Испрекината/полна линија

Член 54 став (2) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата: „Возачот не смее да ја зголемува брзината на движењето на своето возило, за време додека го престигнува друго возило.“
Нешто што претерано често се случува...

Него, од култура е фино и да прикочиш. Јас обично тргам нога од гас, а ако надоаѓа друго возило од спротивна страна тогаш и кочам нормално. Фино е и ако гледаш дека некој се мачи позади тебе да му отвориш пат, али ова реткост е...
 
А, не ми е јасно и ова: кога полицаецот дава знак со раката испружена нанапред (не да покажува кон одредени возило) значи дека не смеат да врват автомобилите кои го сечат правецот на раката. е сега, кои се тие (еве пример, да имаме + раскрсница) автомобили?
 
Погледни го сајтов мислам дека ќе најдеш се што те интересира.

Конкретно за тоа што прашуваш, сите возила кои се движат паралелно со испружените раце на сообраќаецот имаат право да поминат, а они кои го сечат односно доаѓаат од напред или позади него немаат право за движење.
saobracajac_sit1.jpg
 
Последно уредено:
Не двете раце испружени тулу едната и тоа напред.
 
Не двете раце испружени тулу едната и тоа напред.

saobrac_rask_hor_predr.jpg
 
Не се гледа сликава.
И кажете ми во врска со кочењето; пример да возам со 3 брзина, ко ќе почнам да кочам, кога треба да стиснам на кумплунгот? Кога можи да угасни колата?
 
Не двете раце испружени тулу едната и тоа напред.
тогаш смеат да поминат тие што му се странично на полицаецот (не тие од кај лице и грб), ама не и тие каде правецот на движење им се сече со раката
 
А кажете ми која е разликата помеѓу тргнувањето со автомобил што вози на на нафта и помеѓу оној на бензин? Друга разлика што има помеѓу автомобилите на нафта и бензин?
 
А кажете ми која е разликата помеѓу тргнувањето со автомобил што вози на на нафта и помеѓу оној на бензин? Друга разлика што има помеѓу автомобилите на нафта и бензин?
бензинот е прочистена нафта, не го сфаќам прашањево. Да не мислиш меѓу безоловен и дизел?

и горе што си прашал кога да кочиш, па не може да ти кажеме ние кога да кочиш и кога може да ти угаси, повози ја колата и ќе добиеш осет, секоја кола со своја филозофија. Затоа возиш часови.
 
Вајда мисли на бензинец и дизел. Јас сум возела 101-бензинец а сега возам опел-дизел. Разликата е во тоа што дизелот уште на самото палење мораш да почекаш, значи не пали како бензинецот на свеќичка. Тој многу побавно набива брзина. Ова е нешто општо што јас го имам заприметено. Поискусниве возачи можат поопширно да ти објаснат. А и на крај краева зошто не си го прашаш инструкторот? Тој за тоа зема пари.
 
Да. Мислев на бензинец и дизел.Ќе го прашам инструкторот за прашување ама реков тука малку нешто да принаучам, пошто незнам што ќе ме учи тој. Фала ви на одговорите. Уште тоа со свеќиците да ми кажи некој. Што е финтата со нив. А, и со клиповите... Што се тоа и зошто служат?
 
@SomebodyUnique
Брат, а бе не заебавај. Прашај си го инструктор за возење за сите прашања, па за тоа плаќаш, сигурно тој (нај)добро знае зошто служат свеќичките, клиповите, која е разликата меѓу бензинец и дизелаш, или пак едноставно за сите прашања околу деловите на автомобилот прашај си некој АВТОМЕХАНИЧАР! Без да се навредиш, ама твоите (пот)прашања немаат крај, од една тема влеваш во друга тема!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom