Бонсаи (одгледување бонсаи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам прашање и би било супер ако некој знае да ми одговори.
Купив бонсаи пред месец дена отприлика. И ми стигна преку пошта засадено и веќе малку пораснато. Проблемот е што требаше да стигне петок, ама го задржаа до понеделник во магацинот, а беше под нула. Кога го добив листовите му беа извиткани навнатре од ладното и мислев ќе се опорави внатре во куќата, ама еве помина месец дена и ништо. Пробав да го ставам на место каде што има повеќе сонце пред 3 дена, ама уште нема некоја промена. Иначе врстата е Golden Gate Ficus. Мислам дека доволно го поливам.
Можно е да умира, ама мислам дека не е тотално мртво и сакам да знам дали има начин да се спаси :(
Знам дека сум тапа со цвеќиња и такви работи ама платив за ова и стварно сакам да заживее :X3:
 
70% сум сигурен дека е мртво, тоа е Фикус, и како амазонско растение бара влага и топлина, тоа што го држеле на ладно и суво место сигурно му наштетило, но пробај да го ставиш во "нешто" каде што е над 30 степени С и да има голема влажност, но немој премногу да го полеваш, тоа може само да му наштети... Ако е живо, треба да има зелени вистови, ако можеш стави слика, ќе ми помогне да му ја проценам состојбата...;)
 
ate2anyp.jpg


Иначе му ставам вода отприлика на 3 дена, или кога ќе приметам дека нема воопшто вода доле кај каменчињата.
Освен ако не ставам нешто да го покријам па да ја чува топлината повеќе, незнам дали има шанси да го чувам на 30 степени, бар не уште некоја недела зашто надвор е уште ладно овде каде што сум.
 
Изгледа мртво, барем според мене... Мислев дека е во подобра состојба, ама ништо... Почувај го уште месец-два, ако пушти нешто- арно, ако не- мртво е 100%. Вода е доволно кога ќе буцниш со прцтот во земјата, да ти биде умерено влажен прстот, ако е така, доволно го наводнуваш. Ако прстот за 10-20 секунди ја впие влагата, малку е вода... Ти препорачувам да почнеш со некои попрости, на пример: даб, црн бор...
 
Па не ми беа убави тие. Ова пишува дека трпи грешки и е добро за почетници и убаво ми изгледаше. Можеби ќе пробам пак со некое уште попросто и кога нема да биде проблем ако не го донесат на време (пример летоска) :)
Фала сепак :)
 
Денес ми пристигнаа семките за бонсаи
Не се многу разбирам во градинарство, ама ми се виде интересно и сакам да пробам, па ја најдов оваа тема овде.
Семките ги порачав од овде
Семките изгледаат вака
WWp3n2v.jpg

има некои мувлосани, ама има некои што почнале да ртат
IXR9YHz.jpg

Мислам дека видот на дрвото е зимзелен или како што прочитав од каде што ги порачав (Evergreen Shrubs).
не ми е јасно, го пишува како Podocarpus tree и како Yacca Tree.
Е сега има некој искуство што како, дали да ги ставам прво во фрижидер да изртат сите, или да ги бапнам право во земја.
Му се мислам имам едно старо корито да ги насадам како расад во редови, на некои 30-40 см растојание, па ако биде нешто на есен да ги расадам во посебни саксии.
 
Ljudi moze so avokado kj nas da uspee? Gledam na net najlesno e so toa za pocetnici

Sent from my Vodafone Smart II using Tapatalk 2
 
каде да се купи бонсаи и колку се движи цената

фала
 
тие што поручиле семки од интернет ако може да кажат какво искуство имале и некоја слика не е на одмет сакам и јас да земам од семка бонсаи или пак да купам готово дрво ?
 
Денес ми стасаа од Али и се надевав дека овде ќе најдам помош околу почетокот со семето,ако има некој нека пиши ќе пробам со нормално садење во хумус ако изртат.
 
ate2anyp.jpg


Иначе му ставам вода отприлика на 3 дена, или кога ќе приметам дека нема воопшто вода доле кај каменчињата.
Освен ако не ставам нешто да го покријам па да ја чува топлината повеќе, незнам дали има шанси да го чувам на 30 степени, бар не уште некоја недела зашто надвор е уште ладно овде каде што сум.
Ова целото е суво :pos:
каде да се купи бонсаи и колку се движи цената

фала
Пред некој ден бев во Mr. Bricolage (во аеродром кај ФОН) мислам дека видов таму, не беа скапи.
 
U Mr.Bricolage znam deka oddamna ima. Pred 1-2 god koga bev imase.
 
а отприлике цена и кои типови има, да знам кога одам накај скопје

јас пробував со семките од ebay али безуспешно, оти требаше во фрижидер на одредена температура и само ептен мал дел проникнаа, и тие после се исушија
 
а отприлике цена и кои типови има, да знам кога одам накај скопје

јас пробував со семките од ebay али безуспешно, оти требаше во фрижидер на одредена температура и само ептен мал дел проникнаа, и тие после се исушија
Da te lazam. Neznam. Znam deka vidov. Imase i pogolemi i pomali.
 
Каде може да се купе бонсаи?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom