Повлекување пари од oDesk на Payoneer или Skrill ?

Член од
13 јуни 2012
Мислења
21
Поени од реакции
6
Дали некој има споредувано која е поисплатлива опција за повлекување на парите?

Јас лично користам Payoneer. Трошоците се следни:
1. Од oDesk се префрлаат парите на Payoneer - 2$
2. Со Payoneer картичката се вадат од банкомат - 0.9$ од трансакција
3. Банката зема 3% од сумата која што ја вадиш
4. И мислам се губи некоја сума при конверзија од долари во денари

Ако знае некој да ја опише целосната процедура за истото со Skrill.

Би требало да е вака:
1. Од oDesk се префрлаат парите на Skrill
2. Од Skrill се префрлаат на девизна сметка
3. При вадење пари од девизна сметка дали има провизија
4. Дали за тие пари треба да се плати персонален данок ?
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Skrill се најисплатлива опција, при префрлањето од oDesk на Skrill не ти зима ниту цент провизија, додека пак на Payoneer ти зима 2$. После за повлекувањето од Skrill на дебитна картичка се плаќа fee кое е што е ептен мало 2.80$, за сите суми, без разлика дали вадиш 1.000$ или пак 10.000$, сумата е таа. После од банкомат си вадиш колку сакаш, нема никаква провизија, Skrill е многу јако, појако и од PayPal за мене.

Иначе за тоа за персоналниот данок мора да го платиш, без разлика дали ќе вадиш пари преку Srkill или преку Payoneer, но да имаш странска сметка не е дозволено во Македонија, така да Payoneer е илегална.
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
21
Поени од реакции
6
Парите кои што се повлекуваат од Payoneer никаде не се ни евидентирани, како би платил данок за нив?
А доколку префрлам од Skrill на девизна или на дебитна картичка, дали на крајот од годината ти праќат извештај за персоналниот данок што треба да го платиш ?
 
Не се евидентирани но доколку вадиш големи суми на пари тогаш треба да пазиш, лесно може да те најдат.
Иначе за тоа со Skrill, нема да ти стаса никаков извештај, освен ако не почнат да ти ги следат трансакциите и се одлучат на таков чекор.
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
21
Поени од реакции
6
За колку големи суми мислиш? Која сума максимално ја препорачуваш по трансакција?
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Па зависи, тоа точно никој неможе да ти го каже, но ако месечно вадиш по 100-200$, тогаш не би требало да имаш проблем, но тоа никој неможе да ти го гарантира, мој совет е да си пријавуваш данок.
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
До $1000 месечно немаш гајле и не треба да пријавуваш ништо/никому.
Од оdesk пробај да ги извлечеш клиентите во приватна контакт листа, и ќе имаш помалку fees ако добиеш проект. Направи си и мал веб сајт.
Skrill e далеку подобро од Payoneer.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561

Како тоа не треба да пријавуваш ништо никому? Кај пишува дека до $1000 не треба да плаќаш ништо и нигде. Без разлика од кај ти стигаат пари на сметка треба да ги пријавиш.

Дај не тресете глупости.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Skrill се најисплатлива опција, при префрлањето од oDesk на Skrill не ти зима ниту цент провизија, додека пак на Payoneer ти зима 2$. После за повлекувањето од Skrill на дебитна картичка се плаќа fee кое е што е ептен мало 2.80$, за сите суми, без разлика дали вадиш 1.000$ или пак 10.000$, сумата е таа. После од банкомат си вадиш колку сакаш, нема никаква провизија, Skrill е многу јако, појако и од PayPal за мене.

Иначе за тоа за персоналниот данок мора да го платиш, без разлика дали ќе вадиш пари преку Srkill или преку Payoneer, но да имаш странска сметка не е дозволено во Македонија, така да Payoneer е илегална.
Како тоа Одеск не ти зема провизија кон скрил? Не е некоја голема провизија но задолжителна провизија од 1 долар имаш при секоја трансакција без разлика на сумата. А нешто и со скрил кон банка си се збунил. Скрил ти зема 4 долари, исто без разлика на сумата. Во секој случај провизиите не се воопшто големи.
Е сега, на која банка ги префрлаш ти парите? Зашто, тутунска при првата моја трансакција на девизи ми зема 11% од сумата, а претходно се јавив и прашав ми кажаа дека немаат никакви провизии. Кога отидов да ги подигнам парите (затоа што не беа достапни на картичка, мораше на шалтер:facepalm:) па ме натераа да попунуем документи за одобрување на девизна трансакција. Кога прашав за провизиите, таа од девизно не знаеше да ми објасне, скрил се оградија од накнадна провизија, фактички, мора банката да ми ги задржала тие 11% од сумата и покрај тоа што не знаат зашто и не знаат дека задржуваат...:facepalm:
Па зависи, тоа точно никој неможе да ти го каже, но ако месечно вадиш по 100-200$, тогаш не би требало да имаш проблем, но тоа никој неможе да ти го гарантира, мој совет е да си пријавуваш данок.
Ја би ти препорачала да не го пријавуваш, да си идеш на опција АПП (ако проџе, проџе). Ако на крај на година ти стигне извештај од УЈП, ондак иди и плати (а тие случаеви се доста ретки), ако не, треба да си луд за сам да пријавуваш да ти земаат пари (мислам, Македонија е ова, и милионски суми перат, сигурно ќе се замараат за твоите 300-400 долари...yeah right!)
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Како тоа Одеск не ти зема провизија кон скрил? Не е некоја голема провизија но задолжителна провизија од 1 долар имаш при секоја трансакција без разлика на сумата. А нешто и со скрил кон банка си се збунил. Скрил ти зема 4 долари, исто без разлика на сумата. Во секој случај провизиите не се воопшто големи.
Е сега, на која банка ги префрлаш ти парите? Зашто, тутунска при првата моја трансакција на девизи ми зема 11% од сумата, а претходно се јавив и прашав ми кажаа дека немаат никакви провизии. Кога отидов да ги подигнам парите (затоа што не беа достапни на картичка, мораше на шалтер:facepalm:) па ме натераа да попунуем документи за одобрување на девизна трансакција. Кога прашав за провизиите, таа од девизно не знаеше да ми објасне, скрил се оградија од накнадна провизија, фактички, мора банката да ми ги задржала тие 11% од сумата и покрај тоа што не знаат зашто и не знаат дека задржуваат...:facepalm:
Ја би ти препорачала да не го пријавуваш, да си идеш на опција АПП (ако проџе, проџе). Ако на крај на година ти стигне извештај од УЈП, ондак иди и плати (а тие случаеви се доста ретки), ако не, треба да си луд за сам да пријавуваш да ти земаат пари (мислам, Македонија е ова, и милионски суми перат, сигурно ќе се замараат за твоите 300-400 долари...yeah right!)

Можно е да зима, немам повлекувано од oDesk пари, но и да зима не верувам дека е многу. А тоа за fee-то од Скрил кон дебитната е толку, 2.80 евра или долари не ме држи за збор, толку е сигурно, порано беше 1.80 евра а сега го качија на 2.80 евра, и после откако ќе си ги повлечеш парите од Скрил кон дебитната (во мојот случај е НЛБ) не ти зимаат ниту денар провизија.
А тоа за данокот не дека е до замарање но пак неможеш да бидеш мирен, доколку те фанат не знам дали знаеш но ти зимаат 70% од трансакцијата која што си ја извршил, точно дека ова е Македонија, и баш оти е Македонија треба да се внимава пошто за пари не ми е чудно и да бркаат луѓе со 50тина долари подигнати без платен данок.
 
Да, толку е, 2.8 евра, односно 4 долари, нели. Иначе и ја сум на НЛБ, и не можам да сфатам од кај ми извадија 11% од сумата... изгледа ќе да е нешто со мојата сметка, треба да си проверам тоа, зашо знам дека и на други не им зимаат ни денар провизија. А иначе, еден тон фаци повлекуваат пари од одеск, кој што праат пари бре! 1000-2000 долари месечно, веќе години уназад, нит пријавиле нит им стигнало нешто. Не е рекла казала муабет, блиски мои луѓе се, ја тазе почнав да повлекувам пари и немам ама баш никаква намера да пријавам. Ако стигне дома за да треба да платам, ондак да, ќе морам да платам, ама се додека не ми стигне... немам намера онака да им дадам пари.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
401
Поени од реакции
244
Не се плаќа данок, Тие пари се заработени надвор од Р.Македонија , надвор од економијата и законите на оваа Чудесна земја , нема ништо поврзано со тука, па да се плаќа данок.
Фрилансерите треба да се соберат и заедно субвенции да барат бидеќи од надвор носат пари дома ,а не некој безвезен данок да плаќаат

П.С Ако пријавиш сигурно дека ќе ти ги земаат данок , ќе ги заверат парите под "Општо" и ќе те оданочат
 
Ако не барем да имаат бесплатен интернет. :ROFLMAO:
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Не се плаќа данок, Тие пари се заработени надвор од Р.Македонија , надвор од економијата и законите на оваа Чудесна земја , нема ништо поврзано со тука, па да се плаќа данок.
Фрилансерите треба да се соберат и заедно субвенции да барат бидеќи од надвор носат пари дома ,а не некој безвезен данок да плаќаат

П.С Ако пријавиш сигурно дека ќе ти ги земаат данок , ќе ги заверат парите под "Општо" и ќе те оданочат
Пак тресете глупости.

Парите се заработени во Македонија, пошто ти седиш и работиш во Македонија, ти имаш сметка во Македонија. Сигурно не треба на Уганда да платиш данок.

Иначе спијте си на тоа уво дека не треба секако дека можете, ама ако некогаш те фатат, 70% од сумата што си ја скрил ќе треба да ја платиш + ќе платиш глоба.
 
Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715
Дали ако со картичка од Payoneer се плаќа на ПОС терминал, не да се вадат пари со неа на АТМ, има провизија? Со картичка на НЛБ на пример ако плаќаш било каде во странство на ПОС нема никаква провизија, дури и се пресметва по среден курс на НБРМ евро-денар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom