Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.279
Се кажа но најбитното неГледано од рамките на нашава секојдневна реалност, нормално дека е тешко да се замисли тоа за што зборувам.
Но размисли и обиди се да ја замислиш таа група луѓе кои заедно волонтирале и служеле дваесетина години практично без парична надокнада, ризикувајќи го сопствениот живот за добробит на државата. Зборуваме за волентерска служба, служба од која можат да се откажат во секој момент.
Размисли какви луѓе излегуваат од таква средина, дали и колку би биле поткупливи.
Одредени поединци секако е можно да подлегнат на корупција, но никако целата заедница на тие brothers at arms.
( добро де, така е зборот, сигурно би имало и сестри, не само браќа ).
Секако дека би имало и стандарни механизми за справување со корупцијата. Запамти дека еден систем може да биде коруптиран само ако корупцијата доаѓа одозгора. Ако врвот е како што треба, другото доле лесно се регулира.[DOUBLEPOST=1394123172][/DOUBLEPOST]
Лет, не дриблај без топка. Предолг ли ти беше уводниот пост, па го прерипа, а?
Пишав убаво како и зошто, и низ какво сито треба да се просеат избраниците за кои зборуваш. И не го мешај Толкин кога фино лепо ти напишав дека се работи за Хејнлејн.
Работите од спомната книга и не се толку далеку од омилената ти книга од омилениот ти Хари Харисон.
Впрочем се кладам во месечната продукција на Пивара дека не знаеш дека Бил, Галактичкиот Херој всушност е сатиризација на Хејнлејновите Војници на Ѕвездените Бродови.
/interenhumormode off
Интересна, но не и неприкладна иронија. Од аспект на муабетов.
Прочитај ја книгата, треба да ти се допадне чим ти се допаѓа Бил од Харисон. Малку пофилософска е, ама само малку. Интересна е во секој случај, и лесна за читање.
Кој во македонија ќе донесе критериуми комиуии и служби за оценување на “подобни“ за гласање. Која служба ќе те следи тебе 20 години дал си бил посветен или не на Македонија?? Кој ќе оценува дали Грујо или Бранко или Ахмети се посветени?
Ние една лустраторска комисија салам не можеме да направиме без да си извадиме очи, пак сега треба за секој жител на МК да се води 20 години досије и забележува и оценува дал бил посветен или непосветен на државата за да му се даде право на глас од некој си кој за себе смета дека е посветен?!?!
Не си свесен колку детски и и наивно е тоа. Од една страна некоја хипи комуна со служби за следење и досијеирање на граѓани како Секуритате на Чаушеску или Сигурими на Хоџа.... Батали то, излези ко чоек и гласај за опцијата која ти одговара.