Социалистички идеологии и програми за чиста православна нација довело до власт луѓе како Хитлер и некои други историски фаци.
Колку што знам, во Украина има една католичка и четири православни цркви (така и е поделено населението, воглавно, плус нешто Муслимани на Крим). Е сега, овие крајниве десничари што се?
Ја мислев дека се предимно католици и унијати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom