Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
По сето ова што се случува во Турција, тој јасно, без никаков страв и колебање го впери прстот кон Циа, Мосад, ММФ, Еврејското лоби на Сорос, светските мас-медиуми (претежно про-западни и западни), бароните, faiz lobisi (лобито на интереси), ЕУ, Нато, масоните и највеќе кон довчерашниот негов близок соработник Ѓулен (куче на САД) и неговото движење „Хизмет“ заедно со неговите медиуми, кои наеднаш од најдобар премиер направија најголем душман на Турција!
Разбирам дека набројаниве се вечити кривци за се, ама тука не станува збор за надворешни душмани туку внатрешни, барем според мене.
Е на сите овие јавно му објави „војна“ на 30 март! Пробаа на секаков можен начин да го прикажат како најголем враг на сопствениот народ и диктатор!
Бидејќи ... и е тоа??
Gallup Poll ја спроведуваше анкетата, дај да ги видиме тие анкети на кои се повикуваш?![]()
Не ми требаат анкети за да се докажувам. Мислам дека е прилично јасно дека човеков е забеган. И Хитлер имал харизма и уживал голема подршка, но неговите дела сепак останале запаметени.
Ердоган е лидер без страв!
Ердоган не е никаков лидер. Лидер доаѓа од lead, да води, и тоа најчесто се смета за позитивна, прогресивна карактеристика. Кога човек ко трупов те влече назад, во средновековно време, тоа не е одлика на лидер, туку одлика на нарцисоиден монарх. Човек кој сака да владее абсолутно и без ни доза критика. А за тоа да се случи во целост треба глуп народ, а неговава агенда не гледам да ги прави попаметни луѓево таму.