Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    760
Киев : 2000 руски војници се слетале во Крим во рамките на " вооружената инвазија " на полуостровот

Симферопол . Руски авиони кои превезуваат околу 2.000 војници , се слетале на воздухопловна база во близина на регионалниот главен град на немирниот Кримскиот полуостров , соопшти висок украински службеник , кој ја обвини Москва во "вооружена инвазија " , пренесе AFP .
" 13 руски авиони слетаа на аеродромот во Гвардејское ( во близина на Симферопол ) со 150 луѓе " , рече Сергеј Куницин , специјален претставник на украинскиот претседател во Крим , пред телевизија ATR . Тој додаде дека воздушниот простор е затворен .
Засега не е јасно дали Русија има право да користи базата или да испраќа дополнителни војници согласно договорите со Украина .
 
Русија...според договорот со Украина има право да движи војници помеѓу нејзините бази.
 
Не спомнав да реагираат воено.
Него, после сите случувања, некако Русите се многу тивки. Што на пример, еве не беше случај со ситуацијата со Сирија.
Некако како се да им оди според планот...
А од другата страна западов се пенави... Ја предупредуваат Русија, секојдневно по неколку пати од неколку држави. Мислиш Русија е пред вратите на Киев. Дали тоа западов сакаше да изнуди на некој начин Руска воена реакција со револуцијава?
 
Веројатно тоа и беше целта на Западот, да се прикаже Русија како агресор, а тие самите како спасители... од каде Западот би поентирал... на пример засилување на военото присуство во Балтичките земји и општо земјите околу Русија. Прикажувајќи ја Русија како агресор, другите едноставно ќе побараат заштита, нели...

Веројатно Западот е свесен дека нема да ја има Украина, не барем како што ја замислуваат со крајно анти-руско расположена влада и војска на границата со Русија и свесни се за се поголемото влијание што го имаат Русите во светот во последните години (треба да ги набројувам поразите на САД од Русија?), па ова најверојатно е обид, стапица, за Русите, која не им запали на Западот...

Од друга страна со смена на врвот на државата не може така едноставно да го сменат текот накај ќе оди државата. Едноставно постојат многу алатки кои може да се искористат за спречување на одредени цели да станат реалност. Русија долго време не дозволи воено присуство на Западот во прозападно ориентираната Украина, иако имаше одредени структури внатре во Украина, кои очигледно сега ги нема.
 
Овие се фашистите и платениците?

Последно уредено:

какви порази на САД жити се,едино стигаа до пат позиција,САД не изгуби никаде од своето влијание,можеби не успеа да го прошири но не изгуби ниту педа,а на Русија и дојдоа до границата,Украина НЕ СМЕЕ да падни,ако тоа се случи ќе задува силна промаја од Запад кон Сибир.........
 
Незнам за тие, ама овие се:

Тоа беше поентата. Во 100 000 јаболка, ќе има неколку гнили (фашисти, комунисти, анархисти, руски платеници, американски платеници...) Но, да ја наречеш оваа маса на народ фашисти, е безобзирна генерализација.

И пред да реплицираш, прегледај го прво тоа што сум го постирал. Не сме тука само за контрирање.
 
Веројатно тоа и беше целта на Западот, да се прикаже Русија како агресор, а тие самите како спасители... од каде Западот би поентирал... на пример засилување на военото присуство во Балтичките земји и општо земјите околу Русија. Прикажувајќи ја Русија како агресор, другите едноставно ќе побараат заштита, нели...

Веројатно Западот е свесен дека нема да ја има Украина, не барем како што ја замислуваат со крајно анти-руско расположена влада и војска на границата со Русија и свесни се за се поголемото влијание што го имаат Русите во светот во последните години (треба да ги набројувам поразите на САД од Русија?), па ова најверојатно е обид, стапица, за Русите, која не им запали на Западот...

Од друга страна со смена на врвот на државата не може така едноставно да го сменат текот накај ќе оди државата. Едноставно постојат многу алатки кои може да се искористат за спречување на одредени цели да станат реалност. Русија долго време не дозволи воено присуство на Западот во прозападно ориентираната Украина, иако имаше одредени структури внатре во Украина, кои очигледно сега ги нема.
http://ruskarec.mk/news/2014/03/01/...uzi_finansiska_i_humanitarna_pomos_31281.html
Путин нареди да ѝ се пружи финансиска и хуманитарна помош на Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ѝ наложи на владата да се занимава со прашањата за развој на трговско-економските врски со Украина, како и да ѝ пружи на земјата финансиска и хуманитарна помош. Ова го изјави портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков, а пренесува РИА „Новости“.

Според неговите зборови, Путин наредил да се одржат консултации со странските партнери, вклучувајќи го и ММФ, за да се додели финансиска помош на Украина.

„Освен тоа, земајќи го предвид апелот на раководството на Крим за хуманитарна помош, претседателот на Русија ѝ наложи на владата на Руската Федерација да го разгледа тоа прашање“, нагласи портпаролот.
[DOUBLEPOST=1393632168][/DOUBLEPOST]
Тоа беше поентата. Во 100 000 јаболка, ќе има неколку гнили (фашисти, комунисти, анархисти, руски платеници, американски платеници...) Но, да ја наречеш оваа маса на народ фашисти, е безобзирна генерализација.

И пред да реплицираш, прегледај го прво тоа што сум го постирал. Не сме тука само за контрирање.
Не ти контрам, туку споредба направив... Народот што излезе на улица е изигран, а на власт дојде џганот.
 
Последно уредено:
Не ти контрам, туку споредба направив... Народот што излезе на улица е изигран, а на власт дојде џганот.

Тука се согласуваме. Сигурно, некои од лидерите и на двете страни се платеници. Јанукович, Тимошенко, Турчинов...
Но, народот си избра и не треба да се потценува интелегенцијата на тој народ. Многумина знаат што точно се случува.

Најдобро објасна младата студентка од првото видео:

"Some people who came to the square believe, of course, we have 2 evils, but we have to chose the better evil and the better evil is the EU, because there, you have some institutions, human rights institutions, the idea of law".

"Некои луѓе кои излегоа да протестираат знаат дека имаме две зла, но треба да го избереме подоброто зло и подобро зло е ЕУ, поради што во ЕУ има институции, права, закон".
 
УСА к.. ке им јаде и на Иран (знам мн добро другар иам од таму) .и на Укарина.....и да С.Кореа
 
Овие се фашистите и платениците?

Овие 3 ги неам гледано али ќе ти дадам еден совет....политички документарци од VICE НЕ ГЛЕДАЈ...ПОГОЛЕМО СРАЊЕ не постои...само погледни ги за Сирија и ќе видиш што ти зборам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom